И јас ги изгледав и двете сезони во рекордно време. Ми стана премногу интересна, неможев да ја откачам . Како и сите вас се попалив мааалку на Мети посебно во првата сезона, но во втората ми стана некако одбивен . Гласав за Мети и Џена, но по неколку епизоди сфатив дека Мети воопшто не ја заслужува неа. Колку и да искажуваше љубов, тој сепак ја повреди. Како по толку криења, и срамења од неа таа пак се враќаше кај него. И мило ми е што на крај ја послуша нејзината рака, а не срцето. Да отидеше со Мети јас мислам дека пак на некој начин ќе продолжеше така. Џена ми е интересен лик. Иако мисли дека е незабележлива и премногу исмејувана во училиштето, сепак мене ми е симпатична, и интересна девојка. На нејзини години добро ги обработува темите. Мајка и на моменти се однесува многу несозреано, но кога се во коалиција со татко и се газам од смеи. Колку ми беа интересни во сцената кога сакаа да ја казнат Џена и кај фрижидерот се договараа околу тоа каква казна да и дадат, и на крај тие се скараа . Валери, Валери , царица! Просто ја обожавам! На секоја сцена успева да ме насмее. Со нејзиното присуство ја прави серијата уште поинтересна. Тамара ми е многу досаден лик. Само ја тупи околу овој Рики Шворц (така ли беше). А наспроти неа Минг ми е многу интересна. Баш би сакала во повеќе сцени да ја има. Колку е само реална. И оваа Сејди, wanna be something ми е многу антипатичен лик. Особено со оние фаците што ги прави додека зборува. Се прави нешто а уствари е искомплексирана девојка. Мое мислење за ликовите. Можеби досега ги изанализиравте, ама и јас да си кажам. И да прашам, бидејќи незнам. Кога излегува нова епизода? И на колку време?
Новата епизода би требало да излезе на 9-ти август. Инаку и јас прво бев за Џена и Мети,ама мислам дека Џејк е многу подобар за неа.Баш ја почитува и сака. Мислам дека Spoiler во следната епизода ќе открие за Мети и Џена
Ја изгледав првата сезона и вторава со сила ја гурам. Абе...многу ми е без врска серијава. Разбирам ја тинејџерска дека е, ама...не бе не, не ја бива. Од прво ми имаше некои интересни дијалози, добар хумор, сега во вторава сезона сите се глупи, да не го отпуштиле сценаристот?
Mи се собраа 3 епизоди и пред малку ги изгледав,ама како на сила. Не се повеќе интересни како првата сезона. Во неа имаше повеќе хумор, а сега? Многу значење и се придава на мајка и на Џена,па сега уште и таа другарка и. Исто како и Рики со Тамара,па сега и глупата Сејди. Се на се,серијава затупе. Не е тоа-тоа. Може ќе ги оставам да си течат епизодите, па ќе ги изгледам сите одеднаш кога ќе заврши колку да видам што се случило. И да, Валери си остана достојна на улогата ама со еден лик тешко се ваѓаат.
Абе, мене баш последниве две епизоди ми беа поинтересни. Зошто, цело време тапкаа во место, и сега конечно малце заплети и плачки. На почетокот бев за Џејк, ми изгледаше дека е подобар за Џена, ама сум била во голема заблуда. Испадна голем папучар. Иначе, следните епизоди се на 23ти и 30ти август и на 6ти и 13ти септември. Следната епизода се вика "Homewrecker Hamilton" и еве во една реченица што пишува за дејствијата Spoiler А епизодата после неа мислам дека ќе биде најинтересна - "Pick Me, Choose Me, Love Me" Spoiler Едит. Оваа сезона ќе има 12 епизоди, а ќе има и трета сезона со 20 епизоди.
