Здраво на сите. Имам еден проблем ве молам да ми каже дали некоја девојка го имала истиот. Имам неколку израстоци како внатрешни топчиња кај ципата негде неколку дена. Имам повремени болки од истите. Дали некоја девојка имала сличен проблем и знае што може да биде? Ви благодарам многу
Пред скоро една година ми се појави под веѓата нешто слично на акна не знам како да го дефинирам и остана и сеа ми излезе и под другата веѓа сеа стварно се испаничив да не имал некој ваков проблем?
може да е чир а ако е чир и јас имав таков проблем ми стоеше едно 4-5 месеци и дури сега го тргнав со природен лек од комшиката ќе ставиш свински сапун изрендан на ситно 1 лажичка шеќер 1 лажичка маслиново масло и 1 лажичка брашно и нека се размеша па се додека да ти помине мачкај го нека стои тоа и самиот ке се исуши кај мене за 3-4 дена го снема ... поздрав пиши ако помине
На дечкоми му се имааа појавено брадавици на раката.Буквално низ цела дланка имаше,на прстите..Имаше пробано да ги мачка со некои природни креми но ништо не му помогна па праша во аптека и му дадоа капки.Се мачкаше 2-3 пати на денот,за неколку дена му паднаа. Можеби ќе биде од корист оваа информација. Цената била околу 170 денари.
Имам навика кога сум нервозна да ја гризам устата ( долниот дел од устата) и ми се направи бело топче како да немам крв во тоа топче од гризење. Е сега веќе ми пречи и изгледа грубо. Што би можела да направам за да исчезне?
Дали некој знаеш што е ова? Ми излезе над ушето и е измеѓу косата. Не е толку големо како на сликава, но е црвено и како да виси. Има ли некој начин природно да се отстрани?
Папилом е ништо страшно како расте само ќе падне ќе се оддели од кожата јас имав на врат и ми падна после 3-4 години беше мало и растеше и негде отприлика оваа големина и ми падна
Ми се појавија брадавици на ногата (под колено) и на лактото, се обидувам да ги третирам со цинк оксид читав на интернет помагал за тоа ама од кога почнав во 3 недели тие само се зголемија дупло. Дали некој има искуство со ова и знае што би требало да правам?
Zdravo, baram preporaka za dobar dermatolog za bradavici. Ja imam goreno so tecen azot kaj lekar, no se vlosi situacijata i mi se pojavija uste 5 novi vo okolina. Nekoi iskustva ili predlozi?
Најдобар дерматолог според мене е Агрон Старова. Работи приватно кај Мавровка му е ординацијата. Мислам накај 1000 денари му е преглед. Ако сакаш број пиши ми ЛП.
Замислете имав две брадавици на еден прст, и тоа една до друга. Не ми сметаше, ниту болеше но изгледаше гадно. Пробував со лимони, јаболков оцет, со разни растенија, со бајачки- НИШТО НЕ ПОМИНА. Оваа мака ја решив со помош на еден човек, но да ви кажам право незнам како да ви објаснам. Одев кај него само 2-3 пати, на брадавиците ми нанесуваше некоја течност и после тоа многу ме печеше. И после месец дена, брадавиците сами паднаа. Сега немам ниту траг од нив.
Сестра ми имаше на едниот прст на дланката. Се проба и ништо не и помагаше, но најефикасен накрај се покажа ханзапласот. Постојано на брадавицата ставаше фластер и за некое време сама се повлече, бидејќи фластерот не и дава да дише.
Брат ми имаше мака, исто ги гореше со азот но без трајно решение, на крај една комшивка му даде чист прополис и така се повлекоа.
Ми се појави ваков мал израсток на кожата пред некое време, вчера ме пржеше и беше зголемен. Исто така денес ме пржеше и приметив дека се намалил и затемнил израстокот а околу него кожата е црвена и жеже.. има простор за паника??
На вратот пред 2години ми се појави како бубуљица внатрешна. Мислев дека ќе помине ама ништо од тоа. Како лиљаково-црвено топче стои и не ме ни боли ни чеша, ништо. Бев на дерматолог и ми се изнасмеа што сум отишла у фазон: девојче глупост е ова ај иди си (спомна некакви вени). И кога ја прашав дали ќе го снема кажа не, цел живот ќе стои. Имала некоја нешто вакво до сега и дали и го снемало?
Имав брадавици на раката многу. Потоа се мачкав со "глуварче" неколку пати на ден. И околу брадавицата ми се правеше кафено кругче. За една недела брадавиците ги снема а раката ми е чиста.