1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Непријатни израстоци, тртки или брадавици

Дискусија во 'Тело' започната од bluberry, 15 ноември 2010.

  1. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Веќе пишував за брадавиците во темата ‘Отстранување на бенки‘ .
    Од дерматолог имам добиено совет дека не се ништо опасно и дека може самите да си паднат. А доколку сметаат, да се мачкаат со 80% салицилна киселина.
    Од алтернативната медицина (совет од пријателка) - може да се мачкаат со првата утринска плунка, бидејќи таа ги содржела сите потребни киселини кои ги горат брадавиците.
     
  2. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Мене на прстот на ногата ми испадна жуљ и така ми стои, дали во некоја тема има писжувано за жуљеви оти јас неможев да најдам. Мајка ми ми рече имало некоја маст во аптека за мачќање ако не ми поминело вика да ми го исече жуљот оти она си ги сечела кога и испагале ама мене ми е страв
     
  3. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    И јас имав неколку поситни брадавици на рацете, ми сметаше една за држење на моливот при пишување :@ ууффф нервози беаа, Мајка ми има тетин кој бае од брадавици, и одев на 3 пати, мислам користи био енергија, знам ми ставаше сол,,, и работи со стапчиња мали сега нешто си сечка со ноже... и ми поминаа, сами ми исчезнаа. Да не се подречам тогаш бев средно прва год. сега 2 год на фах и фала богу се е добро!!!!
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ова и јас сум го слушнала и би додала дека помага и лист од смоква (кога скинеш лист од смоква потекува бела течност и со тоа се премачкува брадавицата неколку пати во денот) и лист од алое вера (лачи течност која ги гори брадавиците).
    Ова се испробани алтернативни лекови
     
  5. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Имам тртка на вратот од раѓање голема и како коштанче, во Бугарија прашав дали би ми штетело доколку ја отртранат и ми рекоа да, мене не ми смета за сега така да не планирам да си го нарушувам здравјето :)
     
  6. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Јас знам дека ампула витамин ц(нели оние во мало шишенце) со памукче се става на брадавицата и треба да стои цела вечер.секако треба да се биде упорен.
    сепак најубаво на лекар ќе одлучат што и како.
     
  7. natashaaa

    natashaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    5
    Пробајте да ги изгорите со течно пудро но помага само ако се сеуште мали (мислам на тртките)
    јас го имав овој проблем кој го наследив од мајка ми она има многу по лицето и со ништо не успева да ги отстрани..јас имав 2 и постојано ставав пудро (течно) и забележав дека се смалуваат па продолжив на нив и ноќе да ставам и ми исчезнаа :D
     
  8. Discovery

    Discovery Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    227
    Дали некој од вас е биден кај Анчевски да му ги изгорат?Имам јас по лицево ама некако страв ме фаќа :lol: .Ако има некој искуство би сакала да го сподели па да се ослободам малце :D .Инаку не се брадавици туку се израстоци малечки слаби со иста боја како кожава.
     
  9. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Јас имав на прстот и ми ја гореа со течен азот во Воена бев , за 3-4 дена ја снема
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас како мала имав многу брадавици,на двете раце имав и тоа по 5-6,на на коленото имав 3-4 и кај левото стапало,моите дома што се немаа испробано,со некакви лепенки,купуваа по аптеки работи и ништо не ми помагаше,ме носеа кај луге оние што лекуваат со баење,мислам така се викаше и ништо не ми помогна :!:

    A баба ми бае против зарек,проблеми со спиење,уплав и други работи,и јас не знам точно за што,и таа слушнала дека брадавиците се лекуваат со цвет од тиква,пупката што е,се трие на брадавиците и се фрлало,и пробавме и брадавиците ги снема ^_^

    Mногу бев радосна,затоа што многу се срамев од нив,не можев да носам куси панталони,сукни и кога ке носев сите ме прашуваа еј што ти е тоа на ногата?или на раката?

