1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Непријатни израстоци, тртки или брадавици

Дискусија во 'Тело' започната од bluberry, 15 ноември 2010.

  1. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Како со овој проблем девојки?
    Што е лекот за ова?
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    Јас имав на лактот, нешто како тртка беше , ја горев со течен азот во Јане Сандански и ми се повлече.
     
  3. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    Моите родители, и двајцата имаат тртки на главата малку над вратот значи, назад. И маж ми на истото место има. Досега не превзеле ништо. А навистина ме интересира некој природен лек за вакви работи...
     
    На EdnaDevojka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    И јас имам на грбот,и тоа ми се појави летото.Не знам дали е од сонцето или .....Многу е грозно,не сакам да ми стои таму :envy:
     
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.534
    Пол:
    Женски
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    Викаат дека со млеко од смоква, нели кога ќе ја скинете тече бело. Епа со тоа ја мачкате брадавицата и ја гори. Ама треба упорност.
     
    На N1ky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    Искрено јас не ви препорачувам "бабини деветини" во врска со овие работи. Секој израсток си е приказна за себе, значи некои можат со течен азот да се третираат, а кај некои мора хируршки. Сепак во било кој случај Клиника за Дерматовенерологија, дефинитивно. Иначе можете поголем проблем да си направите.
     
    На christina му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    A дали некој знае цена за хируршко отстранување на лузна-израсток? одприлика
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    хахахахааххаха насловот е :rock: :rofl: се пресмеав!!!! е вака баба ми и мајка ми памтам правеа,земаа една течност од дрво од смоква, нели пушта едно бело како млеко личи :?: не знам колку сте го заприметиле? е, со тоа ќе се мачкате, и знам дека паѓаат, барем на нив им паднаа, и немаа проблеми! тоа демек ги гори и суши, и сами по себе паѓаат! е сега, кој сака нека проба :)
     
  9. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    Ако си од ск, прашај си на пластична хирургија точно ќе ти кажат. Ама сепак зависи од големината на лузната, каква е и каде е локализирана. Ама мислам дека не е многу на клиника, приватните каде-каде се поскапи.
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    10.000-12.000 денари... другарка ми одстрануваше израсток, 10.000 денари плати... ама тој израсток сега и се има појавено, значи не и е од раѓање, така да...ако е лузна-израсток значи не ти е ни тебе од раѓање... оди на хирургија прашај најубаво :)
     
  11. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    лудо толку скапо ли плати?
    мајка ми летово хируршки отстрани една, ама мислам дека помалку и наплатија, ама сепак беше во државна болница, појде кај докторката и побара упат и појде во хирургија, саат работа и одма дома се врати :)
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    не јас, другарка ми, ама она сега кај беше, да ме истепате не ми текнува, мислам кај анчевски... па ја лепеа за лузна да нема! позади увото, кај жлездата, тртка ко бубуличка и излезе, ама внатрешна, ја отвараа нејзе :worried: па ја лепеа после....
     
  13. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    И јас мислам дека за толку мал зафат земаат 12000. Јас би рекла дека одприлика на клиника би било до 100е максимум и тоа на приватно. За силикони на клиника земаат 400е што е комплицирна постапка, затоа според тоа не вервам дека би било повеќе од 100е.
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.288
    Пол:
    Женски
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    Мене ми излегуваа тртки на рацете и прво ги горев со нешто сива течност татко ми ја беше земал од аптека ама не ми поминаа и после баба ми ми кажа да извадам едно коренче нели они имаат такви кога ептен ќе пораснат „созреат“ и кога ќе истече крв да ставам лимонтус и така направив и ми помина.После ми излезе друга и ми стоеше долго време и сама помина веќе ја немам :D така да може ова да го пробате, а може и сами ќе поминат :) А една моја школска беше да и ги горат во ординација и многу плати а сега има белези жолти такви грозни :puke: :worried:
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    На брат ми порано многу му излегуваа по рацете. Ептен ги имаше. Пробуваше секако, одеше по доктори, на кожно, ваква маст, таква маст... ништо не му помогна. Еднаш и на кушање отиде... :lol: Можда е смешно и јас не верувам во овие работи, но после кушањето (после тоа не отиде повеќе на лекар) не му се имаат појавено :?:
     
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    ^^^
    Исти беше случајот со сестра ми и брат ми. Им се појавија брадавици, на рацето и по некоја и на лице. Одеа на кожни лекари, им даваа масти, креми што се не.
    И еден ден ги однесе тетка ми на кушање кај баба, и им се снемаа брадавиците. :) И оттогаш не им се ни појавија пак.
     
  17. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    Брадавици до сега ми се немаат појавено (да не се подречам :) ) но затоа имам извадено бемка од рамото. Во принцип не сакам бемки и не сум бемкава, но оваа премногу ја мразев од дете, и затоа стално носев ролки или затворени маички, а за на плажа ставав фластер врз неа :fubar:
    Мајка ми ме однесе тука во Аеродром, кај железничка во една зграда, двајца доктори приватно - вадеа такви глупости од кожата... (Незнам дали уште работат, прва година средно бев тогаш.)
    Ме намачка со некоја течност, не болеше воопшто, и земаа на мајка ми 500 денари и за 3 дена бемката се исуши и ми падна сама :?: :)
     
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.457
    Допаѓања:
    22.784
    Пол:
    Женски
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    Еве и јас за мене да си кажам, пред едно 2-3 години ми излезе една огромна брадавица и тоа на ногата баш под палецот, бајаги време се мачев со неа, не можев обувки да обујам од што ме болеше, абе маки... :worried:
    И еднаш дечко ми ми рече ај спреми се, ќе те носам кај една жена, таа бае од вакви работи, викам ајде ќе дојдам кога веќе ептен се мачам, што и да е ќе пробам да направам за да ми помине...
    По таа работа, ми помина за околу еден месец и конечно можев да одам како што треба и да обујам што сакам на нозете.. :)
     
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    Јас како мала имав брадавици на палците на рацете.И по доктори,смокви мастови 300 чуда и на крај ме однесе баба ми на турски гроишта и ми ги триеше од таму и ми поминаа.И до сега ми се немаат појавено :D
     
  20. frutini

    frutini Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    252
    Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем!

    Јас исто до пред скоро имав проблем со брадавици, ми се појавија на палците (2-3) :/, и мн ме нервираа. Летово, бидејќи имаме смоква во дворот, често берев од смоквите, а и татко ми ме тераше да мачкам од млекото од смоквите на палците. И така од нигде никаде ми изчезнаа. Не ни приметив кога изчезнаа, само ги снема! Сега сум си пресреќна што немам такви проблеми :) Обавезно пробајте со млеко од смоква, и јас воопшто не верував, дури и се смеев дека нема теоретски шанси тоа да помогне. Но ете добро е што послушав !!