Многу внимавам да не ми се вкрсти патот со маалските постари алапачи. Еднаш една ме „начека“ на улица и ме (ис)прашува: Алапачата: значи брат ти во Америка се ожени? Јас: да,да, се ожени.. Алапачата: со Американка? Јас: да,да , со Американка, имаат и детенце.. Алапачата: а детето негово е? Останав со подзината уста која сакаше да каже: WHAT THE FUCK WAS THIS??!!
Имав неколку такви прашања,но не им придавам значење,ги игнорирам. Овоа од вчера,од еден познајник со кој се имаме мувано. 'Би сакала ли јас да ти бидам прв'?(а јас веќе си имам дечко) Кретен еден!
А татко ти колку плата зима? Сигурно зима 25-30000.. или повеќе? (Од свекрва и на другарка ми ). Еден едно време ме замараше на фб, и еднаш ми вика: Сега, кога ќе излеземе за да ти се пуштам?
Еден кретен,значи ниту се дружев со него ниту го знаев толку добро,не ми беше близок,туку како од пушка ми вели:невина си ? Ѓубре безобразно,се прашува ли тоа прашање бе ретард низаеден
Иначе може има и некое друго ама сеа виа ми текнуват....Баба ми инсистираше да се запознаам со едно комшиче,а девојчево 11 год...И шо се вика девојчево запна како се вика мајка ти? кај живееш? Како се вика чичко ти? Другарките,баби те,дедовците затераа детево....И после вика а имаш дечко и јас не(кај бе на 14 ) и и викам мала сум...Она да бе мала си мојта мајка си фанала на 11,ти лажеш имаш ама не сакаш да кажеш.. И не сакаше да си оди...у 4 ќе се нацрта и до осум,девет кај мене(а пред 3 дена се запознавме шо се вика)
Еден што се допишував на фб, што не го ни познавав од нигде никаде ме праша: ''Бричена си долу,влажна ти е". Стока една, го избришав без размислување и блокнав.
Најнепристојно прашање е "Колку плата зимаш?" - Зини да ти кажам! ( Колку плата земам јас, мајка ми, татко ми .... ) А дечко ти на која дата зема плата??? - WTF Трудна си??? - Не сум трудна, дебела сум А ова е најзапрепастувачкото прашање што го имам добиено и тоа од не толку блиски луѓе, бевме 5 девојки во просторијата од кои 2пријателки, 1 познаничка и 1 другарка и ме прашува пријателката: "Колкав му е на дечко ти ???И на кој му е поголем, на сегашниот или на бившиот???" .... Останав со подотворена уста, не знаев што да одговорам, се осетив ..... Ским ја ваздух делим...
Во полна соба луѓе, едно детенце од 6-7години ме праша пред сите-Дали имаш к*ре? Срам ме фати мене, какво е тоа прашање. Не е до детето, до родителите е
За мене секое прашање кое не треба да има *сила* да го праша, ми е непристојно. Честопати луѓето си го пикаат носот каде не треба и сака се да дознаат.
Прашања од постарите АПАЛАЧИ (ко што ги вика едно мое мало комшиче 1.Кога второ дете ? АААА штом до сега не си родила, ти нема шанси второ да родиш 2.И дедо ти почина а? Сега со имотот што ќе правите? (ова со имотов не баре е мој или пак ме интересира) 3. Мајка и и татко и на снаата, како се викаат? (уште извод од родени да им залепам) 4. Вчера те видов (таму и таму) што правеше? ете мораше да редактирам сега пошто одамна имам второ дете, ми следува прашање: 1.На трето да не одиш?
Прашања кои деновиве ме вадат од такт, Кога бебе? Што чекате? Се пазите ли? Не чекајте! Имам одговор ама ај од пуста култура не одговарам
Нема нешто што повеќе ме нервира од овие прашања, пред мене ги имаат поставувано многу личности на други. Поинтимно од ова мислам дека нема ништо на светов. За такви не треба воопшто да ќутиш. На културен начин кажи си што има да си кажеш, па нека мрмори после цел ден. Леле со какви луѓе јас живеам. Дали се пазите бе.. Дали се пазите... Не ми се верува што се осмелуваат да прашаат. Треба да им речеш, па не знам, маж ми вика дека не се пазиме ама мене нешто не ми е сигурно, па ни треба мислење од трето лице одма на лице место, сакаш да дојдеш да видиш..? Сељанки. Мизерија.
Покрај секојдневните простатилаци од манијаци од типот Сакаш да се д****е? и слично многу ми е грдо кога некој ке ме праша Колку плата земаш?? А татко ти?? А мајка ти????
А мене најглупо ми е кога некој ќе ме праша до каде си со факултетот, имаш ли испити останати од лани, ќе запишеш ли година ццццц абе
-Кога второ дете? Всушност ова секогаш доаѓа во форма на наредба: Ајде сега второ да имате! Па ако нешто почнеш фаци да сложуваш, следуваат понатаму упатства, инструкции и совети, додека не ти преседне Па потоа преминуваат на следно ниво: -работиш? (па кога одговориш со да, следуваат прашања понатаму) - каде работиш( па кога кажеш каде, следува прашање) - а има ли пари? и така во недоглед... Веќе ја знам напамет процедурата... И така, веќе навикнав, џабе се нервирам