    Hе знам како ми исчезнаа,но пробајте го ова :$
     
  11. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Јас имам брадавица на градата. Кажете некој совет како да ја излекувам... :(
     
  12. Talita

    Talita Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Јас имам една крема за овие ТРТКИ ( кај нас ги викаме тртници па се надевам истото е ) . Се Вари ориз и оцетна киселина, откако ке се свари се става во кутивчиња од креми и се става во фрижидер, и откако ке се здрви се нанесува 2-3 пати дневно .. :)
     
  13. perduvce

    perduvce Активен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
     
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Објасни подетално. Колку ориз и колку оцетна киселина да ставам. И таа крема колку време смеам да ја користам т.е колку и е рокот на траење?
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    пердувче не сакам да те плашам или било што, ова што напиша дека ги имаш на вагината, ти препорачувам веднаш ама веднаш да посетиш гиниколог бидејќи можат да ти се прошират. Братучетка ми и се појавија и имаше и внатре ( и беа пренесени од партнерот) и и ги кореа. Затоа уште утре оди бидејќи тие се множат. Сигурно имаш една голема и други помали и ова што пишуваш дека имаш 4 . Не сакам да те плашам ниту посакувам да ти се случи тоа.
     
  16. mar1

    mar1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Знам дека тртките единстевно можете да ги отстранете со баење ... јас имав околку 4 тртки на раката и отидов на баење за една ноќ ми ги снема :)
     
  17. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ај да си споделам јас искуство, може ќе му помогне на некој. Мене ми се јавија брадавички на рацете уште во 7-8 одделение и цело средно мака мачев со нив. Прво беше една и мајка ми ме однесе кај еден човек кај Железничка кој ме мачкаше со некаков раствор (мислам азотна киселина беше) и брадавичката падна. Да не ви зборам колку ме болеше, ама ајде бидна што бидна. На местото до ден денес имам белег, а после 2 месеци ми се јавија на друго место на истата рака. Не можам да ви опишам колку ме напнуваа, буквално се пробав. Ласери, горење, баење, кромиди, јаболка, мачкање со кора од банана...буквално се што можеме и не можете да замислите. На крај дури и се откажав, си се помирив дека ги имам и ќе си се дружиме цел живот.

    Ама не. Мајка ми била во аптека и случајно видела на галафарм еден како гел за брадавици и курје око мислам ама за на нозе. Ја прашала аптекарката и оваа и рекла може и на друго место ама да е нанесе со стапче за уши само на брадавичката. Ми зема од гелот (кој мислам беше околу 70 денари) и почнав да ставам по неколку пати на ден. Луѓе, за недела ден си се исушија и си паднаа (тука и јас на моменти изигравав сам свој хирург) ама успешно беше. И плус ни белег немам ни ништо.
    Дополнително почнав да пијам витамини, не знам неколку типа Б витамин, омега 3 и Q10 (не беа нешто скапи) и сега да чукнам во дрво се е супер.

    Значи од мое искуство, ова од Галафарм е најуспешно. Јас колку што знам брадавички се јавуваат заради намален имунитет па така обрнете внимание и на тоа.

    Се надевам на некому бар му помогнав. :)
     
    На lattie и Annath им се допаѓа ова.
  18. N1ky

    N1ky Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    26
    Јас имав на вратот тртка и баба ми кога бев помала ме мачкаше со тоа млекото од смоквата и ми се намали,а не ми се отсрани.Можеби не бевме упорни.А имам слушано и ако врзеш конец околу тртката таа ќе се исуши и сама ќе падне.Ова ми го кажа една братучетка и на неа и паднала. :)
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.003
    Пол:
    Женски
    За тртки и брадавици само Салекс Колодиум од Галафарм (tigerlady го има спомнато погоре). Никакво горење, ова ќе ви ги исуши и сами ќе паднат. Јас како мала имав проблем со брадавици, имав на сите прсти на рацете од двете страни на ноктот - немаше што не пробав. Ми донесоа едно средство на база на салицилна киселина од Германија и со редовно мачкање исчезнаа.
    Син ми имаше брадавичка на показалецот на едната рака (веќе не паметам која), одеше дури и под ноктето, на кожно ни рекоа да го гориме - ај замислете дете од годинка да му гориш тртка, па дали и ќе ти стои. Решив да барам по аптеки средство и најдов - жими три пати го намачкав со Салекс Колодиум, само навечер, прстето завиткано, брадавичката се исуши и падна, па сега ко ништо да немало. Какво горење, ова е лекот.
     
  20. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато за двата случаи со конецот ко демек падале а немам провано страв ми е исто така з аконецот имам слушнато дека ако имаш повеќе таа што ти е прва да ја врзеш( или што би рекла баба ми обеси ја :lol: ) дека немало повеќе да ти излегуваат...
    Инаку јас имам само една и ми казаа да ја мачкам со млекото од зелени смокви страв ми е да не ми се отвори рана ама гледам дека и тебе не ти помогнало. Дали некој друг има пробано со млеко од смоква?ефекти?