Па и ја користам дезодоранс и антиперспирант, како сум ја однела работата до операција? Спојлер ако се однесуваше на мене де Укажав само на тоа дека операцијата не е сјајно решение, а претходно имам побарано совет, решение и јас на овој проблем. Моја другарка го користи истиот антиперспирант како мене и никгоаш нема дамки, никогаш. А јас, за разлика од неа имам постојано. Значи, од организам до организам има разлика.
Не. Не мислев на тоа. Мислев на ПРЕКУМЕРНО користење на секакви препарати. Особено на оние кои ги затнуваат жлездите. И не, не мислев на таква операција туку операција која од прекумерно користење е неопходно да се направи со цел спасување на живот. Можеби не сте информирани или не сте се помачиле да го прочитате моето претходно мислење, но има и такви интервенции предизвикано од преголемо користење на препарати за затнување на потните жлезди. Замислете што се може да се случи кога тие ќе се затворат. Замислете како му е на балонот што се полни со вода до одредена граници и потоа пука (споредбата можеби е едноставна, но многу лесна за визуелно претставување).
Ти го прочитав мислењето и и јас алудирав на тоа дека жлездите не треба прекумерно да се затвораат, дека ќе си најдат начин. Не е добро потта да се задржува внатре во телото. И познато е дека со прскање на многу различни нешта одеднаш се мешаат мирисите и тоа придонесува за уште понепријатна миризба.
Колку погрешно можат да бидат сфатени некои мислења! Мислиш дека само ако напишеш мислење за антиперспирант/десодорант/крема или било кое друго средство тоа е единственото прифатливо мислење? Епа нема да може. Овде сум да го напишам тоа што го мислам. Не е работата цело време да се сториш гипс од прекумерно користење на секакви препаратчичи кои само мислиш дека ти помагаат, а всушност не е така. Исто како што јас те испочитував тебе и ти го причитав мислењето, така и ти прочитај го/прескокни го. Но не можеш да кажуваш на друг член што треба да пишува во една тема, НА таа тема. WarriorAngel, пардон, сум ти го прескокнала мислењето. Набрзина сум преминала на последната страна. Мислење сосема на место!
Јас ги почитувам сите мислења бидејќи некој одвоил време и напишал совет или мислење, затоа не ми е јасно каде прочита дека јас на некому му кажувам што да пишува, а што не. Тоа што не се согласувам во целост со твоето мислење во никој случај не значи дека истото не го почитувам, плус затоа што твоето мислење не даде никаков совет како да се реши овој проблем кој што ти го немаш освен што напиша нешто што е општо познато, а тоа е дека потењето е природна појава и дека антипеспирантите се штетни и генерализираш дека користењето на дезодоранси се завршува со одење на операција. Затоа, потребно е некој од свое лично искуство да даде совет доколку знае, а токму тоа и го пишуваат другите членови во претходните страници. Значи ако незнам од свое лично иксуство да понудам совет за решавање на конкретен проблем воопшто не се ни осудувам да пишувам во некоја тема и така народски речено да солам памет за работи за кои што не сум компетентна. И нема потреба да правиме офтопик мислења, нека се остави на членови кои ќе знаат да дадат конкретен совет, некои кои веќе се соочиле или сеуште се соочуваат со овој проблем
Toa си е твое на што се осудуваш, а што не. Знам некои работи и затоа пишувам за нив. Сите знаат, но никој не применува. Од тоа што сум забележала, речиси поголемиот број не знаат што прават. Не е работата да напишеш за препарат против потење, туку да се укаже на правилната употреба. Општо познати се многу работи, но најчесто завршуваат со несакани последици бидејќи секој смета дека тоа е „општо познато“ и никој не се оптоварува да објасни околу некои од работите и последиците. Напоменав дека не би требало да се користат во прекумерни количини, ако се оптоварува организмот од тинејџерските години со преголемо користење на истите, доведува до големи несакани последици (впрочем и тие функционираат како медикаментите: си ја вршат функцијата додека се во препишаните количини и се после препорачаните дози доведува до несакани последици) бидејќи сите препарати се наменети за луѓе после тинејџерските години и секоја хемикалија од таков вид е многу штетна врз тинејџерското тело кое се развива и може да настанат поголеми проблеми. И како што напоменав, не значи дека личното искуство е пресудно. Не значи дека не се знае за одредена тема ако не го има тоа лично искуство. Затоа, личното искуство е необјективно. И не значи дека некој доколку знае за одредени работи (и покрај „недостигот“ на лично искуство) не смее да сподели!
sonce10 ако е стварно претерано кај тебе еве вака http://metrosource.com.s123317.gridserv ... t_post.jpg иди на лекар, ќе кажат нешто подобро и проверено. Може причината да биде подлабок проблем. Јас купив http://www.hmarka.com.ua/media/thumbs/p ... 3031_w.jpg пред некој ден и сега, засега сум задоволна. Немам дискови кога ќе си дојдам од школо ама се уште ми е срам да се облечам ко човек од страв да не ги има. Миризбата е прекрасна, како парфем да имам ставено е. Имам слушнато дека кожата се заситува од постојано истите дезодоранси, антиперспиранти и престанува да функционира тоа што го ставаш. Затоа, почнав да практикувам да купувам различни секој пат.
