Подобро земи се спрејче Еуцерин тој е за 72 часа а ролонот за 24 часа. Сите го користат спрејот, нркаде околу 420 ден е
Како сте задоволни од Dove стиковите за под пазуви? Ако не сте задоволни вие, не зимам ни јас туку комотно идам и го купувам Еуцеринот со заштита од 72 часа. А, колку пари е Еуцеринот?
Samo eucerin pomaga 100%,nisto drugo.....devojki ako imate problem samo eucerinot 72 casoven ke vi pomogne,jas se macev so toa potenje sekojdnevno pa duri i vo zima,i sega nemozam da poveruvam deka konecno nesto mi pomogna.
^ точно. јас му се поклонувам на еуцеринот! <3 додатно било кој спреј земи, не прави апсолутно никаква разлика, ако сакаш да си мирисаш убаво онака преку деновите кога не прскаш од еуцеринот. јас искрено да ви кажам, 4 дена немам ставено ама уште има ефект еве денес ми е 5ти така некако му иди, ама ич нема гајле. додатно си ставам обичен дезодоранс (од тие од кам виолетовиот тој ми се најде при рака) и супер ми е. на жешково +50 како што е, таман си ја одработува работата еуцеринот, овој другиов ради реда го користам и тоа онака само (псп, колку без ич прскам). Порано прскав 5 минути под едната рака од антиперспирантите, ко будала и пак џабе ми беше. Сега по 3 месеци не купувам ни антиперспирант ни еуцерин. трае чудово и фактички многу поисплатливо ми е од претходно (по 3-4 купував антиперспиранти месечно!). Така да нека не се мисли никој, нека си повели во клубот на задоволни корисници на еуцерин(че) )
Пред да го земам Алое вера,користев рексона.Но рексоната ми оставаше бели траги на облеката,после 3-4 часа повторно морав да ставам,бидејки почнуваше да се осеќа мирисот и ми ги затвараше порите,ја чувствував онаа тежина дека сум намачкана со нешто. На презентација слушнав за алое вера,и искрено не верував многу многу но ајде ја земав да ја пробам. И сега сум презадоволна! Не остава траги,чувствувам дека се потам но не ми прави кругови на маичките,кожата слободно ми дише,едноставно кога ке ставам чувствувам свежина,и кога ке се пипнам под пазувите како ништо да немам ставено.Чудо од производ е! Можат и машки и женски да го користат.Се купува само од диструбитери и цената му е над 400 ден.незнам точно
јас го зедов еуциринот потењето МИСЛАМ дека ми се намали али сепак еден ден ставив само па ке видиме вечер е бтор ден може ке почни да делува,само да не ми прави кругови на маиците ако сака река нека тече бидејки се срамам да носам светли раб од проклетото потење!!!
Здраво.. и јас вчера го зедов Еуцеринот, видов дека ми се намали од прв ден не многу ама довоно да се осети.. сепак прв ден беше и немаше огромни кругови па сигурно и кај тебе е така Кога ке ставаш еуцерин само еднаш прскаш на пазувата или со две притискања?
па со 2-3 прскања ама нз дали треба само 1 појма немам само ме интересира не мирисам ама дали може ко ке се засуши еуциринот да ставам некој нивеа,рексона над него за да ми мириса
и јас не мирисам, кога се фаќам имам суви пазуви но сепак сеуште не ми е намалено потењето многу...инаку овие од еуцерин рекоја дека не било потребно да се става нешто,но ако сакаш пробај стави
јас ставам антиперспирант во деновите кога не ставам еуцерин, прскам само еднаш и доволно ми е колку да ми мириса. повеќе од 1-2 секунди не сум прскала откако сум со еуцеринов, иначе пред тоа и по 5 минути на пазува заглавував, пола боца на почетокот си запишував кој ден сум се прснала ама потоа ми стана некоја рутина, па од прилика на неколку дена се прскам, се забележува, почнуваш да се потиш, т.е да се јавуваат круговите и тоа е знак дека си промашил претходниот ден да ставиш Инаку за количина, исто од прилика прскам, еднаш, два пати зависи колку имаш потреба се прска, јас прскам 1-2 пати и за да не ми течи надолу веднаш ја спуштам раката и така некако го „разнесувам“ врз целата површина. само да ве „предупредам“ дека ако сте заборавиле да ставите вечерта не ставајте сабајлето ако веднаш излегувате од дома т.е ако веќе знаете дека ќе се испотите во рок од 1-2 часа после ставањето, затоа и е препорачано навечер кога потењето не е толку обилно и е намалено. оти јас си ставав неколку пати така, ама нема ефект, треба убаво да се впие, а не на брзински пред излегување како антиперспирантите да се испрска. толку од мене, со среќа понатаму
освен кристален камен никакви други козметики не користам. никогаш не сум имала проблеми со непријатни мириси. дечко ми исто, откако почна да го употребува ништо не се осеќа. само тоа би го препорачала, природно е без никакви хемикалии
Здраво, го користам еуцеринот веќе 4 дена ставав навечер, е сега што да правам колку време треба пауза..преку денот кога ке излезам имам потење.. Сега не знам колку дена да ставам.. ?
