Јас го имав истиот проблем и лето и зимо се потев премногу не можев ништо да облечам,све пробав буквално све ама на крај го најдов решението.. Нарачав PERSPIREX од e-bay,луѓе не сте свесни колку помага,учте првиот пат кога ставив следниот ден ни капка и од тогаш немав никаков проблем.. Тоа е ролон и се става еднаш и после тоа 5 дена не смее да се става,тие 5 дена помага и цело време така само малку пече кога ќе ставам.. Нема да згрешите ако го земете
Морам да кажам дека овој производ мене ама баш ич не ми одговараше, од него дополнително ми се зголемуваше потењето и повеќе од пола количина ми остана и го фрлив. Така мене ми делуваше, не викам дека така на сите би им делувал, чисто само споделувам лично искуство
И јас многу потам, без разлика дали е + или -40 степени. И што е најстрашно - мирисот е неподнослив! Почнав со кремот Лидера, ама ми кажаа дека му штети на организмот, па се префрлив на Рексона (стикот). Задоволна бев, ама пак ми оставаше дамки на блузите, па се префрлив после на Нивеа (рол-он). Немаше дамки, но не се покажа толку ефикасен како Рексона стикот - па еве ме, сега пак си се вратив на Рексона стикот. Ќе ги жртвувам блузите, битно јас попријатно ќе се осеќам
sonce10 jaс тој го земав по препорака на кожен лекар бидејки од Нивеа ми се запушија жлездите и ми се напраи некоја инфекција ради која морав да пијам антибиотици. Можеби до телото е ,секој е различен па кај тебе немал ефект.Јас од него сум презадоволна ептен ми се погоди.Ги снемав тие проблеми со жлездите,а од друга страна имаше видно намалување на потењето освен нормално ако летно време не излезеш во 12 на сонце во горештината па тогаш ни најјакиот антиперспирант да не ти заврши работа. Така да секој со своето искуство .
Да да, секако секој со своето искуство, затоа јас го пишав моето мило ми е што ти помогнало, си решила голем проблем, јас уште си се мачам
Јас мојот проблем со потење уште не го решив сеуште барам решение ... антипреспирантите само ја решаваат миризбата но што со круговите на блузите ?? Кристалите - имам 2 но тие само со миризбата се справуваат потењето - круговите на блузите с е пак тука а јас не знам што да правам веќе
Непријатната миризба е проблемот. Ако измислат нешто што ќе ти ги затнат жлездите, веројатно ќе те снема. Тоа не е проблем туку нормална појава. Како очекувате и покрај тоа што непријатната миризба е неутрализирана, да барате решение за целосно сопирање на жлездите да лачат? Зарем ве немаат научено уште од помалите одделенија како функционираат жлездите? Секој дезодоранс и антиперспирант е штетен. Ако се прашувам јас, Lidera е еден од оние кои помалку штетат. И не претерувајте со секакви препарати за да не се доведете до степен да одите на операција заради ставање на секаков ви на хемикалии. Сепак тоа се жлезди, обидете се да ја неутрализирате миризбата но внимавајте на нивно „затнување“.
Има еден дезодоранд во ДМ invisible пишува на него... се почудив колку долго трае пријатната миеизба под пазувите од него.
Точно дека е природна појава, но кога ќе се испотиш под пазувите и ти се гледаат оние одвратни кругови никој нема да ти каже: е добро де, тоа е природна појава, туку секој ќе те гледа како некоја што не држи до хигиена, секој ќе те критикува дека не се бањаш и дека појма немаш што е дезодоранс. Претпоставувам дека немаш проблем со абнормално потење под пазувите па затоа и викаш дека е тоа нормална појава, претпоставувам дека се потиш кога е топло, или кога спортуваш или кога си под стрес. За таков вид на потење никој нема да те критикува. Ама незнаеш какво е чуството кога ќе се избањаш, средиш, и така пристојно средена тргнеш накај факултет, или работа или на обично излегување, а под пазувите - огромни дискови кои ете за среќа во цела несреќа - не мирисаат непријатно. И сите од страна те гледаат па дури и те критикуваат скришно. Многу неубава работа, особено за девојка. Така што - да, знам дека е природна појава, ама се трудам максимално да најдам решение и да одам против природата во овој случај барем неколку дена во месецот да можам слободно да излезам од дома и да се вратам без да бидам ваква
Ако ги затниш жлездите мислиш дека тоа ќе ти биде најдоброто решение? НЕ! Знам што може да се случи при такво нешто и знам што се случуваше на блиски и на личности во тинејџерските години на кои не им ни треба такво нешто но сепак го нанесуваат во неизмерни количини. Ако ви е непријатно луѓето да ве гледаат попреку, обидете се да го избегнете тоа чувство кога ќе ви се смеат за причината зошто сте правени операција. Ова е worst case scenario но и другите работи (како чешање, црвенило, исфрлување) не се пријатни. Тоа е уште полошо: ќе правите неодредени движења, ќе се чешате, ќе ве боли тоа место и замислете што - останатите повторно ќе ве гледаат попреку. Луѓето секогаш ќе пронајдат причина за да ве озборуваат. Исчезнувањето на „дисковите“ нема да ги промени луѓето од нивните навики и менталитет. Не значи дека не се разбирам во работите и делот со „не знаеш како е бидејќи немаш таков проблем“ и што воедно е лошо оправдување и споредување. Можеби јас го немам тој „проблем“ но имам други за кои не се срамам што ги имам бидејќи тој до мене сигурно нема да се загрижи доколку завршам со болничка интервенција само заради тоа што сум ставиле антиперспирант за тој да не ми ги забележи „дисковите“! Секој е индивидуа. Како што веќе напишам но еве повторно: ако тебе ти пречи некој што те гледа попреку, тој нема да престане да го прави тоа само ако ти ги снема „дисковите“ од под пазуви. Затоа, навикнете си се на самите себе за да се навикнуваат и другите на вас. Не се полнете со комплекси без потреба. Тој пост го напишав од причина што не сакам никој друг да има проблеми и да минува низ тие голготи како оние кои ги знам што користеле секакви препарати против потење. И уште нешто, после интервенција, целосно се забрануваат сите миризливи препарати, вклучувајќи и парфем (колку и да е оддалечен од местото) па понекогаш и сапун и тоа долгорочно. Можеби тогаш ќе сфатите дена „дисковите“ од под пазуви и не биле толку лош проблем.
