Ужасно ме нервираат прашања од типот Како се запознавте?А како се најдовте?Лелеее не ти е тешко на далечина?А колку се гледате? И како ви е? Значи моментално ми се спојуваат жички и за мене тоа се непристојни прашања кои не заслужуваат одговор.
најнеприсотјно како тие со де4кото,затеравте а колку одите абе со к.. ве боли за мене цццц малограјџанство
eден дедо во секоја прилика ме прашува кога ке се мажам?и да не заборавам да го частам пиво на свадбата и ми вели ајде време ти е веке,што чекаш.Толку ме напиња што незгодно ми станува,а јас дечко немам па до мажачка ми е дојдено
Од 90 посто од луѓето што ги знам, плус еден куп непознати луѓе на улица: - Косата фарбана ти е? Каква фарба користиш? - Не, природно ми е плава. - Како не бееее! Значи секогаш истиот муабет, а најсериозно ми е таква косата природно, не сфаќам зошто би лажела
Кога ќе се мажам некои такви глупости има многу безосетници од луѓе што се и сешто си прашуваат без проблем имав еден предлог стварно непристоен беше и дечкото беше многу упорен тоа беше на фб прво сакаше да спие со мене па потоа добив понуда за брак од истиот секакви има.
колкава плата имаш ? И оние тип на прашања кога ке кажат -не сакам да бидам погрешно сватен и ке тупнат и што треба и нетреба ,не секој треба да си дозволува се да праша а одговор ке си добие кога тогаш. Не си со истото девојче? (очигледно не сум ) а ЗОШТО ? -(зини да ти кажам )
На еден познаник му реков дека барам уште една раб со скратено работно време, бидејки има многу широк круг на пријатели , да ме извести ако има нешто одговорот негов -каква работа, зашто имало и работи од по пола саат до саат, и он бил заинтересиран, што мислам јас.
За мене е многу глупо кога на мене или на друга девојка ќе и кажат “кога ќе се мажиш“ и слично. Тоа е прашање без одговор, а и ако планирам скоро да се мажам, па нема да кажам на некоја што ја гледам еднаш месечно, не сум блиска.Ма не само на тие со 25 и на помлади им го поставуваат истото прашање и оценуваат дали си млада, дали ти е време и така.
И за плата многу прашуваат. На кој сакам кажувам, на кој не , не. ама и да им кажеш, јас сум имала другарка, за неа бидејќи беше љубоморна и 20.000 ден со 6 саати работни, 20 дена во неделата малку беа. Ама јас не се грижам, тоа се исфрустрирани луѓе.
Иако сум многу мала,уште во основно ќе се зачудите.Еднаш со другарка ми одевме накај нејзината куќа и едни момчиња,така два тројца поминуваат покрај нас и ни викаат "Ауу,како би ве скинал еј" (и таква фаца :geek: Леле кога сме почнале да трчаме...Бог да чува
Чекам ред за пензијата од татко ми( кој е починат ) и еден дедо што зад мене прв пат очи му гледам и ми вика: -Девојче ред чекаш за пензија нели? Јас:Да Дедото: Хе хе нели си мала за пензија,а на кој е таа пензија? Јас да де бидам од прва вулгарна) Моја од татко ми ја зимам. Дедото се туфка лево десно, се приближува поблиску до мене)А да те прашам колку пари зимааш ? Јасми пука филмот) Па шо ти е уствари тебе гајле колку зимам пари, не е културно да се прашуват тие работи И така си се заврте засрамен на друга страна и полку ништо повеќе не ме праша. Инаку и за плата не се прашува, претходно што имам работено , дали оти бев најмала во таа фирма сите ме прашуваа колку ти е платата? И тактички да не се расправам секогаш сум викала секој месец различно и некако замотам. Ниту ме интересира некој колку плата зима,ниту сум прашувала, ниту сакам да ме прашуват
Колкава плата земаш? (Оние кои не кажуваат за себе, и со кои одвај се гледам прашуваат ) Кога ќе се мажиш? (А, нивните деца направиле по 35 години и сеуште се сингл) Кога деца, ајде дома ви сакаат внуци...? (Тие знаат кога јас сум спремна за да раѓам деца, а немам ни дечко ) Многу си слаба, да не си болна, се храниш ти со нешто? (Јас отсекогаш сум слаба, а секогаш истото ме прашуваат. )
Глупави луѓе има колку сакате. Пред некој ден ми пишува на фб девојка која е моја генерација, ама се омажила после средно, има деца и од село не зилегла нели. И сега ми вика - што стана со тој дечко што ми кажуваше во Србија?Викам ништо, тој таму, јас овде, овде ми е се., Ми вика - епа може да го решите проблемот да си отидеш таму. Абе јас не ни мислам за таква опција. Човекот сум излегла со него,фин си е, убав, ама тоа не значи дека ќе ме зема за жена или јас него за маж. Некој со кој сум излегла неколку пати и ооппп ќе се летнам на 400 км од овде да се мажам. Ај за тој и бидна јасно, ми вика - а со претходниот што направи. Абе јас со него нити се гледам ниту ми е гајле, таа ме распрашува. И си викам со вакви веќе муабет не почнувам.