офффффф добро е завршија за овој период со давање на епизоди.Уште незнам зошто и давам шанса бидејќи од 20мин ако има само 2 добри минути, другото е Не верувам дека од септември или кога и да ја дадат ќе се оправи.
Првите две сезони ми беа ок,онака за тепање време,ама третава утка е.Имам чувство дека само се развлекува работава за да има со што да ги пополнат тие 20 минути. Од нормално девојче ја претворија во high class bitch,па потоа реши да се покае.Ја заплеткаа работава до глупавост.Поточно серијава сама по себе не е некоја филозофија тешка,ама па до олку Нејсе,ќе ја догледам сезонава,за уште 1-2 епизоди ништо не ми е..
и јас мислам дека малку повеке ја заебаа сезонава од што треба !! неккао мислам дека во овој 2р дел го смениле монтазхеро посхто Џена е послаба хехех и глата не и е снимана од близок кадар ... дефинитивно мој фаворит ке е Сејди ОДЛИЦХНА е како и од сам старт!!
Серијава ко за инат ја прават подебилна и подебилна и има уште и уште нови сезони. Трагедија се последниве 3-4 епизоди, па уште и 40 минути, 20 беа сосема доволно, ако не и многу.
Почнавме од вчера да го гледаме со сестра ми 2ра сезона сме веќе, интересен ми е премногу работи се случуваат во една епизода. Таа дебелата Седи колку ме нервира со глумата и фаците нејзини, најгадна ми е
Мене ми е интересна,секоја среда насабајле ја гледам од торент симната дека не знам точно у кое време ја даваат на МТВ Адриа.. Ама ич не сфатив сега сабајлево шо се деси со снимката за Колумбија на Сејди-озбилно ја испратија таква за да и дојде паметот?(потајно очекував да му ја пукне фацата на некого)..
Мене серијава ми е релаксирачка со таман доза на хумор убави глумци супер одбрани за својата улога, сите ми се супер, незнам зошто Тамара не ви се допаѓа на повеќето мене ми е баш луда(да, на моменти е нападна ама нема везе). Ја почнав саботата а ја завршив во неделата, ја изглеав буквално во еден здив. Мет ми е а кај Џена малце ме нервира карактерот. Серијата ми е се на се топ,глумата одлична,тематиката одлична, да и мене малку ми е чудно тоа што сите скоро имаат "искуство",ама сепак тоа е Америка... Последнава епизода ми заврши тажно и баш ми падна жал за Мет,па пуштив и по некоја солза.
Рано е, имам 2 епизоди изгледано, мислам толку се излезени, ама пак се повторуваат :/ Истото темпо е, освен Spoiler мајка и на Сејди што се врати Сепак интересна ми е за 20минутно тепање време.
Крајно досадна ми беше сезонава, али последната епизода беше освежување. Дури и Тамара не ме иритираше толку многу Ќе има скандал во наредната кога Џена ќе дознае што му кажала мајка и' на Мати.
Јас сум пријатно изненадена од последната епизода, мислам се очекуваше да се случи тоа што се случи и така си се радував и јас со нив
Иииии за на крај пак да направат глупости Ќе има уште епизоди од оваа сезона или ќе чекаме нова сезона да снимаат?
Ова е само пола сезона, другата половина после нова година некогаш На http://www.imdb.com/title/tt1663676/episodes?season=5&ref_=tt_eps_sn_5 остатокот од епизодите ги пишува за 2015, а од 2015та има само уште еден месец ... Ок ми беа мене овие последниве епизоди
Добри се не се лоши,мене ми е многу забавна серијава, ајде се надевам ќе дадат уште некоја епизода до пред Нова Година.
Јас ја изгледав серијава и сакам да прашам,кога ќе продолжат пак да ја да даваат и патем дајте ми препораки за некои други серии од ваков тип.
Би требало да снимаат уште. нешто слично и забавно ти е younger трае секоја епизода по 25 минути, исто така Gossip girl ако ја немаш гледано обавезно да ја гледаш, 90210 ти е исто така добра серија во овој стил.