I don't always watch series online, but when I do, I watch 1 whole season in 1 day Серијава е многу интересна и многу ми се допаѓа, прво се мислев дали да ја гледам ама кога почнав, не можев да престанам Повеќе ми се допаѓа Џејк, толку е мил и добар ( што би рекла Џена - Like a puppy ) а Мети незнам зошто цело време ја криеше ама на крај мислам дека требаше да го избери Мети.. Џабе му влева надеж на Џејк, ни го сака ни ништо Сега само ми останува да се надевам дека во 2 сезона ќе биди со Мети, а Џејк ќе си најди некоја што стварно ќе го сака (како на пример јас ).. Ја препорачувам на секој серијава а ете и линк ако некој сака да ги гледа епизодите http://www.1channel.ch/tv-2725121-Awkward ..
Вчера на МТВ( она не МК кое е ) гледав една стара еп кога Јена беше уште со гипсот ...морам да кажам дека или камерата им е унакажана или Јена стварно е здебелена мннн поубафка ми беше во 1вана сезона ...
Последниве епизоди се подобри, за разлика од првите кој беа ептен слаби. Spoiler Инаку ич не ги шипнувам мајка и на Џена со овој Бен, одвратни ми се заедно.И не знам зашто мило ми е што раскинаа Џена И Џејк.Џена и Мети ми се парот на серијава и ептен ми се срцки.Врвот на епизодата ми беше Тамара. Tamara:Why are you talking like a fortune cookie? И крајот, сепак ептен ми беше жал што така ги виде Џејк И да следната епизода ќе биде добра
Spoiler Мајка и и татко и демек беа во толку голема љубав и туку така ги раскинаа. Ко божем толку е лесно да оставиш се и да си одиш. И се знаеше дека Џејк ќе ги види, се беше некако ептен предвидливо. И Џена колку полошо се облекува некако, целата ми е ужасно грдичка.
Ако знаете мозе ли да ми кажете кога ја има оваа серија на телевизија , на MTV-англиското? Фала однапред
за облеката - http://www.putlocker.com/file/4062155C1C8E1F5E# .. јас мислам дека супер се облекува, сосем опуштено, важно да и е удобно.. мислам дека не мора во секој филм/серија главната личност да се облекува по последните моди и како што кажаа во видеово, финтата им е да има поврзаност со вистинскиот живот, и затоа си се облекува опуштено, и некогаш во повеќе епизоди носи иста дуксерка или блуза, не можи секој ден различно и модерно а ако зборуваш за дизајните и материјалите - секој си има различен вкус..
Нова епизода. Spoiler Баш интересно, мислев дека ќе се затепаат во следната епизода, не во оваа. Валери ми беше многу јака кога ги "превоспитуваше" Џејк и Мети. На почетокот си мислев дека Мети и ги пишува коментарите на блогот, а сега мислам дека е Сејди. Само таа е доволно огорчена за да и го разоткрие блогот. Ама од друга страна, кога размислам, анонимусот почна да и пишува коментари на Џена уште од првата епизода на вторава сезона, и ми е чудно, ако анонимусот е Сејди, зошто толку долго би молчела?
Да, за дизајнот и материјалите, ко баба се облекува во некои бедни џемперчиња или дуксерчиња што изгледаат како да и се подарени од црвен крст. Мое мислење.
^^^ и мое навистина мислам дека треба малку да се смени и плус за Сбадбата на Големата Кучка КАТАСТРОфа им беа ФРизовите~~~
Spoiler Тамара и Џејк, Мети и Џена, Рики е геј, Сејди плаче. А, и уште нешто. Оној пријателот на Џена, гејот (што беше во шпајзот со Рики) е тајниот коментатор на блогот на Џена. Енд оф сизн ту.
На MTV имате Awkward weekend. Цел викенд (т.е. до поручек) ги даваат епизодите ама мислам дека се од 1 сезона. Така да некој ако не гледал може да ги гледа.
Заврши и втората сезона.Ќе ми недостига додека да стигне новата сезона Баш интересен завршеток имашр Spoiler Седи замалку ќе се извинеше на Џена и Тамара