Девојче, секаков мит ќе кажале ако немало вода или да не се уклучува бојлер. Ако имаш услови да се истушираш сабајле, слободно, и пожелно е, истуширај се. Белото прање си е дел од циклусот и во зависност во кои денови си - така тече. Ако недела ви е ден кога се уклучува бојлер, греј си вода во тенџере. Сите лачиме телесни течности преку денот, секакви гадотии во воздухот помешани со природното улје од нашата кожа плус ни затвараат пори, па и ако наредното сабајле сами не се намирисаме дека имаме одор, оти ни се навикнал носот, секој што ќе ти се најде во ептен блиско ќе те помириса, што е нешто нај нај нај одбивно(и да не ти го посочи некој, тоа ќе го мисли) без разлика како си средена, облечена, нашминкана.
Бидејќи јас прекумерно се потам, и тоа не само под пазувите, туку и дланките ми потат.. Отидов на кожно и докторот ми рече да барам крема што содржи алуминиум хлорид и дека нема во Македонија, најблиску во Грција. Е сега прашав во Зегин, апотекарката најде од Vichy крема таква со алуминиум хлорид во составот, и као демек за седум дена се гледал ефектот.. околу 700 денари беше па сакав да прашам дали некоја има искуство да сподели, пред да дадам толку пари за толцкаво шишенце, и се прашувам дали би функционирало ако го ставам и на дланкиве
Па добро сите го избегнуваат тој алуминиум хлорид како штетен, канцероген итн итн, што искрено јас не знам дали е точно, а тебе ти го препорачуваат. Инаку во секој обичен антиперспирант (против потење во превод) го има така да не знам кој поголем ефект би го имала кремата... може да е во поголема концентрација ама па колку е тоа добро? Потењето е природен начин на исфрлање токсини од телото, ако ти го спречиш тие токсини остануваат во тебе. Проблемот кој треба да го решиш е непријатна миризба ако ја има, ако не мислам дека не би требало да ризикуваш само заради кругови под маички. Сите се потиме, големо чудо. Јас порано користев Рексона стик и дефинитивно приметував дека не се потам толку, на пример на топол ден а јас сум сува под пазуви што не е вообичаено и не ми се допаѓаше што ме затнува на некој начин, ама првично го сменив затоа што ми ги флекаше сите маички, па сега користам друго. Ако го немаш пробано, пробај го прво тоа околу 170-80 денари е. Јас мислам дека користев oxygen fresh нешто така.
Не ми се верува... па порано не се туширале секој ден затоа што немале услови бре девојко и сеа на бабиве им останало тоа како адет, не ме заебавај.... Како баба ми што мене ме учи да ја мијам косата еднаш неделно она порано и подолго не ја миела во село... Не ја миела затоа што немала каде, јас имам и када и туш и топла вода фала богу, па и шампон што мириса убаво. Се што е прекумерно е лошо, ама миење на телото или туширање еднаш на ден е неопходно. Како ли мирисаш ти многу ме интересира извини вака, ако не се тушираш секој ден? Ај може потта не ти мириса, ама после цела недела идење у вц да не се истушираш.... Или кога имаш добиено? Срамота. Па девојка си бре, кој те учи на овие глупости.
Јас маки намачив додека си најдов соодветен производ против ова потењето. Пробав многу, од рексона до ролони од орифлејм и авон. Најпрво да кажам дека од Рексоната не сум воопшто задоволна. Тоа стикчината ми оставаа бело откако ќе ги нанесев и додека се растопат одев бела во пазувите, а дезодорансите пак ми оставаа бела трага на блузите. Исто така Нивеа користев, но од нив ми се иритираше кожата и постојано ме чешаше. Единствено сум задоволна од little black dress ролонот на авон и Neutro Roberts шо го користампоследниве неколку месеци. Не оставаат бели дамки, мирисаат убаво и траат
се зависи од кожата, начинот на исхраната, личната хигиена и составот на текстилот кој го носиме. Јас од rexona си направив проблем и никогаш шпвеќе нема да ја користам. Сега користам само NIVEA ENERGY, други производи не ми помагаат.Меѓутоа битно е туширање секој ден, и помалку стресови.
Има ли некој искуство со Гарниер стикот? Го земав тој зелениот ама некако имам чуство дека воопшто не ми држи, потта измешана со стик блааак. Користев Рексона ми траеше 24 часа,ама го сменив бидејќи ми оставаше многу бело на облеката.
Јас менував неколку ролони на нивеа, едно време бев задоволно, ама после како да го изгубија ефектот што го имаат врз моите пазуви. Се прфрлив на Rexona стиковите и презадоволна сум, ми се нема случено да се испотам. Е сега, мала мана е што оставаат бели траги на облека кога набрзинка се облакаш, ама гледам да пазам.
Денеска го земав еуцеринот после толку време читајќи ве вас, пред малце ставив сеа срам не срам ќе си прашам нормално е да пецка по малце?
Луѓе мислев дека за мене нема спас. Ама го пронајдов откритието на годината! Спојлер Кога бев кај дечко ми го заборавив мојот и реков ќе ставам еднаш од неговиот абе ни капка една ништо сува барут а јас ден не сум поминала без огромни езера под мишка од што ги правев поголеми од дополнителен стрес од што ми беше срам рака да кренам. Дома да седам се потам, а тој ден баш бев онака активна и незнаете што убаво се чувствував. Преродено
Денеска 4 ден ставам од еуцеринот но преку ден пак се потам , не толку како предходно ама се потам.Сега се двоумам дали да продолжам да го користам или да преќинам.Си се водам по упаството се , незнам дали јас нешто грешам или едноставно не ми помага.Ве молам тие што го користите да ми дадете совет. Ви благодарам однапред
^^ а да се стрпиш малку? Не може одма да делува, плус нормално дека ќе се потиш, само помалку. Тоа не ти ги запечатува потните жлезди, а и не треба пошто треба да се потиш. Јас го користев пред неколку месеци, супер ми беше...треба време малку. Вие мислите еднаш ќе се прснете и толку готово...
Ако се имаш бричено па си ставила ќе те пецка.. не се става после бричење и обично треба навечер пред спиење да го нанесуваш па утредента ќе си бидеш раат, барем кај мене е така
Мене лично еуцеρинот воопшто нежми помогна иаκо го κоρистњв 2 месеца сњ беше за џабе...аκо знаете леκ κажете ми...
Единствено досега највеке сум задоволна од лидерата не дека којзнае колку мн се потам туку колку и да се потам никогаш не го осетив ни сама за разлика од претходно мирисот на потта ... без неа нишш џабе и дезодоранси и се без неа јок