Јас па мислам отрпнав веќе на овие глупиве прашања за мажачки, деца и сл. Просто нема ден да не ‘рчне некој, мислам ако на сите им се замарам крај нема да има. Одјебувам со неколку збора во стилот „глеј си работа“ и не им се расправам и докажувам. Исто како интернет тролови што не треба да се хранат со внимание, така и овие радозналиве. Ако не им одвраќаш на глупиот муабет, пополека ќе си свиткаат опаш и ќе заќутат. Инаку нешто што крајно ме нервира, а и доста често ми се случува во последно време е таа радозналост за тоа што некој носи во ќесата. Не ретко и дур иде прашањето „Што носиш во ќесава?“ си пружа и рака да подотвори, па уште во истиот момент да си го задоволи сељачкиот нагон. Стварно не знам што ќар од таа информација и од каде таа дрскост да си буричкаш кај ти текне
Некои од прашањава се океј за блиски пријателки. Ама кога непознат ќе ме праша: Колку плата зимаш? Убаво ли ти е на работа? Или било кое прашање од сексуална област. Ај гонете се у пм Нашиов менталитет е таков што луѓево сакаат да знаат се за другиот, за ако не му иде добро во животот да се ситат. Околу новогодишниве празници на еден од базарите за рачна изработка, додека јас си разгледував една жена ја праша девојката која продаваше колку нејзе ја чини материјалот за парче накит мислам дека беше. Девојкава се фати во небрано. Еве до каде оди непристојноста кај нас. Значи некој се потрудил да изработи нешто убаво и истото да го продава со цел да заработи пари, и се наоѓа некоја идиотка како горенаведената да и го скрши филмот. Што им е целта, не знам? Што сакаат да добијат луѓево со чепкање на туѓа интимност?
Eптен точно. Потполно исто. Мене примери такви ми даваат. Жени што јадат ќотек од мажи и немаат за гаќи како што кажа ми ги кажуваат како пример за среќен брак. На сите страни луѓе што поставуваат глупави прашања.
Си имам една сваќа кога и да се видиме редовно ме прашува "ајде тебе нели те мажиме" Друго, летото претерав со нездравата храна па видно се поправив и доста често луѓе што ме знаат не внимаваат пред кого и на кој начин ќе ми речат "многу си се поправила" и сето тоа со насмевка на лицето. Подалечни роднини што ретко ги гледам кога ќе ме распрашуваат дали имам дечко, од каде е, што работи, па за неговите, па за роднини, мислам Луѓето доста често ме прашуваат и која вера сум или дали сум невина. Исто и маалскиот продавач кога ќе ме праша моите нели сум ги правела баба и дедо, а одговорот ми е секогаш па млади се тие за да бидат баба и дедо.
Како може таква девојка да нема дечко?! -Епа поради такви како тебе, е*ате Имаш ли односи со дечкото? Силиконски ли ти се усните? Колку плата земаш? има уште ама не ми текнува моментално...
Скоро добив едно прашање: Дали пушиш??? Му реков: Смири си ги хормоните и си отидов. Еднаш па јадев сладолед и јас загледана во телефонот бавно го јадам и еден со мене што беше ми вика гледам бавно јадеш сладолед сигурно и бавно се муваш. Му реков алал да ти е како ги поврза работите, се разбира брзо после тоа си отидов. И еднаш па еден одма на прв состанок ајде да одиме на Водно и тоа дури почна со колата да вози на тој правец, кога сум викнала враќај се назад!!! Машкиве денес имаат НУЛА култура. Прости се како трактори.
Ме видоа едни стари познаници и веднаш со тие муабети "Ајде кога ќе се мажиш, време ти е..." " Ајде старо моме ќе си останиш..." Аман веќе.
Колкав му е на дечко ти .... - братучеда ми, најрадозналата од радозналите. Ме запрепасти, а јас со најсериозната фаца на светот и кажав дека е глупача
za 1 - ke smislam odgovor za 2 - znaes jas shto im vikam ) gi umiram i secham v koren...... da be lesno ti e tebe, zemas 20 000 - i jas, aaaa ne bre, koj te izlazhal, nikogas ne sum ispod 31 000 ......i jazik do zemja ))) abe od inaet gi lazham, zs me nerviraat a na 1 - treba da si bezobrazna i da im reces, takvite ko tebe so dolg jazik
Најнепристојно прашање е она прашање што му ја нарушува приватноста на лицето . На пр Колку плата земаш ? Дали имаш дечко ? Зошто раскина брачедати со дечкото што идеа 10 години ? Како ти е со свекрвата ? Брачниот живот каков ти е ? Кој ја плака сметката за струја дома ти ? За кого гласаше ? И слични глупи непристојни прашања што стварно потврдува дека сме невоспитана и некултурна нација !
Хаахахахх , лелее Бог да чува еј Без осет Што очекуваат да им кажеме? Кога ,каде и во колку саат имаме секс и во која поза сме?