Еве ви го и мојот одговор, во врска со Еуцеринот! Читајќи ве сите вас што имате искуство, си земав после толку маки во мојов живот, можеби не толку со круговите , колку со лошата миризба. Ставав и кристален камен, мене не ми помогна толку многу , а искористив 2-3 незнам точно. Значи првата вечер кога ставив ми беше одлично, наредне ден, пробав до 15ч ништо да не ставам, но после ми беше мисла,па ставив рексона стик. Поминав добро, а вечерта пред туширање толку јако ме зачеша, ама си реков ај ќе се истуширам и ќе помине. Си ставив пак еуцерин на суви пазуви, па после цела ноќ дежурав по 3 пати се туширав, едвај заспав од што ме штипеше. толку лошо печење неможев да замислам. Наредниот ден ставив рексона, а вечерта повторно пробав да ставам еуцерин. Истото ми се случи, кога ми се вцрве, добив и исип под пазув и и неможев нисто д допрам , па ставав само зејтин, пошто била каква крема незнаев како ќе ми делува и чај од камилица ми беше страв да ставам. Сега еве сум на боледување дома не ставам ништо, ама не излегувам од дома, незнам што да правам. Не бев иритирана од бричење гледав тоа да го средам пред да почнам со првите 3 дена. А инаку сум падната во депресија дека ми нема спас. Правам ли нешто погрешно со Еуцеринов, гледам немаат никакво дополнително упатство. Треба барем да има за контраиндикации, сепак е добра фирма. Значи генерално мојот проблем го сведувам на непријатната миризба, подобро со круг под пазуви, отколку со миризба што се осеќа на 1метар од мене. Нема врска ни стрес, се контролирам некако да не се препотувам, за количината мислам, значи малку се потам, немам никогаш оросено чело, или грб испотен, ептен ако имам поголема физ активност, но концентрацијата е толку јака, што само незабележително да се испотам, се осеќа не само од под пазуви туку и од останатиот дел од телото, јас пазам на пазувите, некогаш само перспирантот ми мириса, не осеќам нисшто др, дали ги има затнато порите од претерана употреба на дезодоранси, па мора од некаде да избие. Луѓе ќе помислат не сум бањата со денови, зошто не се забележува ни крукче под пазуви, мн ретко и мало, во споредба со тоа што се осеќа. Концентрацијата и на урината ме загрижува. Некој со нешто слично на моиве дешавки? Да продолжам со Еуцерин? фала на сите ос напред!
ако ти предизвикува иритација црвенило нормално дека треба да прекинеш, да одиш на доктор и можеби да се консултриаш таму со некои попрофесионални лица. од друга страна некои луѓе едноставно имаат таква мирис, тоа не знам дали и како би можело да се смени. сестра ми е слична како тебе. колку и да се мие бања пази, мириса. не премногу но мириса. јас од друга страна, ми се чини и да не се мијам ништо не се осеќа. естра ми спортува се храни здраво, јас се обратно. така да понекогаш зависи и до самата личност, тело.
blaze tebe..citav edna statija , kolku ovoj problem pridonesuva t.e vlosuva emotivnata, psiholoskata i socijalnata strana..samo napatenite si znaat.sepak kje probam povtorno so eucerinov, za da proveram dali povtorno kje ima nekoj problem, pa kje kazam. fala ti antonelala.
Спојлер е вака сега. Пошто спомна дека концентрацијата на урината те загрижува, јас сакам да те прашам колку вода пиеш во текот на еден ден? Оти кај и да прочиташ во врска со водата, како еден од знаците дека треба да пиеш повеќе вода е концентрацијата на урината, т.е нејзината боја. Нормалната боја треба (колку што сум информирана) да биде ептен светло жолтеникава, скоро проѕирна (се разбира, доколку не си пиела некаков обоен сок или не си јадела цвекло и слични работи што придонесуваат за нејзино обојување, кое во тие случаи би било нормално). Втора работа, зошто си ставала другиот ден Рексона? Убаво пишува на упатството дека нема потреба од ставање на ништо дополнително. Сепак, реакцијата не мора да значи дека е од рексоната, туку дека едноставно не ти одговара на твојот тип на кожа, или пак дека претходно ти била преиритирана кожата од прекумерна употреба на антиперспиранти. Инаку нормално е малку да чеша и да штипи додека да се исуши откако ќе го ставиш, јас си мислев дека е до мене, ама како што се консултирав со луѓе што го употребуваат исто, и нив така им се случувало, ама САМО додека да се исуши т.е впие. Јас еве колку има, од крајот на мај некаде го користам (според упатството!) значи ни помалку ни повеќе од препорачаното и воопшто немам проблем, а шишето не ми е потрошено ни до пола Другарка ми прскаше еден куп количина, демек за да има поголем ефект и распрснуваше на пола тело што се вика, како што течи тоа течноста, што секако е претеризам. Јас прскам еднаш до два пати исклучиво на чиста кожа и исклучиво навечер пред да си легнам. Се бричам на пример на сабајле, за да не ми биди иритирана кожата вечерта и таман ми е. На точно секоја трета вечер ставам, без исклучоци, затоа што не сакам да се преоптеретувам. Во деновите кога ВООПШТО НЕ ставам еуцерин ставам антиперспирант или обичен дезодоранс (еве во последно време за да не ги трупам порите ставам само дезодоранс) а кога имам ставено еуцерин вечерта не ставам дополнително ништо,оставам да си делува. Пробај намачкај се со павловичева маст и ставај облоги со кесички од камилица (ладни) и парчиња краставица додека да ти се смири и консултирај се со лекар пред пак да почнеш, затоа што можно е да не ти одговара, секогаш постои 1% , можда спаѓаш во нив се надевам ќе ти помине за брзо. 12masima имаше исто пишано дека 4 дена по ред си ставала, за да не ти се случи и тебе ситуација слична, подобро придржувај се до упатството, убаво си е пишано и не е за џабе пишано. Поздрав