Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Непријатно потење под пазувите

Дискусија во 'Тело' започната од yummy, 27 април 2010.

  1. flowersss

    flowersss Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Кога бев средно имав една школска која претерано се потеше кругови,лочки на блузите,вода и течеше сите се смеевме а кога и мене ме најде истото зима,лето се потам користам се и сешто и пак ништо летоска кога одев на работа редовно носев влажни марамици и се ладев кога немаше никој блузите ми корнеа на мириси и по пет перења и упорно си ја секавав потта...минатата година земав еден стик обичен и ефтино го земав а голем беше врска немам како се викаше многу беше ефикасен имаше еден јак нападен мирис ама многу ми помогна го потрошив и отидов пак продавницата беше испразнета ....
     
  2. iva345

    iva345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Девојки, имам проблем со непријатна миризба од потење, па би сакала доколку знаете кој доктор треба да го посетам за преглед? Ви благодарам :)
     
  3. khaleesi1

    khaleesi1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    52
    Девојки, а да пробате со сода бикарбона? Ја неутрализира миризбата и го намалува потењето. Јас не се потам премногу, ама кога еднаш заборавив да си купам дезодоранс, ставив. Ми помогна, воопшто немаше мирис кога се вратив дома по два, два ипол саати. Исто така и рол-он на Линеа е доста ефикасен.
     
    На Lile_05 и kjukli им се допаѓа ова.
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Потењето јас мислам дека не е само од моменталната температура,туку можи да се поти и од стрес и од возбуда итн...Јас лично немам проблеми све ми е во граници не нормалата,само во лето се нервирам со лицето дека ми е помрсно и жештината смета нели секој дел од телото се поти...Но се согласувам со погоре кажаното во однос на миризбата кога имате проблеми до толку внимавајте и на храна бидејќи мн влијај и то.
    Еве имам другарка која е витка,висока нема проблеми ни со килажа ни ништо,бидејќи и килажата влијај реални да сме,под пазуви мн.малку поти скоро воопшто но поти на грбот во лето го има овај проблем кога е мн жешко,си го знај проблемот и секогаш само бели крем такви маички носи несака да се пострамоти и не носи во јака боја исто и јас на лето само памбучни носам дури и градници,значи мора да се води грижа
     
    На Osamena-Srna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. iva345

    iva345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Имам пробано и сода бикарбона, кристален камен и антиперспирантите на еуцерин но ништо не ми помага. Редовно одржувам лична хигиена, но миризбата и понатаму е присутна па затоа сакав да направам преглед да не лежи проблемот подлабоко.. Ако знаете кој доктор е соодветен за тоа, ве молам информирајте ме
     
  6. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    И јас го имам истиот проблем. Имам приметено дека кога вежбам, ако добро се препотам, следниот ден не се потам толку неконтролирано. Ги имам пробано сите стикови и почнаа веќе порите да ми реагираат. Затоа сега избегавам да ставам стикови кога сум дома или на спиење. Порано имав навика да ставам превентивно одма после туширање, ама сега обично ставам пред искачање од дома.
    Решение на проблем не ми изгледа дека ќе си најдам :sweat: Ама тоа со влошките вреди да се проба 8)
     
    На Osamena-Srna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Една од причините поради која имате проблем со потењето и миризбата е тоа што сте опседнати со бричењето на пазувите и постојано ставање на разни хемикалии.
    Дали мислите дека е нормално секојдневно да ги дразните жлездите со жилетот, четсто бричејки се неправилно на суво или со полу тапи жилети? Потоа неколкупати нанесување на рол-он, анти перспиранти.... Дозволете и на кожата да дише и да се регенерира самата, искоренете го тоа дека ако имате малку влакненца под пазувите дека е катастрофа или дека тоа значи несреденост.
    Направете малку пауза од жилетот барем во зимскиот период и ќе видите колку ќе ви биде поубава и понежна кожата под пазувите, постојаната иритација доведува до нејзина грубост и добивате контра ефект. Исто така голем удел во потењето и миризбата на пота има стресот, начинот на исхрана како и начинот а одржување на лична хигиена. Пробајте при туширање да посветите повеќе внимание на тој дел од телото, а не со неколку рзински движења да мислите дека сте ја завршиле работата.
    Земете парчеткаенина или мрежа за туширање сунгер... Откако ќе ја насапуните мишката тријте ја со кружно движење со ткаенината или мрежичката за да на тој начин ги отстраните мртвите клетки, верувајте дека ефектот барем во поглед на непријатниот мирис ќе биде далеку подобар.
    Содата да, може да има некаков ефект во неутрализирањето на миризбата но визуелниот ефект е одвратен.
     
