Ништо викаш м?Ај викам у сред диета има траги-комеди да си направам, ај викам диетални се. Кога на крај завршило све. Работава "Касно стиже Марко на Косово Поље" Едит: Почна пак траги-комедијата.
Нема конкретни аргументи, место да се занимава онаму во +40 она пика нос сегде, само да се замеша. За да ја има де. @edna_malecka
Некоја од вас нека разговара уште еднаш,или двете заедно разговарајте со неа.Пред разговорот,ти поразговарај со мајка ти како да ѝ се обратите.Ако треба,употребете остар тон. Прво,пандемија владее.Не е во ред секој ден да е кај вас. Второ,однесувањето на нејзиното дете исто така не е во ред.Дома нека си зема сок без прашање,на гости не смее.Друго би било ти и мајка ти да му речете да го отвори фрижидерот и да си земе сок. Дали нејзе ќе ѝ се свиѓа ти да си станеш и да ѝ го отвориш фрижидерот без прашање? Камо култура,камо осет? Посочете ѝ ги овие работи.Ако сакате,кажете ѝ дека ова ве вознемирува и дека повеќе нема да ѝ отварате врата. И да ви се налути,да не ви е гајле.
Аман веќе со вакви прашања и совети. Го запознала но не предвидела дека ќе има пандемија и како да се однесуваат тогаш. Сигурно разговарале за случај на природни непогоди, земјотрес, поплава, ама ја утнале пандемијата хаха. Може и мајката си била подруштвена но сега и пречи од ххх причини. Можеби и маж и незнаел дека вака ќе реагира еден ден. И што да направи сега??? Развод или? Што викаш ти?
Какви луѓе без осет има цццц. Па како така детето само отвара по фрижидер леле срамота. Кажете и отворено дека претеруваат, ако се лути нека се лути сигурно и она не би сакала некоја дома цел ден да и седи, да не можеш работа да си завршиш.
Ние ретко примаме гости дома, не сакаме да си нарушуваме ред и мир, ако некој сака на кафе има кафичи, ресторани па нека повели, само за некој прослави и родендени и тоа најблиските. Не сме имале досега проблем со непристојни гости. Јас имав една школска во средно после школо ми се канеше самата да дојде на гости, ми велеше едната ден ај ќе дојдам да го видам папагалчето, ај дојде, дома моите си одмараат уморни од работа, брат ми исто од школо со оврски, добро ај еднаш некако помина, после друга ден пак, пак ми се тупна и третиот пат ја откачив.
Невоспитана мајка, невоспитано дете. Јас мислам да и` кажеш на мајка ти да разговара со неа. Наместо да седи по цел ден на гости и да се жали, нека си најде работа или некоја занимација. Или не и`отворајте врата. Не е во ред да се седи на гости толку многу време. Детето се гледа од кого научило така да се однесува. Јас да бев на твое место, би му рекла на детево дека само во своја куќа може да си отвора фрижидер и да си зема што сака, а во туѓа куќа не.
Мразам ненајавени гости и тоа во недела за време на ручек. Абе како така не знам. Не дека ќе ме осиромашат што ќе изедат нешто, туку тоа ќе е од наше кое е планирано. После тоа како се да е пореметено и ајде спремај друго.
Многу се нервирав кога ќе дојдеше на мајками пријателка и ќе зедеше од нејзиниот телефон и ќе си пушкаше музика, а јас на тв пуштена серија си гледав и нормално од неа неможев да ја гледам,плус си доаѓаше секој ден и се отегнуваше на креветот како дома да е, па и во мојата соба си влегуваше да се огледува на огледало. Ме нервираше страшно. Среќа веќе не доага. И да мразам кога ќе отидам на гости и после ќе речат ајде сега кај тебе сум на ред. Па затоа ли ме викна? Боже мој, кога ќе сум слободна ќе викнам, не живеам сама па кога ќе ми текне да си викам гости.
За Нова Година планирав сами со дм да бидеме, и во 5 до 12 се јави другар му да дошол со девојката. Јас се спремав и ај се согласив ајде нова година е и од почит кон дм и мислам дека беше најлошата одлука што сум ја донела. Седнавме на маса и човекот почна да збори за бивши девојки пред девојка му. Мене ми падна глупо,а верувам и на девојкава па уште кога слушна од него “Бивша ми уште ме сака” и се смее. Ме фати глава од неговата токсична енергија. Сега го избегавам,му реков на дм да си се гледаат надвор,дома нека не ми доаѓа.
