Го гледавте промото? http://www.youtube.com/watch?v=br2nUTKHbPQ Мислам дека оваа сезона ќе биде уште подобра и од првата http://www.youtube.com/watch?v=kealVjCr ... re=related И јас да би била на нејзино место незнам кој би одбрала. И повеќе епизоди оваа сезона, фала пријатно!
Излезе новата епизода, може да се гледа денес, ја гледаше некој? Јас утре најверојатно ќе ја гледам ако стигнам.
Само што ја изгледав правата епизода од вторава сезона И конечно се решија работите, барем засега. Спојлер Мило ми е што го одбра Џејк, мислам дека навистина заслужи да биде среќна. Мети, хм па и не ми беше жал за него. Океј у депресија, ама не е изговор да се фрли на Сејди па макар и од сожалување, беше пијан па заспа инаку ќе завршеја работа Мислам дека Мети иаку е зањубен во Џена премногу повреден дека го откачи, и затоа сака да ја врати назад по секоја цена, инаку искрено незнам дали би и и искажал љубов и би ја обелоденил врската, а тука има и вмешано прсто тоа што Џејк се заљуб во неа и призна пред сите и пред него. Мети се срамеше од неа, и мислам дека тоа скапо ќе го плати. Џејк од друга страна е сосема различен, поискрен е и мислам дека вистински се заљуби во Џена. И Џена конечно направи нешто паментно, ама ептен јако го изведе Просто неми се веруваше дека е мајка и, мислев дека ќе излезе поинаку, но со оваа епизода се стана јасно. Мајка и е кретен на квадрат. Mинг ми е ѕверче, Тамата и Рики се најдосани во цела сезона и гледам уште ќе ја тупат Рики ми има тотално копач фаца па уште како ја мотка. Нај јак дел беше со шамарот луда е Лиса скроз. Мене слатки ми се Џена и Џејк И сезонава има една мистерија, тајниот кометатор на блогот на Џена, кој и да е, мислам дека ќе дознаеме... ќе биде интересна сезонава, осеќам
Само што ја изгледав новава епизода, и ми се допадна. Интересна е. Како за почеток ветува интересна сезона. Инаку, не знам за вас, но мене многу ми е чудна Џена. Ептен се изменила, изгледа се здебелила малку. Многу округло лице некако, различна од првата сезона... И покрај тоа што Сејди гледа само да им напакости на сите цело време, жал ми беше за ситуацијата во која што се најде.
Tell me about it. Цела вечер не сум заспала, ја изгледав цела прва сезона и првата епизода од втората сезона. Интересна е серијава, баш добро ми дојде. Иначе, јас некако не го сакам Мети, океј убав е, не викам не, ама мислам дека тоа што и го прави цело време на Џена, е малце понижувачки. Ќе појде, ќе ја излапа, ќе ја легне и на крај пак ја држи "врската" во тајност. Едноставно не е фер. Ни на Џејк му нема кажано, а најдобар другар му е. Сега засега навивам за Џејк, срцка ми е. Се гледа дека ја сака и дека се грижи за неа. Иначе, следните епизоди ќе излезат на 5, 12, 19 и 26 јули. I can't wait. И да, само мене ми е Џена разубавена во вторава сезона?
Само што ја изгледав првава епизода од втора сезона. Спојлер Ептен добра беше,и делот со шамарот најак И многу ми беше смешен моментот коа Мети и заспа на типката на сред..Али ме нервира Мети, не знам одбивен ми стана.Ама пак сакам да е со Џена, иако ми се слатки и со Џејк.И крајот со писмото до мајка и, не очекував. Не очекува уште една одлична сезона http://www.youtube.com/watch?v=AfUgy3pN9mU
Да, сезонава дефинитивно ќе биде добра. Мене па Џена иста ми е Јас сакам да биде со Мети само зашто се гледа колку го сака кога е покрај него, не е тоа тоа со Џејк, повеќе ми личи на преправање, како нешто на сила. Спојлер И убаво и го плесна на мајка и.
