Што помош да ти кажеме кога и мајка ти ненајавена оди кај неа, така си го имаат поставено односот. Мајка ти само може да го реши проблемот, како што таа и дозволила да доаѓа ненајавена, така и да и рече да не доаѓа повеќе. Ама ако сака мајка ти. А штом си и кажала веќе, а не те разбира, не ми звучи ко да сака.
Тебе никој не те сакаше едно време, си легна на брашното ко виде како треба, сега нешто многу ниско реплицираш. А не ти ни личи.
Во вашиот дом правилата ги поставувате вие. Не сте должни да примате непосакувани и ненајавени гости и нема зошто да се срамите и да ви биде непријатно да им го кажете тоа. Напротив. Со луѓе без осет се постапува баш така.
Не знам ти кај се прочита. Не зборувам со тебе на темава за да се пронаоѓаш. Слободно отвори и ако сакаш на комшивката со бањарка гола и водена коса и пијте кафе 1 час. Јас би го решила проблемот во 2 реченици пошто е мој дом фала богу, ама може па и интересно е кој покреативно сценарио ќе смисли за да ја избрка комшивката, без да и рече збор. Пробај си.
Јас го имав пишано тоа во првото мислење во темава, од култура ќе ме цитираше. Или реплицирај како што треба или воопшто не се наметнувај во темиве ко да се обраќаш во множина. Ако така некој ти дозволува и е во ред да го толерира ова твое однесување - не значи дека јас ќе ти го толерирам. @Mantub
Најискрено немам појма за што збориш и кога сум ти се обратила тебе. Ама човек кога сака да се пронајде, ќе се пронајде, тоа е
Срц, ти си единствена што скока безпотребно. Ти ако не си напишала за себе дека ти се свиѓа идејата да и излезеш гола на комшивката, немаше што да го правиме муабетов. Идејата со бањарка ја напиша друга членка, и со нејзе е муабетот. Ама пази ти си се пронашла пошто сум употребила множина, не еднина. Множина употребив онака, без размислување и без значење кон тебе. Како може воопшто да има значење кон тебе кога ти не напиша ништо за бањарки? Имај ја оваа храброст со комшиката и нема да имаш воопшто проблеми со ненајавени комшии. Уствари ти не ни имаш проблем, пошто ми доаѓа на врата и ми пика сосила поклон, не е никаков проблем.
Ако не да се разведе според тебе? Како си зимате за право вака да коментирате како на вас се да ви е совршено.
Ние само два пати имаме отидено кај нив. И никад без најава нигде не сме оделе. Нигде не напишав дека и ние одиме без најава!
"На мајка ми и велам да ја избегнува, ама џабе кога таа и ненајавена иде.." На ова мислев. Си и кажала на мајка ти дека ти пречи и таа што ти вели на тоа? На твоите не им пречи комшивкава? Не реагираат?
Мислев на жената дека иде ненајавена. И имам кажано да, и кажавме и на жената дека без најава да не доаѓа но џабе е.
@Mantub ти требаше време да размислиш што да напишиш или се исконсултира? Не знам како имаат разбирање за ваквите членови ко тебе.
Македонци секакви смешки ќе направат, очи ќе превртуваат, ќе фучат, ќе се нервираат, ама гласно да постават граници не знаат. Оти осет за граници немаме во македонија. Од "само нешто да прашам" до пикање до тебе во маркет дури чекаш на каса, ама никој не може да каже јасно и гласно што му смета пошто сите од мали сме учени да ќутиме, да сме културни да им викаме добар ден на сите комшии иако те нервираат до даске И после се доведуваат до ситуација да им се наметнува комшивка и се чудат што треба да се прави. Таков "проблем" се решава во 2 мин, нема што да го мислиш со денови и да премислуваш како да постапиш, ама сите глумат добро воспитани дури и по цена на својот мир во домот. Така да воопшто не ми е чудно дека таквиот коментар е сериозен, баш напротив.
@edna_malecka нема, толку ѝ е. Значи само со тие на кои она им може. Вака гледам нешто слабо бидна работава.
Полека бре, многу се изнервира Ајде дури си нервозна оди кажи и на комшивката што всушност мислиш за нејзе и решен проблем. Ако размислуваш многу може да ти се намали енергијата и утре пак да ти тупне поклон сосила