Конечно нешто квалитетно! Актери, актерска игра, режија, сценографија, слика, музика, сценарио... Се` е на едно високо ниво! Можеби звучам пристрасно, но верувајте ми - не е така. Всушност, погледнете па и самите (сигурен сум) дека ќе го делите моето мислење. Инаку, се работи се за нова телевизиска серија чија прва сезона е составена од 8 епизоди, а секоја од нив трае околу 50 минути до 1 час. Режијата е на познатиот Ryan Murphy (режисер на познатите ''American Horror Story'' , ''Scream Queens'', ''Glee''...), за FX TV. Насловот на серијата е ''FEUD'' со поднаслов ''Bette and Joan''. Центар на приказната се познатите, легендарни актерки Bette Davis и Joan Crawford и нивното големо ривалство за време и после снимањето на нивниот единствен заеднички филм, хоророт ''What Ever Happened to Baby Jane?''. Во главните улоги ги гледаме прекрасните, извонредните Jessica Lange и Susan Sarandon, кои СОВРШЕНО ги портретираат ликовите на холивудските актерки. Лично јас ја обожавам Joan Crawford. Од скоро започнав да истражувам за нејзиниот живот и сум во план да погледнам дел од нејзините најпознати филмови, зашто неверојатно ме импресионира нејзиниот лик и дело, едноставно ме плени! За неа слушнав одаааааамна, кога го гледав филмот „Mommie Dearest“ кој ми стои во ТОП 5 најубавите филмови во мојот живот. Да не излегувам од темата, ПРЕПОРАЧУВАМ да ја погледнете пилот-епизодата и ВЕДНАШ ќе се навлечете, сто посто ви кажувам! Сега, додека пишувам, дознавам дека оваа сезона (број 1) ќе биде прва и послена за оваа приказна. Следната епизода на „FEUD“ ќе била посветена на принцезата Дајана и принцот Чарлс. Ова значи дека обавезно ќе продолжам да ја гледам серијата, сигурен за нејзиниот квалитет, а, првата сезона, несомнено, ќе ја гледам уште (најмалку) еднаш! =)
Од мене има палче нагоре. Ја меркав од поодамна, ама откако ме убеди другар ми, вчера (конечно) и' дојде редот. Посебно ми се допаѓа тоа што како теми на дискусија ги отвораат прашањата за сексизмот и мизогинијата. Мило ми е што режисерот си остана доследен на себе во поглед на кастингот. Сега сфаќам зошто всушност престанав да ја гледам american horror story и колку Џесика фали во неа. Сузан - одлична, ама прекрасна. Ликовите се многу добро разработени и покрај малкуте епизоди, особено ликот на Џоан - (при)кажани сите трауми кои ги влечи од тешкото детство, ouch. А, за тоа колку сцените се погодени и направени до совршенство, ќе оставам видеото да зборува.