Не сум човек што сака да оди по гости, ниту па да ми идат често. Мене гужви по дома ме напнуваат. Знам дека изгледам како дива ама со тие што се гледам може и на кафе т. е можеше пред короната сега нема шанси освен најблиските. Најмногу ме нервира кога некој дома ќе ми влезе со чевли, во ходник имам бела стаза има простор напред кондури да се остават ама неее повеќето ми се шетаат по стаза. Или кога другарка ми го остави син и да трча по станот со кондури Секогаш кога имам ваква случка, по заминувањето јас седнувам на колена и стругам тепих
И мене прво ми беше непријатно да им велам за чевлите и си ги рибав теписите после гости, ама сега ич око не ми трепнува. Мој дом, мои правила. Уште пред да го пречекорат прагот им велам да се слечат.
Ако веруваш мене тие што ми идат дома ме знаат каква сум, затоа што се знаеме со години, и во муабет не да знаат за мене, онака секогаш во разговор си имаме спомнато какви сме,и како за инат да се прави. Мајка ми и свекрва ми ме знаат, и дури на свекор ми свекрвата нон стоп го кара ама јас нему не му ни замерувам затоа што човекот едвај кондури соблака и облака исто и татко ми, ама се нервирам на млади витални луге, што им е смешна мојата постапка, на другарка ми и е смешно што ете таква сум, последно слатко си се изнасмеа и јас ако не реагирав ке го оставеше така син и. Изгледа и ми се налути ама јас не можам така да функционирам со нечисто, ајде деца расфрлаат ама син ми не правел никогаш нечисто па не сакам од дома други да ми внесуваат бактерии.
Како да отрпнам на гости со невоспитани деца? Сѐуште не сме вселени, мајката (крвно сродство на партнерот) изразила желба да го погледне новиот дом - и си го донела детето од 8 години. На детето дома му дозволува да и се качува на глава, да вади ствари од сегде, висачи, фрижидер, да вози ролери дома, да седи на маса со возрасни, да гледа турбофолк клипови на јутуб и пред него да се прави секаков муабет. Спојлер: Претходно.. Еднаш претходно ги префрлав со кола од маркет, детето отвори сладолед пред да се качи, не му се скара, ми го исфлекал седиштето таа си преќутела - видов дури кога ја однесов на перење. Сега мора хемиско за да се извади. Сега дошле да ја видат куќава, исчистена, 90% наместена. Јас не бев таму, му купила пак сладолед по пат од оние како во фишек, го јадел внатре и го оставиле внатре така недојаден! Се растопил и нормално флека. Не сакам да помислам како ќе се справам утре кога би дошле на гости со теписи и мебел. Во право ли сум што се нервирам? Да напоменам му се имам скарано јас на детето дури и кај нив дома да не прави нешто, мајката има 0 авторитет и не се замара. Не сакам пред партнерот да испадне дека не му ја сакам фамилијата ама не можам да го трпам тоа немарно понашање кога си на гости во туѓ дом.
Биди спремна и кога ќе биде се наредено некоја беља да искрсне со детево. Мајкава како што читам око не и трепнува. Ти еве и на детето си му укажала што да не прави, ама џабе испаднало, а и понатамошни расправии со детето не личат на ништо. Дури може да биде преувеличено или претставено дека ти си лошата вештерка, само се расправаш и го малтретираш малово, така да решението е да се разговара и вразуми мајката, ама таа и тебе не те слуша па следно е партнерот да поразговара со неа. Или ако и ова не вроди со плод клуч на врата и со нив дружење некаде на отворено.
Апсолутно од тоа се плашам, зашто ако ми исфлека нов мебел ќе избувнам во моментот. Дружењето ќе биде сведено на минимум јас сум дистанцирана секако, немам други во околината кои не си ги контролираат децата и ова ми е шок искрено од мајка на 40 год. Партнерот ќе му подвикне кога ќе помине граница, ама он е мек на него пошо прво поблиско внуче, ете. Не можам од него да очекувам помош додека не ескалира ситуацијата, а јас не сакам да се случи флека/штета па отпосле да има расправии.