^^^и мене ми изгледа подебелка во лицето !!! и да кажам може да е до шминкерот или пак до камерата ...никогаш не се знае ! Спојлер мнн ми е интересно како се прави и со мети и со ПСИХОЛОГОТ во училиштето, а особено со мајка и .....браво за идеата за писмото , но да кажам дека и е малку во споредба на она кое таа се и напиша.. Мило ми е дека го избра плавото и секако дека ке имаат проблеми тоа ми е многу јасно .. Плавава ми станува во позитивните ликови после она како ја одј**а онаа дебелата хехех за дебеклафа малиоф некако и не ми беше ?не ми е некој кој знае какоф е*ач хехе хе ама на сцената со спиењето со солзи се смеев
Ја симнав првата епизода од новата сезона, многу бев pumped, онака среќничка заради нашата тинејџ-мутаво-лимонадеста сериичка за белја бев кај дечко ми, и он беше приморан да гледа за греота. Кога ја изгледав искрено... се почувствувам троа дебилно. Многу детска ми се виде епизодата, имаше некои сосем ретардирани сцени. (дали и првата сезона беше таква?!) Не дека нема да ја гледам, само кажувам дека беше благо-дебилен почетокот, just sayin' Џена некако беше заоблена во фацката и малку претерала со солариумот. И косата и беше потемна од првата сезона, многу поцрна. Како и во првата сезона и на почетокот на оваа изјавувам дека Тамара ми е убедливо најантипатична, тешка глупача, заедно со нејзиниот селски симпатија Рики. Тоа другото пријателче Минг, треба да го има во многу повеќе сцени. А ок ми е Сејди, интересно е што за првпат главната женска фаца и фраерка еве да ја наречеме, не е некоја ултра анорексична исончана Барби, туку дебелка целулитна женска. Каква иронија. Меѓу машките јас сум за Мети, не дека е нешто посебно, ама Џена дефинитивно ги свиѓа него, Џејк ми е мекуш и премногу низок, како хобит ми е. Повеќе си одговара со мутавата Лиса. Па ќе видиме што ќе се случи понатаму. Да, можеби малку беше грозен начинот на кој мајката и го прати тоа анонимно писмо на Џена, ама очигледно немаше поинаков начин да ја освести ќерката дека е тотално невидлива, како за светот, така и за себе. Ја извлече малку од оклопот, така да имаше некоја добра намена тоа фамозно писмо. Еден ден ќе и биде благодарна. Валери е закон. Срцка бе, од сите мутавелки, најмутава, на куб. Ми се иде да ја гушнам и да ја погалам по косичката кога и да ја покажат. Ми се допадна и фактот што конечно ги прикажаа тинејџерите во Америка онакви какви што се секаде - сексуално активни или барем љубопитни во врска со таа табу тема, за која толку многу се кријат. Во остатокот од сериите и филмовите, сите се virgin Mary's до prom night.
Уу и јас гледам Awkward!!! Веројатно денеска ке ја изгледам новата епизода, а иначе предходно ја гледав на МTV. Гледам тука сите за Мати, а јас пак сум за Џејк. Он ми е мноогу посрцкаст и стварно ја сака Џена, а и плав е
Спојлер Moжеби Мети не е соврешен и стварно и згреши на Џена, ама кога и кажа дека ја сака, јас се стопив како тинејџерка во пубертет, ми засветкаа очињата Прво погледот, И за само секунда Џејк кое женче беше во епизодава, толку многу се потресува и ситиничи баш како да е он девојката а она дечкото. Но мислам дека е заљубен во неа онака баш до уши затоа и така се понаша. Џена во оваа епизода ме збуни малку, остана благо индиферентна на I Love you by Maty. Незнам ама мислам дека не го сака Џејк ама сака да го сака, и убаво му кажа на Мети, барем е вистина. И најискрено ми падна жал за Џена на сцената кога и се насолзија очите, ми изгледаше премногу реално. Мајка и е најголемата идотка на светот, и искрено мислам дека не се кае баш. Повеќе и беше грижа што ќе рече маж и на тоа А да си го земе Џена Џејк и да ни го остави нас Мети м?
Само што ја изгледав новата епизода. Импресиите во спојлер, кој сака да чита. Спојлер Сега за сега, и јас би постапила како Џена - би била со Џејк и би се обидела да го заборавам Мети. И многу убаво му кажа на Мети - на никому не му треба момче кое се срами од девојката, и кое ја прави да се чуствува понижена и безвредна. А се гледа дека Џејк ја сака, многу ја сака, иако морам да се согласам со Хипстер дека во оваа епизода беше женче- во секоја смисла на зборот, многу беше преопседнат и хистеричен. Исто така, и јас мислам дека Џена не го сака него, ама мислам дека е со него затоа што е тотална спротивност од Мети - не се срами од неа, прилично јасни му се намерите и најважно од се', искрени (не викам дека сега на Мети не му се јасни и искрени намерите, ама на почетокот не беа воопшто јасни, а уште помалку искрени) Верувам дека она "Те сакам" на Мети беше искрено, ама беше во погрешен тајминг. После се', поважни се делата, а не зборовите. Мети ќе мора дебело да се потруди , или сепак, можеби не, зошто и Џена го сака, ама во секој случај мислам дека нема да му скокне за брзо во прегратки. Тоа со видео-лентата беше интересно, но и по малце (малце повеќе) предвидувачки-претпоставував дека Џена не е снимена. А за тоа дали треба да му каже на Џејк за Мети, се' уште имам поделени мислења - ако му каже, мислам дека тој нема да го прифати убаво, ќе го повреди многу - а колку е само мил , а ако не му каже ќе се измачува самата себе уште долго време. И за на крај, за тајниот коментатор - мислам дека на крај ќе испадне дека е Мети. Не знам зошто, имам такво предчуство. Ај ќе видиме.
Ја изгледав новата епизода и не ми беше ништо посебна за разлика од првата. Досадно. Доколку продолжат со Азијциве да форсираат, дефинитивно ќе биде досаден дел од епизодите. Спојлер и оваа ме иритира
И мене не ми се допадна нешто посебно новава епизода, а имавте право и за Џена, некако ми е погрдичка, а и глумата и е полоша, ич не ми е убедлива. Спојлер Изгледа ко веќе ич да не и е гајле за Мети, ко божем толку се заљуби во Џејк. Мислам дека ќе оставам да заврши цела сезона па се одеднаш да изгледам, така ми е поинтересно, а вака мислам дека ќе ми се уништи серијава.