Рексоната ја гипсира мишката, и ужасно лошо изгледа по ставањето, во линиите на мишката останува бело долго време, додека се стопи, а и ја прави кожата погруба. Ако треба да бирам помегу Нивеа и Рексона секако дека би избрала Нивеа, и тоа стик само благо нанесување како да му даде така една убава нота на мирисот што се ослободува од пазувите. Инаку не постои средство кои штити од потење, туку има само оние кои го неутрализираат мирисот.
Јас имав проблем со обилно потење под пазувите,значи ненормално многу се потев и лето и зимо и се пробав ништо не ми помогна ама конечно го најдов лекот PERSPIREX,го нема тука во МК го порачав од ebay и буквално ме спаси.. Тоа е ролон и се става еднаш па после тоа 5 дена не смее да се стави,а тие 5 дена ни капка пот немам,уште првиот пат кога го ставив,ме спаси.. Многу сум среќна што си го најдов и што можам конечно да облечам се на мене..
Па тогаш не ставај ништо, само редовно плакнете се под мишки и нема да има непријатен мирис. А и онака ставаш дезодоранс, или парфем на врат кој ке дава една пријатна нота кога некој ке ве гушне или доближи до вас. Таоа да според мене е сосема доволно. Денес дури и се злоупотребуваат тие рол они или дезодоранси, па така помешани неколку слоен рол он со пот дава по ужасен мирис отколку само потта.
Јас некое време го користев perspirex но тоа беше лани полани бидејки имав прекумерно потење и премногу се нервирав заради тоа. потоа го сменив почнав да коритстам Дав беше ми прекрасен незаменлив преубав мирис , но од некое време ми се појави црно под мишките можеби тоа е резултат од разните анти преспиранти што ги имам користено и сега ми е страв поради проблемот што го имам , пак почнав да се потам многу, круговите под мишки се грозни, сега го користам кристалниот камен немам никаква миризба но потта си остана, ќе одам на доктор можеби не е ништо страшно можеби е , но страв ми е да користам јаки стикови.
Јас уште го користам perspirex веќе една година и супер ми е,не се потам а го имам истиот проблем со прекумерно потење,друго ништо не ми помага се сум пробала.. А кристалниот камен е за миризба,не го спречува потењето..
] Нивеа е чист пропалитет,до сега користев рексона добра се покажа,сега бидејќи итно ми требаше а немаше рексона во продавничкава земав Нивеа,колку само повеќе се потам,а да не зборувам за мирисот,незнам ни дали можам така да го наречам,па тоа се шири таква реа,бегај подалеку од мене кога ме видиш.Фала му на бога веќе не ја користам,sorry fish
Еуцерин не помага за миризбата, за тоа треба добра исхрана и избегнување на зачини и чуда, а добро е да се провери и хормонален статус, доколку имате таков проблем (јас зборувам за тоа од блиско искуство, од другарка, имаше проблем со исхраната, а матичниот претходно ја упати и на проверка на хормонален статус). Еуцерин помага ИСКЛУЧУВО ако се нанесува навечер. Пробано и тоа сто пати. Сто пати се имам зафркнато (ќе заборавам од вечер и другиот ден битна случка, ко интервју за работа и јас пак се потам). Упатството видете го. Ама ако ставам на вечер, другиот ден сум скрос таман. Иако мене едно шише ми трае околу пола година некаде, веќе една година без нешто го користам, второто шише ми е до пола мометално. Не го ставам секој ден, ниту пак на 3 дена, туку си планирам за да не се прскам насекое. Прскам во четврток за викендот да сум таман и во недела за цела недела да ми избалансира. А тоа што кажуваат дека е штетно - секој што содржи исти состојки како еуцерин е исто толку штетен антиперспирант. Разликата е во тоа што од еуцерин ставаш многу малку, а од другите по еден тон, оти се утешуваш дека така повеќе ќе помогне. И уште една разлика - од другите ставаш секој ден по тон - а од еуцерин по еднаш на 3-4 дена. Толку од споредбите за штетност. Јас го препорачувам на многу луѓе, ма да ми се има случено некои да не сакаат да прифатат пошто пробале со милион работи ама ништо не им помогнало (скептични се, исто колку што бев јас пред да го купам и пробам и користам веќе една година). Значи не ми е ни во интерес да го фалам, ниту имам аптека, ниту сум претставник на еуцерин (ма да треба да ме стават после толку реклами што имам направено ). Во врска со состојките консултирајте се со лекар најдобро ако сте загрижени, мојот кожен лекар ми го одобри. Е па ондак то
Девојки ја има ли некоја од вас користено на лидера кремата? Слушнав дека била ефикасна, само ако ја користела некоја да сподели искуство, каде може да се најде, како, каде се нанесува.. Фала ви.
Јас ја користам, има лидера крема за нози и за пазуви, ептен сум задоволна, цел живот ја користам Ја имаш во аптеки, во поголемите маркети Се нанесува по туширање, се нанесува на пазувите, исто како и дездорансите, само разликата е тоа што тоа е крема
А го спречува потењето или миризбата? Дека читав тука поназад, некои девојки викаат само миризбата ја спречува, исто си се потиш.. Јас немам проблем со миризба, не јадам глупости, секој ден се бањам, немам комплекс од миризбата, него од потењето. Порано не бев олку, знам дека годинава многу стресна ми беше, можеби пак таму ми избива.. Можеби па треба да почнам да се дрогирам да се опуштам малку хахахаха, мала шала Едит. Уште едно прашање. Го има ли некоја од вас користено Odaban, го имало во промедика спроти рамстор, и него исто многу го фалат....
^^^А тоа секојдневно туширање не ви прави проблеми?Оти викаат не било здраво секој ден да се шлапаш со вода,настинуваш одма,имунитетот ти паѓа,бело прање имаш повеќе и слично?Демек на стари години ќе сте имале проблеми
^^ Оф леле шо се нема да прочитам... Е ај иди секој ден по факултет/работа/школо што и да е и по автобуси влечкај се и што уште не по пат ќе те снајде и да не се тушираш?! Незнам...јас барем не ни помислувам да си легнам ако претходно не се истуширам. Немора тоа е да е со незнам какви ритуали...доволни се 5 минути. 5!
Јас ј акористев порано и од неа ми се прават како топчиња под пазувите изгледа некои жлезди се и ја баталив сега моментално имам на дав едно пред тоа рексона имав За ова со туширањево дај не зезајте па како можете да си легнете без туш мене макар и 1 литро вода да е ми е доволно ама да знам дека сум се изтуширала инаку сон не ме фака од саклма
Аманте луѓе,што ќе спречи туширањето секој ден???? и има некој што стои некапен цела недела????мислам ...