  8. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    Девојки, дајте кажете ми некој убав спреј или стик или рол-он за под пазуви. Не знам што е работата, но во последно време и малце да се испотам , одма ми замирисува потта... Помагајте :(
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.245
    ^ А место да маскираш да направиш дитокс?
    Почни го денот со зелена глина за пиење и зелено смути.
    Пиј повеќе вода и кисни ги нозете во топла вода со крупна морска сол и масло од лаванда, секој ден, една недела.

    Пот посилно мириса од наталожени токсини.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. only44you

    only44you Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    4.783
    Пол:
    Женски
    2 литри вода пијам секој ден, пијам зелен чај, јадам овошје и гледам да се хранам здраво. Се мијам под пазуви секој ден по 2 пати , па затоа сакав да ми препорачате нешто испробано добро......
     
  11. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав целата тема во еден здив, што би се рекло.

    Јас го имам овој проблем, речиси 2 години.
    Немав прекумерно потење, се потев сосема нормално. Кога времето почна да се стоплува, доаѓаше лето забележав како се повеќе и повеќе се потев.
    На секоја маица која ја носев имав дамки.

    Миризбата успевам да ја конторлирам, ставам дезодоранси, парфеми, спрејчиња, но дамките под пазувите никако не можам да ги поднесам. Не сакам да носам постојано темна облека и да смислувам нови комбинации кои ќе одговараат само на темни бои, а најголемиот дел од облеката ми е во светла боја.
    Ми претставува проблем, и тоа голем. Не можам постојано да седам како скаменета, рака не можам да подигнам. А, во летно време сите сакаме да седиме на куси ракави, што би се рекло да дишиме, и не можам да одам со наметка или било што друго што би ми ги покрило ракавите од маицата.
    Фрустрирачки е. Се потам и во зима и во лето. За зима не ми претставува голем проблем, речиси секогаш над блузата носам јакна. Но, за летото ме нервира, и тоа премногу.

    Пробав многу анти-перспиранти. Од Нивеа рол-он до оној во спреј форма, и од Авон и од Орифлејм и ништо не помага, повторно се потам, само што не мириса потта. Знам дека анти-перспирантите се штетни за огранизмот, но речиси се е штетно ако прекумерно се користи.
    Секојдневното туширање не ми помага. Само што ќе се истуширам, ќе нанесам анти-перспирант, за 10-15 повторно сум испотена.
    И никогаш не изгледа убаво дамка на маицата. И оној кој нема проблеми со прекумерното потење нема да разбере колку непријатно е тоа чувство.
     
    На Li..Na, SpoiledBaby и presiosaP им се допаѓа ова.
  12. kumalisa

    kumalisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    74

    За привремено решение можеш да си земеш влошки за пазуви има во Џамбо и ДМ.Така нема да ти се познава на облеката.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Јас се потам секогаш кога сум под стрес и кога сум нервозна, за во лето да не почнувам...
    Мислам дека голема улога има и составот на алиштата. Акрил и некои такви синтетики ја иритираат кожата и предизивкуваат поголемо лачење на пот. Затоа кога купувате маички читајте состав ! Ако е 100 проценти акрил не ја купувајте блузата. Ми помага само НИВЕА зошто потта не мириса. :)
     
  14. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    6.381
    Пол:
    Женски
    немам проблем со потењето фалабогу.
    Користам рексона :)
     
  15. nojosu

    nojosu Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Devojki samo eucerin 72 casoven sprej e spasot,jas se potam i leto i zima ama so sprejot se spasiv.
     
  16. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    @nojosu колку пари е ?
     
  17. G.G

    G.G Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    420 денари
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  18. littlevampire

    littlevampire Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Имав голем проблем со потењето но кога го купив Fa Luxurious Moments многууу ретко се потев.Едноставно ми помогна и сега немам проблеми можам слободно да си излезам надвор со по кратки ракави,рамбовка или по прерамки :P
     
  19. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    каде го има и по која цена...
     
  20. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.995
    Допаѓања:
    33.696
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека само од оние влошките што ги имате спомнато, е само тоа му е мајката. Ја впиваат цела пот, и не дозволуваат да имаш дамки. Јас ги немам користено, но братучетка ми ги има, и беше задоволна. А за кои влошки, незнам да ви кажам. Само знам дека ми кажа влошки користела за дамките. Најубаво е да се распрашате во аптека или маркет за истите.
     
    На malifesent му/ѝ се допаѓа ова.