Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем! Океј се одлучив на отстранување на лузната, само како да започнам и од каде, оти не сум во Скопје???
Непријатни израстоци,тртки или брадавици сеедно....проблем! За брадавиците имам читано и дека внатрешната страна на кората од банана помагало. Се ставало да отстои некое време и потоа ја немало. Колку е делотворно не знам ама пробајте - нема што да изгубите.
А да прашам нешто, иако може глупаво ќе ви звучи .. Дали е од типот на брадавици, обично се појавува на средниот прст (демек како резултат од стегањето на пенкалото при пишување), ко меурче е, тврдо..имала некоја од вас и дали успеала да се `оттараси` од него и како?
Јас имам една бемка на вратот, ама така поголема е, а на сестра ми и е уште поголема, исто на вратот само од другата страна. Но, мене ми е страв, така да.. нека си стои..
Имам јас такво,и не е брадавица.Мене само ми се појвува и само ми се губи.Не го чепкај само ке си се повлечит
Имав еден израсток на десната веѓа некаде на почетокот. Ми го изгореа, а башка тогаш беше летно време и докторот на одмор. Една докторка на која отидов ми рече дека нема потреба од повеќе горење, паднато ми е. После некое време пак почна да ми расте. Ајде, пак на кожен доктор, пак ми го гореа (со азот) и така. Воопшто не болеше, само што на моменти малце печеше, ама се траеше. Сега единствен проблем ми е тоа што на тоа место имам дупче, од што сум горена и таму никогаш нема да ми израснат влакна. А, доколку се решам за чупање (тоа малце подоцна) ќе треба да ги чупам тенко, ако сакам да не се приметува.
женски на кожата на челото има излезено како лишај мало кругче е и ми се вцрвенува, рапаво ми е тоа место не ме боли ниту ме чеша , дајте ми предлог што да ставам?
за брадавици помага таканареченото млеко од смоква. Ако можете да најдете растение смоква, скинете едно ливче и веднаш ќе почни да течи бела течност со пријатен мирис. Јас имам две пкмали брадавици на показалецот на левата рака, и некни случајно дознав дека татко ми во дворот има насадено смокви се намачкав со млекото и одма почна да пече и да лути, а има многу пријатен мирис, и сега ги гледам поднамалени се малку
Имав израсток на леваво рамо.Прво мислев дека е бемка,демек наследно ко мајка ми..ама со тек на време растеше,менуваше бои..и на крај препресна во голем меур. Бев на доктор и работата се заврши за помалку од 5 минути. А дотогаш имав проблеем со носење кратки маички,изложување на сонце..паника и слично. Така да..само доктор е лекот за вакви срања.
Девојки незнам за друго но за брадавици знам бидејки си имав проблем со нив, одев на горење и на што уште не.Највеќе ми помогна кристализиран јод кристалите од јодот треба да ги притиснете во брадавицата што е можно повеќе и притоа да залепите фластер врз истата за неколку дена ке ја снема и повеќе не се појавува истата јас така ги отстранив
јас имав под окото на многу непријатно место и ми го извади со течен азот и беше негде 1000 денари не повеќе а со цениве малце сте претерале мислам дека не е толку..
а дали сега имаш флека на тоа место.Оти кај брат ми на тие места каде што му ставале течен азот ,му останале флеки.
Другарка ми имаше брадавици по рацете,што не проба ама освен течниот азот,горење ништо друго не и помогна,еден третман беше околу 150 денари,а некои се губат од првиот на некои им треба неколку пати,инаку од брадавички набабруваат како плускавец и неколку дена болат,ама па само тоа е спас.
немам никаков белег човеков е професионалец.. најдобар дерматолог е во македонија.. слободно да идеш и да не се секираш.. башка на мене ми беше на многу непријатно место ти викам ама супер работи..
Пред три години имав брадавица на внатрешната страна на дланката, и ми беше прилично голема а и јас си имав навика да ја "истражувам" т.е ја чепкав. Отидов во градска болница во Скопје и таму ми ја гореа со течен азот и оттогаш фала богу ми се нема појавено друга. Значи лекот му е течен азот и ништо друго, оставете ги тие бабини деветини со ова со она. Фино лепо посетете си дерматолог или дерматовенеролог и решете го проблемот.
Кристализираниот јод мене мајка ми ми го носи а дали го има во аптеки незнам но знам дека можете да земете јод уствари раствор на јод, шишето да го оставите отворено на сонце за неколку дена алкохолот ке испари а ке останат само кристалите на јодот
Како помала имав брадавици и демек тоа било од недостаток на витамини. Купив мултибионта шумливи таблети и по некое време ми ги снема. Иначе мајка ми идеше на горење и ништо не и помогна. И тогаш и она почна со витамините и на неа и ги снема.