Неее, не баш како на сликата што е во линкот, тој како истуширан делува имам проверено, не е здравствен проблем, едноставно такви жлезди имам поактивни и поблиску до површината. Ајде ќе ја пробам и оваа рексона
Еве на што наидов барајќи секакви глупости низ интернетов http://www.aliexpress.com/item/Free...piration-Pads-Shield-Absorbing/730322247.html Можеби некој ќе има корист или идеја за понатамошно искористување или креирање на нешто вакво
Дали некоја од вас го има користено антиперспирантов на Еуцерин.Сакам да го купам бидејки маркава ветува многу а и до сега задоволна сум од нивните производи,ама сепак да си прашам дали има некоја искуство со него.
Ова го користам и ми врши работа.Јас,најреално кажано и немам некои проблеми со потењето,али не сакам да ризикувам па го користам ,,за секој случај".
Јас се потам многу Сега почнав да користам Део крем Toa лево. И ролон користам од Орифлем, сега ми е супер Розевото го користам, го купив 80 денари
да тој е 380 а спрејот е 420 за него незнам ама спрејот е навистина ефикасен го зедов пред некој ден јас изгледав вака и на -20 но http://metrosource.com.s123317.gridserv ... t_post.jpg им благодарам на феминките кои го имаа објавено и се ресив да го земам
Jas ne sum zensko , ama go imav istiot problem dolgo vreme gi koristev site mozni antiperspiranti ama da bideme realni ne funkcioniraat. Da ne navleguvame vo detali za problemot , bitno e deka najdov resenie . Proizvodot e od amerika , mozebi ste cule , se vika "certain dri" i e clinical strength deodorant. kogo go interesira neka procita na internet komentari za proizvodot jas go koristam edna godina i raboti perfektno , potenjeto se namaluva za 90 % bar vo mojot slucaj . edno sisence mi traese okolu 10 meseci. ako nekoj e zainteresiran za proizvodot neka mi pise .
Значи и јас спаѓам ви типот на оние кои се испотени под пазувите среде зима.Порано не беше така, но после една стресна ситуција која беше пред 3 години, потењето е мое секодневие, нажалост. Сум пробала секакви Нивеи, Лидери, Рексони, Нокзими, Лејди спид и стик и дезодоранс, Адидаси, Амаи, Граниер, фелце...и ролл они и шо ти уште не. Некои се подобри некои ептен немат врска. Добро е што немам лута пот шо би кажала баба ми . Ама круговите под пазувите полека ми стануваат и комлексарија,а со тоа што сум мокра често пати знам и да си се душкам да не случајно закорнам на пот. Чаре- сушење на блузата под мишките на hand dry во вециња, ставање секојдневни влошки залепени на блузата под пазувата, или на пример облечена во било каква освен црна боја ролка, а одзогора наметната со широк шал, пончо, палерина, елече, џамаданче. Ова последното прикрива и не се гледат круговите ама мокрото и непријатното ....останува
Леле Луѓе јас сум запрепастена. Пошто се имам пробано и ми се смачи од различни дезодоранси последно користев DOVE ама сите ја закоравуваат облеката, а и дефинитивно се штетни, а да не правам муабет кога ке се подиспоти човек и кога потта ке се измеша со деоздорансите, тоа е страшно и не може човек да биде раат. СИ купив Кристал од Викторија Белс, од околу 500 денари ама минимум 12 месеци трае кристалот. Тоа е природен кристал и чудо е дефинитивно. Нема мирис, а трае 24 часа БУКВАЛНО. И не ги запушува порите, не остава траги по облеката, безбеден е за здравјето на човекот и нема никакви состојки. Тоа е природен камен кристал. Презадоволна сум и најсигурна, а порано и многу читав дека дезодорансите имаат многу штетни материи и се добиваат рак на дојки... Начин на употреба. Кристалот се изводенува со вода и се мачка, па малку се чека да се исуши и тераш цел ден без проблем. Нема да мирисаш измешано со пот и дезодоранс туку ке мирисаш на себе. Поздрав
Espadrila знам колку е непријатно цуството со кругови под пазувите пробај со еуцерин спреј 72 цаса застита мене навистина ми помогна и јас го имав истиот проблем до пред 2 недели 5 години го имав проблемот и наместо да поминува тоа усте повеце се влосувасе усте со не користев од страна на дезодоранси стикови и кенав раце од нив усте повеце се потев во последно време користев само лидера која не го срецува потенјето но потта воопсто не ти мириса но проблем сепак беа круговите цената и не е толку скапа колку сто имам издавано за сткови кои така стојат во купатило и не делуваат прбај мислам дека це ти помогне јас навистина сум пресрекна поз