Nemoj da stavas nasabajle,stavi navecer pred spienje i ostavi dobro da se isusi...koga stavas navecer i ke si legnes preku nokta neli ne se potis i toa ke ti upie poubavo,jas go koristam veke skoro 4 meseci i sum prezadovolna i na site go preporacuvam..pozz
А како изгледа кристалот и во кој каталог е, не можам да го најдам... http://www.greenmaster.info/Publications.aspx
А кристалот помага за непријатна миризба или го спречува потењето,бидејќи јас немам проблем со миризбата туку премногу се потам..
Јас самата ќе си одговорам во овој каталог http://www.greenmaster.info/publikacii/GM_Ubavina.pdf на страна 38 3 кристалот и има многу позитивни мислења за него.
Јас се преродив со Лидера. Се става еднаш на неколку дена. Ако не ви се допаѓа миризбата на Лидерата, ставете пред легнување, и до сабајлето ќе ја нема. Функционира на тој начин што ги убива бактериите под пазувите, оние што ствараат миризба, а не го спречува потењето. После мачкање неколку дена пазувите не мирисаат на НИШТО. Затоа можам да си прснам каков сакам парфем и средена работа. BTW, некој спомна дека е штетна. Не е штетна, само не се употребува секој ден. Си пишува во упатството. Ставаш еднаш и неколку дена си free! А не ги затнува порите, и не го спречува потењето, пошто кога ми е жешко, пак си се потам, само не мирисам
Ма каде да најдам Кристален камен? Ми падна и сол се напраи Да не знае некој? Неколку пати прашувам на форумов но никој не се пријави со инфо
И јас ја користев лидера, и сеуште ја имам.. Не ми се допадна мене многу .. Најдобра според мене е рексоната
И јас го купив Еуцеринот-спреј ама воопшто не сум задоволна.Мислам како водичка е,подобро рексона да си ставам,никаков ефект.Џабе си ги дадов парите.Си мислам каде е грешката,да не дека продавачката ме праша дали е за обилно потење а јас и реков да иако повеќе имам проблем со миризбата отколку со обилно потење.
Одсекогаш имам проблем со обилно потење Имам толку гардероба што не сум ја облекла само заради тоа.Секогаш носам црно,широко да го сокриам тоа.И веќе ми се смачи искрено,све имам пробано џабе некогаш знам да паднам во таква депресијаа и да не искочам од дома само заради тоа.Вежбам,внимавам на исхрана и џабе ќе го земам еуцеринот и ќе пробам па ке видиме се надевам ке помогне.
И јас користам нивеа црно-бело што е новото ама корисно ми е само за миризбата, а за потење пак си се потам
Постојат влошки кои се лепат на маици и слични ствари и пота не се познава, додека летно време кога се носат маици на прерамки треба да се малку пошироки за да не дојде потта во допир со облеката. Јас неможам да ги сватам деојчињата кои летно време носат маички на прерамки кои се стегнати баш до мишката, и колку и да не се потиш пак ќе се напраи лом. Инаку ги разбирам деојките кои имаат проблем со прекумерно потење, кој не е проблем само под мишките туку се поти целото тело, па дури и гениталиите. Па така ако си со тенки мрежести гакички или танга, во комбинација со тенко фустанче во светла боја исто така може да биде уште понепријатно. Така да залудно е ставањето на стикови, дезодоранси и сл. Доволно е само малку да се нанесе колку за миризбата, но доколку редовно одржувате хигиена нема да имате проблем со миризбата колку и да се потите. Непријатната миризба е резултат на бактериите, а за да недојде до размножување на бактериите потребно е редовно и темелно миење на тој дел(мишката) пред се со сапунче или гел за туширање но убаво да се измие, а не срамежливо 2-3 пати протри со перстите и готоо, а бактериите пак да си останат образдите на мишката. Треба убао да се крене раката нагоре додека се туширате и добро да се протрие, на тој начин нема да имате проблем со миризбата.
Во Аптека, и многу се практични, не се познаваат и ти даваат сигурност дека во стресни ситуации или во некој битен момент, нема да бидеш доведена во непријатна ситуација. Не само што не дозволуваат да премине на маицата потта, туку ја впива и не доѕволува влагата да се ѕадржува под мишката и кожата да ти биде онака целата обарена.