- Зошто не ја шишаш косата? - Зошто ја шишаш косата? - Па немаш влакна таму, зошто се депилираш? - Зошто не си вработена, и од кај ти се париве? - Зошто се дружиш со (име на другар, другарка)? - До кај си со факсот, дипломираше? ... (Да не те боли кур) одговарам на сите прашања.
Бев да си ја подигнам личната карта од МТВ и поминувам од кај паркингот за да одам накај влезот, закопчана до гуша,натофтана цела,зима беше и еден ми вика девојче колку ти е цената?
Колку ти е платата? Колку години сте разлика и дали си ти по стара од него -На нашиов народ уште им е многу чудно кога жената е по стара од мажот Од толку бели луѓе на светов зошто баш црн одбра - на безобразно прашање давам безобразен одговор: Затоа што има голем
Ништо не ми пречи толку, колку прашањево: Кога ќе се мажиш, ајде, јас на твои години деца имав?! И ок, сега...дали треба јас да го запросам дечко ми? (Затоа што на некој му е поважно јас кога ќе се мажам) и си мислиш па кој знае колку е лесно тоа, ајде важно омажи се, каде ќе се најдеш што е важно, дали ќе ти се погодат добри/лоши луѓе, дали ќе се согласуваш со неговата фамилија и уште 300 раб? ама нееее и најлошите на свет да се и да те малтретираат , важно си се омажила де хеххе...
Уште ли не си се омажила? Уште ли не те побарал за жена? Каде ќе живеете,сигурно не планираш со свекрва да живееш?Има ли доволно пари за да си купите стан?Што работи дечкото?Мажи се побрзо.кога планираш да раѓаш? Што ќе пазаруваш можеби веридба ќе правиш?а не ма веза. Зошто си нервозна дечкото да не те нервира? и се тие муабети и слични од една особа што со сила сака да ми се прави блиска,и секој ден истите прашања и најјакото вика Зошто кога ќе те прашам за дечко ти не се радуваш кога одговараш,ако ти е убаво со него треба да си среќна кога ќе те прашам,убаво ли ти е со него?Трудна да не си? Господи помилуј подосадна жена нема,изгледа очекува да почнам да се жалам дека не сум среќна,не ми е убаво за она да ми дели совети и да се сити,како само јас да имам дечко на овој свет па така сум и интересна,неможам да ја поднесам.
Istive prasanja najmnogu mene me prasuvat i uste ova sto najmnogu me nervira ti jades li nesto vide se kakva si anoreksicna ke stanes
Кога ќе те мажиме тебе? (Овој муабет обично е од роднини, на куќна слава) Колку земаш ако не е тајна? - Да, тајна е за сите со кои имам едно здраво и пријатно - сега и засекогаш. Кога сме кај куќниве слави, внук ми беше на гости, јас излегувам од веце и пред маса од 20 луѓе онака најнормално ми вели: Тета,какаше ти сега? И се смеат сите а тебе образите жар.-Не, прозорецот го затворав.
Една година отидов на одмор и една “пријателка” се уби од прашување каде сме биле сместени, во кој хотел и колку сме плаќале, ко мислиш она ми го плаќа одморот. Инака испрашување до детали. После една слична на првава, ме испрашуваше дали станот е наш или плаќаме кирија, кој што работи од фамилијата и такви слични прашања, поврзани со материјалната страна, не знам што и’ беше филмот.
Зошто немаш дечко? Кога свадба? Зошто несакаш да имаш деца? Зошто толку многу пребираш во изборот на партнер? Колку плата земаш? Зошто ретко излегуваш?
Како реагираа блиските кога разбраа колку години сте разлика со маж ти? -Се фасцинираа. -Бликаа од радост. -Се уште не сум им кажала колку сме разлика. Моите одговори
-Уште колку испити ти останаа до крај? -Зошто се дружиш со "нив"? -Кај беше вчера што се врати толку касно? -Млада си зоште не облечеш некое потесно фустанче се широко носиш? И за на крај комшивката ја прашува мајка ми: Леле реновирате дома ајде аирлија Ани да не се мажи? (Омг а ние само кречевме и се имавме разместено)...
Последно што ме прашаа : - А зошто не направите трето дете ? Мојот одговор : - А зошто вие не ни плаќате за овие две што ги имаме , а третото ќе си го издржуваме ние ?