Jas sakam da prasham za kako da se izlekuvam megu nozete..malku sum debela i koga odam na sukna ili fustance mi se trijat nozete i dobivam kako akni megju nozete..koi ako se irtiraat strasno pecat..mozebi sum ja zgresila temata no imate li nekakov sovet ?
Ова што го опиша ти е чест проблем кај пополните девојки кога носат сукња или фустан.Решението е секогаш предходно да си ставиш пудра-обична бебешка ,талк-на местата кај што ти се тријат нозете. Поздрав.
Јас имав тртки на устата, и бев ги горев со течен азот, и ми поминаа, но сега пак ми се појавија на раката, многу непријатно изгледа и кога го допреш гребе, дали може да ми кажете некој начин за да исчезнат? Благодарам однапред
^ Преку ден како што ти кажа stetoskop, ќе ги измиеш нозете убаво сабајле и чекај да се исушат целосно па стави си бебешка пудра. Ќе ти помогне да не се разрануваш повеќе. Кога ќе си легнеш пак измиј го местото и намачкај крема што е за црвено газе за бебе, или таква како за сипаници некоја, да не те чеша местото и да не ги отвориш раничките чешајки се во сон. Стави си перниче меѓу колената кога си легнеш. Преку ден исто гледај да „диши„ местото колку може. Ако не поминуваат и се мислиш дали треба да одиш на лекар, тогаш оди, оти може треба да ти препише некоја стероидна или антигабична крема.
Јас уште од мала имав брадавички на прстите и долги години ме мачеа.Одев по разни бајачи што се не направив, ама лекот бил едноставен.Еден ден дојде тетка ми и кога ги виде зеде да ги поплукува и да вика `сега ги гледам уште еднаш да не ги видам` и така неколку пати. Јас не верував дека ќе ми поминат бидејќи претходно се пробав, но за големо чудо за неколку дена забележав како се повлекуваат а за еден месец тие целосно исчезнаа.Требало да ги поплука некој што некогаш бил задавен во вода.Можеби некој може да ти помогни на овој начин ако не побарај медицинска помош.
Јас бев на дерматолог и ми препорачаа горење имам брадавички на лицето ке може ли да го користам гелов или не е за лице?
јас имам на главата блиску до челото како топче поткожни и тврдо и како да ми расте а исто имам и погоре во косата,знае ли некој што е тоа и како да се отстрани?
Јас така направив, откако сите препораки од оние професионални и полупрофесионални лица се покажаа неуспешни.
Јас со гелот на Галафарм си ги излечив израстоците на прстите на нозете, оние што се прават од тесни чевли со текот на времето и изгледаат како плускавци, само што остануваат Такви имав на прстите на двете нозе. Не знам дали се тие т.н. курје око, ама сеедно, гелот е единственото нешто што успеа да ме спаси. Исто така, пред некоја година ми се појави и една мала брадавичка на малиот прст од левата рака. Ставив два-три пати од гелот и ми се исуши, стана како корка, па потоа ја искорнав со нежно влечење. Се изненадив колкав корен имаше. Грозно, знам ама поентата ми е да потенцирам дека гелов сосе корен ги вади тоа чудата Енивеј, гелот на Галафарм е наменет баш за израстоци, тртки и брадавици и проверено делува. Во зелена амбалажа е, и иако пишува дека е за нозе, јас како што кажав го користев и на раце, па немав никакви несакани дејства
Девојки да ви кажам само дека Галафарм се затворила и гелот го нема повеќе... Јас го најдов во една аптека што му имаше останато.
Здраво на сите...вака...на двете големи нокти на ногата имам како израстоци...како ноктот да се обновува...да се одделува и под него има нов..да се одделува нз само дали ќе можи да прикачам слика да видите што е
другарками го имаше истиот проблем на прстите на рака и ниедна препорака ни од докторите ни од специјалистите не и помогнаа,ја пратија на горење ама и беше страв па слушна дека со кората од банана треба да се трие за неполн месец немаше ништо на прстите.исто и солената млака вода ги омекнува.
Летото и јас имав една тртка на раката, уште што не пробав и на крајот отидов во аптека и побарав некоја маст за тртки и ми дадоа ја дадоа таа црната маст Ихтигал мислам дека се викаше од Галафрам. Морам да ја пофалам, за помалку од една недела тртката ми падна и повеќе не ми ни излезе.. мн сум задоволна и уште си ја чувам маста
Јас имав 3 на раката и навистина беа одвратни и со течен азот ги излечив на дерматолог(козметичар). Сега мислам дека пак ми се појавија на главата
Пред некои 10 години имав многу брадавици, поготово на прстите на рацете. Мене ми помогна коњска маст, која што се користи за животни... Се сеќавам дека татко ми ми ги мачкаше рацете со неа и после спиев со ракавици и сабаjле ги миев рацете убво со сапун. Имаше мирис на ментол, битно не беше гадна. После три мачкања брадавиците ми поминаа и никогаш повеќе за овие десетина години не ми се појавиjа. Маста jа има во ветеринарна аптека, големо пакување, а маста беше светло зелена боја. Се надевам дека моето искуство ќе помогне некому.
Мене ми помогнаа едни фластери со салицилна киселина. Ја гори фактички брадавицата или израстокот. Еден фластер беше доволен. Во аптеките ги пишува против жуљеви и волчји очи.
Јас имав многу одамна 2 израстока на прстите на рацете, многу мали, но сепак сметаа. Не се сеќавам најдобро на нив, но веројатно беа некој вид на тртка, на брадавица, значи не беа многу големи. Ми кажаа да ги намачкам со сок од смоква т.е.течноста што смоквата ја испушта кога ќе ја стиснеш (ако не се лажам беше бело како млеко). Ова ми помогна, за 2 дена ми ги снема и од тогаш ми се нема ништо појавено