Лани полагавме со колешката и дојде една и не прашува "а вие паднавте" целата насмеана до уши. Дефинитивно колешкава ми е забегана и и вели "не, си плативме за оцена" и таа виде невиде си замина. Па незнам што е битно и важно кој положил, кој дипломирал итн.
Ме нaпнувaaт сo прaшaњетo Кoгa ќе се oмaжиш,пoбaрaј гo ти негo. Зaтoa штo сме oдиле пoвеќе време. Гoлемa рaбoтa.
Работев во маркет некој си две ипол години и кога ке ме прашаа муштериите а имаше и постари и помлади Дечко кај ти се јајцата ме ставаа во мат позиција на постарите секако не им се потсмевав пошто до некаде и ги разбирам ама на помладиве сум се газел од смеење во себе.
И јас од такви причини селектирам кого ќе прифатам на фб. Еднаш еден дечко од Тетово почнавме муабет, а не го знам и ми кажува отворено дека сака да дојде се знае за што да се видиме. Јас се обидувам да му објаснам дека не седам на фб за да барам некој и не практикувам да се гледам со луѓе кои ми се пријатели на фб, а не ги знам и тој се повлече ми вели „Добро, добро, во ред, ти така ги сфаќаш работите“. Демек нормално е да се договараш да се видиш со некој за секс, а преку фб да договориш. Ај што го прифатив, ај што се тудев фина да бидам, па и проста ме направи со тоа „добро, ти така ги сфаќаш работите“.
До бебе со кај сте ? Работите ли на случајот ? Што чекате ајде времто ви минува ? Кога свадба? Прашања кои ми се секојдневие ,коса ми се крева кога некој ќе ме праша ама јас пак на сите им одговарам: Здравје ,има време
Бев седмо одделение и ми дојде менструација,па морав да си одам.И кажав на дежурната која е причината и си заминав.Наредниот ден на школо еден школски ми вика:Си замина ли дека ти потекло крв од п...? И тоа пред сите.Не знам кој е понекултурен,таа што кажала на цел клас или овој?
ме имаaт прашано дали имам пари да си купам BMW .................................. девојка ме има прашано
Пред некој ден бев излезена со другарки, а со нас беше дечкото од една другарка и негови другари..Првпат ги гледам и почнавме да зборуваме нешто за мене и мојот дечко..И едниов ме прашува "А се ебеш со него?" Оф....
Дали си имала секс претходно? Ова е врв прашање. Браво момци само напред. Секој што ќе ми го постави ова прашање автоматски го отпишувам.
20тина луге ме имаат прашано дали градите ми се природни или силиконски :О па дури имало случаи каде што не ми верувале дека ми се природни… Го положи испитот/колоквиумот? По непристојно прашање нема.. Кој број на градник носиш? Пред некој месец ме срекава професор од средно… Беше зимо..На мене имав облечено две блузи и дебела јакна..Ми вика си се поправила… Леле :О не ми се веруеше дека професор тоа го рече :О ептен беше непристојно..Друго ептен непристојно прашање од страна на мажи… Колгу години имаш ?Треба да сватат дека женско за години не се прашува(некултура)
Мислам дека беше лани одам нашколо и имам еден низок наставник по историја до носот ми е ама нема врска и сега јас му велам добро утро и си гледав нешто на телефонов и ми се доближува и ми вели со дечкото а. И јас од инает му велам да сакате да го поздравам од вас
Ајде кога ќе се мажиш, време ти е ??? / Време ти е да родиш, бебе да имаш? Порано многу се нервирав бидејќи се нервираа моите, но научив да им враќам со иста мера....... Ве молам, гледајте си дома како ви е, не ми го режирајгте мене животов
Од еден школски од средно со кој што заедно учевме често добивав едно исто прашање - Кога ќе се плеснеме??? Врвот беше додека имавме час по историја и овој кога ми го постави прашањето на цел глас. Среќа што професорка не го слушна. Ми идеше да станам и да го треснам убаво. Многу не заебаваа заради тоа. Еден друг школски ме прашува - Се е*еш со него??? Јас го гледам и му се чудам на паметот.
Ме изнасмеа. Не знам како се воздржав да не му ја плеснам една на првиот школски. Требаше и вториот да го плеснам. Највеќе се изнервирав кога овој првиот ме плесна за газ, а тоа се случи пред машки од класот. Женските не беа внатре. Имавме мал одмор. Толку силно ме плесна и цело време имав чувство дека раката негова ми остана на газот. На останатите машки им беше убаво од глетката. Тогаш не ни помислував дека учам со напалени машки. Хахах.
1. Koj e vinoven za razvodot? 2. Kolku plata zemas? Za ovie dve prasanja teram u majcinata,pa koj i da e toj sto gi postavil
Во принцип премногу некултурна нација сме. Често знаеме да си прашуваме глупости. Ај прашањето некако ќе го сварам, ќе одговорам дрско или само со да или не, ама па кога ќе продолжат да зборат на истата тема, па демек те тешат, или ти одговараш, а тие одма доказ дека одговорот не е точен, па те преубедуваат, ама сето тоа исфилувано као демек еве се грижат за тебе, а всушност сакаат само што повеќе да дознаат. Мене ми е непријатно и кога пред мене на некоја трета личност ќе и' постават непристојно, интимно прашање, не знам како да реагирам. Најчесто ме прашуваат каде работат моите. Што толку ги интересира тоа, до ден, денешен не можам да си одговорам. И веќе почнуваат да ми сметаат прашања од типот кога ќе се мажиш. Не ми смета толку самото прашање, туку тоа што иде по него. Демек не сакаш да се мажиш, ама чекај сега јас да те просветлам. Па уз тоа иде, па ајде таман млади деца да си исчувате, млади родители да бидете, ееее па еве Стојна како си се омажи, еве и детенце на пат, што убаво им е... БЛА, БЛА, БЛА, БЛА, БЛА, БЛА, БЛА..... Како да им објасниш дека нас брак и дете не ни се моментален план? Како да им објасниш дека имаме многу повисоки цели во моментов? Не се ни трудам да објаснам зашто таквите немаат интелигенција да сфатат, зашто ако имале интелигенција немало ни да помисли да ме прашува такво нешто. Ми кажува за Стојна, Петкана и Митра, а тие дома дремат без работа, едни гаќи си немаат купено со свои пари (буквално), уште мама и' праќа пари за да му купи памперс на детето и за сметки, а спие на спалната што им ја дале поклон на свекрва и' и свекор и' за свадбата пред 25 години. И тие ми ги дава за пример. Така требало и јас да правам. Што не е во ред со луѓево? А да, ми сметаат прашања од типот. А зошто нејадеш тоа?!?!?!?!?!? Не пиеш кафе?!?!?!?!?!? Не пиеш сокови?!?!?!?! Чај во сред лето?!?!?!?!?!? Зошто вежбаш?! Ти вежбаш?!?!?!?!?!? Па ти не си дебела. Абе дете, батали тоа, уживај, јади, пиј... И секако тука следува: ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ. Гледајте си го животот. И прифатете дека некои луѓе, некои работи ги прават поразлично од другите.