Се потам многу. Во зима, во лето, кога ми е и кога не ми е топло, од стрес... Среќа, потта нема непријатен мирис, затоа што гледам да внесувам течности и да одржувам добра хигиена. Решение за проблемот немам најдено, освен неколку работи што малку ми ја олеснуваат ситуацијата. Користам влошки за под пазуви ( кои понекогаш и не помагаат ), редовно ги менувам деодорансите и користам комбинација на машки и женски ( машкиот за поголема заштита, женскиот за да го маскирам мирисот).
На една facebook страна случајно наидов на производов, вака е опишан : Доколку имате проблем со потење,со само 3 дневно користење на овој спреј потењето ќе стане минато. Конечно пристигна производ кој е дерматолошки тестиран,медицински лиценциран и што е најважно од се,нема никакви шанси за несакани последици. Апсолутно ефикасен и 100% природен спреј,кој ќе ви даде самодоверба и во текот на летниот период да облечете светла маица или кошула, а ние ви гарантираме дека нема да се појави НИТУ ЕДНА КАПКА ПОТ ! Доколку не сте задоволни од прозиводот и сметате дека нема никаков ефет,ќе ви ги вратиме парите во целост !!Ефектот е видлив уште од ПРВИОТ ДЕН !! Можат да го користат и мажи и жени ! Дали некој случајно го користел, а ако не, дали воопшто би го користеле? Инаку чини 990 денари.
Имам мака со потењето во голем размер за разлика од сите корисници и луѓе што ги познавам 100% за разлика од другите во то сум сигурен...После разговор со матичен лекар ми го предложи овај спреј по истото име...И ми рече дека го има во Бугарија..Кај нас мали се шансите да го има..Пронајдов 2 со истото име..едниот е за нозе во плава боја а другиот за под пазуви сличен како на сликата..Но ме замисли цената..аптекарот ми рече кошта 200 денари..а Во бугарија над 20 евра? Додека па Матичниот ми рече ако има овде такви и се поефтини тогаш се преработени и со намалено дејство за разлика од оригиналот кој е во BG,,!..Бев во останатите можни аптеки, се јавуваа во магацини и други лица но за жал спрејот го нема на другите место...А сум убеден дека ако го имам него ке ги решам проблемите и ке носам светли бои на маици/блузи и ткн...Ако е оригинал!!!..Користев еден друг што го викат (замена) за ODOREX по име EUCERIN..и ме коштање 450 денари...Гола вода..Џабе парите без врска...Читам по интернет за мачкање на содабикаборна со малце вода да поседи пола сат до сат и туширање одма после то и немате гајле!! ова го немам направено и незнам колку ке биди ефикасно..Друго што читав е Hyperhidrosis...ако ова го имам јас и мислам дека е така тогаш чисто сумњам дека спреј или сода помага 100%..А ако го најдиш спрејот пиши од каде и колку го плати пред да барам подетално за она хyper срањето и ткн..Позз
Сестра ми има проблем со потењето. Беше денес на гости кај мене и баш ми покажа на маичката под пазувите жолти флеки, ај да речеш трчала се уморила нешто, ама ништо не правевме. Кафе пиевме и си седевме. Дали има некој идеја што да прави во врска со овој проблем. Фала ви
Уште од мала сум го имала проблемов ама не сум била свесна, сега колку повеќе обрнувам внимание на тоа и мислам на тоа се повеќе и повеќе се потам, само што ќе излезам од дома се средена абе одма и многу ми е непријатно, не знам веќе што се не пробав и јас и ништо не помага..
Јас пак имам спротивен проблем.Летото не се потам,дури и кога вежбам не се потам ич,додека мојата другарка секогаш мени блузи од што е премногу.
Богами не сакам да знам Инаку мојата другарка почна да користи Нивеа ролон и Нивеа дездоранс.Тој не се нанесува на блузите само на кожата и мислам дека и е подобро откога почна тие да ги користи,пробајте и вие што имате таков проблем
Не е ли штетен Еуцеринот затоа што го спречува потењето? Самото тоа што треба да се користи само 2-3 дена кажува колку е јако...
Не употребувајте хемикалии за да го запрете потењето. Природен процес за ладење на организмот е. Ако имате потреба, користете нешто што ќе го неутрализира мирисот. Тие со талк за против потење, душа дале за да затнат жлезди и да ги инфицираат.
Кој дезодоранс ви се покажал како најдобар? Важно ми е да спречува потење и да има свеж мирис. Не ми е важно дали има алуминиум, талк и сл.
Јас со години користм Фа рол он и најзадоволна сум од него. Пробувам и други варијанти, ама од ова најзадоволна сум.