Тоа со `круговите` под пазувите е навистина голем проблем. Сите од страна можат да зборуваат дека не е којзнае што но како прво ограничени се со облека. Замислете ги тие кругови при свечени настани, на работно место па и било каде особено во зима, кога поголемиот број од луѓето не се потат на минус температура. Постојаното бирање на облека со темни бои и материјали на кои нема да се познаваат многу круговите е навистина макотрпно. Знам колку се штетни и препаратите за намалување на потењето но понекогаш се многу потребни. За оперативен зафат не сум многу запозната како оди процедурата но имам информации дека во соседните земји е на позитивна листа како нормална операција
Не велам дека треба тотално да се исклучат (ете како што велиш за свечености или посебни пригоди), но секојдневно? За до продавница? Не е нормално. Инаку, како што напишав претходно, ако го немам токму тој проблем можеби имам друг. Секој си има свои проблеми и треба засебно да си ги гледа бидејќи никој од тие кои ти се потсмевале заради круговите нема да знае низ што инуваш доколку ТИ завршиш со болничка интервенција. Што помалку - тоа подобро. На крај, непријатиот мирис е најголемиот проблем. Ако тоа е решено, никому нема да му пречат затемнетите кругови. На секого му се случува или го има тој проблем. Не мора да значи гипсирање на пазувите со цел „да не ги гледаат другите“.
^На никој нема да му смета тоа што имаш дамки под пазувите. На секој му се случило барем еднаш. Ќе смета миризбата, а потењето е неможно да се сопре, работата е да се неутрализира миризбата. Добро де, може да се сопре, ама телото пак ќе си најде да си ги исфрла течностите на друг начин, може на други места да почнеш повеќе да се потиш или полошо тие штетни течности да се складираат во телото. И јас имам проблем со потење, еве уште сега се мислам што да облечам за на школо утре а да не ми се познава кога ќе се испотам ама ете ставам Рексона и парфем само. Тоа е процес од кој нема бегање. Врз обилноста на потењето влијае и исхраната и многу други фактори и поарно гледајте преку нив да дејствувате. Не се шлакајте се што ќе ви кажат. Идете на лекар, ако веќе е стварно премногу може и хиперхидроза да биде или воспаление на потните жлезди.
Значи темата е Непријатно потење под пазувите каде што секој кој има некое ЛИЧНО ИСКУСТВО СО ОВОЈ ПРОБЛЕМ дава совет во поглед на тоа кој производ би бил најпогоден и најсоодветен, а не да разглабаме дека тоа е природна појава, бидејќи тоа секој го знае, ниту пак да разглабаме за други проблеми - за тоа си има различни теми. Значи овде се трудиме да најдеме РЕШЕНИЕ за проблемов, а не да се ПОМИРУВАМЕ со фактот дека па ете тоа е нормално и луѓе кои што го немаат овој проблем зачудено да се прашуваат како тоа не сфаќаме дека антипеспирантите се штетни. Според логиката природна појава е, занемари ја и бркај си работа, не се постигнува ништо. Тоа ти е исто како на некоја што има акни и што бара совет како да ги излечи или покрие да и дадеш совет - па што се секираш, тоа е природна појава, не ставај ништо бидејќи ќе ги затнеш порите. Или некоја што бара совет како да ги острани влакната на нозете бидејќи од секој препарат и се појавува иритација да и дадеш совет - ако остај си ги влакната, нека си растат, тоа е природна појава. Освен антипеспирантите и разните дезодоранси има и толку многу други работи што се штетни па ги користиме секојдневно, а мислам дека е претерано да се зборува за болнички интервенции и можни операции како последица од користење на антипеспиранти, односно работата ја однесе во тотална крајност дека некоја ќе се оперира ако користи дезодоранс.