Колку плата зимаш? Оти немаш деца? Каква фарба ставаш? Колку пари ти е кошулата? Нели ти е стара маичкава?(демек и лани ја носеше)
Некој си што го знам 2 дена да ме прашува дали сум невина мислам не сум должна да одговарам на прашања кои се моја лична работа.
Овој тип на прашања се ин на денешницава.Луѓето се толку директни и дрски во своите љубопитни намери што упорно ја поминуваат црвена линија.
Кога ке се мажиш ?Уште не се мажиш?Колку години имаш?таман за мажење .Аман вејке јас не се брзам за мажење незнав тие што се брзат
Сите ли ти се десетки ? Мислам дека не постои подебилно прашање кое може да го добие некој студент од ова. И што ќе му смени некому тој факт, ако ми се сите десетки или не. Многу битна информација, нема што. На ваквите ми иде да им се исмеам во фаца без пардон, затоа што не заслужуваат ништо повеќе.
Леле и мене ми се случи ова И само му реков лечи се со вака фацка И почна да ми се правда ама не не јас се зезав. И на тоа му одговорив, добро, пошо јас најсериозна сум, за твое добро зборам :evil:
Незнам сега не ми текнува маа кога бев основно кога ќе ме прашаат која година сум и тоа често се случуваше ќе си пропаднев во земја -.-
Бидејќи сум ниска, сите си мислат дека сум и малечка и постојано ме прашуваат кое одделение сум. И кога излегувам, ме прашуваат:" Не ли ти е касно тебе?" и ми велат:" Оди си дома".
Кога појдов во прва средно(их ама памтам одамна, љуби ме мајка), ме прашаа: А чија сестричка си ти? На оној големион онде е*аго (инаку личев као за 2-ро одд.). Со вас ќе учам бре Јети!! Има доста, ама надеведени се погоре од останатите членки, да не се повторувам.
Каква фарба користиш? И ќе објаснам дека ми е природно плава косата, ама голем дел од луѓето не ми веруваат и ме напнуваат да им ја кажам фарбата. Се имам расправано за ова со непознати луѓе, мајка на другарки, рандом девојчиња наоколу, дури еднаш и со баба ми (?!)
Пред 4 години работев во една сендвичара. Прво работо место ми беше тоа. Често доаѓаше еден старец, турчин, во близина живеел (така после дешавката ми кажаа). Никогаш не јадеше ништо, само кафе пиеше. Еднаш немаше никој во сендвичарата и јас наоколу си пребришувам маси, си чистам нешто овде-онде и ете ти го старецот, седнува нарачува кафе, му го однесов и ми вика: да те прашам нешто, прашај му велам. Колку ти е тука дневница, ако не е тајна, ме праша, му одговорив и почна да ми раскажува дека сам живеел моментално, жена му и децата биле Германија ли, Швајцарија - незнам која држава, не се сеќавам, не е ни битно. И вели за незнам колку месеци тие ќе се врателе, и ми вика, а сакаш да работиш кај мене? сите ќе знаат дека доаѓаш секој ден за да ми помогнеш, да подзачистиш и зготвиш нешто, дека сум маж и незнам да ги правам тие работи, а и дека бил постар, па наводно демек не можел а му требало помош, а всушност ние ќе сме имале секс и тој ќе ми давал 50 евра дневница, за еден еден час поминат во денот кај него. Јас одма му реков не, а тој инсистира, ама размисли, ми вели. Му викам немам што да размислувам, ми вика ќе дојдам јас пак вечер, можеби ќе се предомислиш. Јас правец в кујна, телефонот в рака и на дечко ми му кажувам. Дојде дечко ми, ама тој си замина, и седеше се додека не затворивме, сакаше да го начека, дека рече ќе дојдел вечер, ама не дојде. Потоа за кратко ја напуштив таа работа, не беше причината старецот, меѓута од тогаш не го видов повеќе.
Колку сексуални партери си имала? Да знаев и јас лесно ќе беше и да им одговорам Се шала, но навистина е непристојно некој толку длабоко да навлегува во твојата интима. Инаку помладиве се многу побезобразни од постарите мажи па си земаат за право уште на самиот почеток да навлегуваат во некои интимни детали. Морам да забележам дека се многу појаки на збор посебно по телефон отколку во живо.
Едно девојче. порано се дружевме ми вика - Татко ти колкава плата зима? - Не знам, - и викам - Ај, ако можеш прашај го и кажи ми, ме интересира
Затоа што се омажив многу скоро, а и јас и мм имаме по 24 години најчесто прашање: Бремена ли си ? Додека бев на факултет: Уште колку имаш за полагање? - А јас сите положени, и тоа лице после мојот одговор да си си се изнасмееш.
Зашто немаш деца уште ? А како се пазите со маж ти ? Значи овие две прашањааа како ме нервираат уфффф
Исто и мене. што има една досада што работи во малската продавница, секој 2-3 ден ме прашува уште колку и прашува за полот. Ај да е стара да разберам, ама не е.