Немам проблем со непријатен мирис под пазувите. Инаку, користам Алое вера ролон на Forever living, во летниот период потребно е да се нанесе повеќе пати во текот на денот, пријатен е и ми се допаѓа што е на природна база. Од оние на хемиска база, задоволна сум од Lady speed stck гелот. Навистина многу е траен и убаво мириса.
Здраво Во последно време многу тешко ми мириса потта. Се туширам секој ден. Ги бричам. Користам нивеа дезодоранс. Користев рексона ми беше ,,затнал,, поти па имав оток итн. Лек? Фала Позз
Јас многу се потев и имав непријатен мирис инаку имам хипертиреоза . Пробав се ама буквално и проблемот го решив така што после секое туширање ставам сода без алуминиум од аптека ја купувам и овој 96h дездоранс на Гарниер ! Не е секогаш до водење хигиена кога проблемот можеби е од внатре , проверете си функција на тироидна жлезда многу игра улога во потењето !
Девојки, во последно потта почна да ми мириса многу лошо, и ми се појавуваат се повеќе влакна околу брадавиците на градите. Можно е да е хормонско пореметување?
Закажи на ендокринолог да ги испиташ сите хормони на трет ден од циклус. Да не имаш покачен тестостерон и проверка на ехо на јајници кај гинеколог.
FSH, FH, пролактин и уште некои се испитуваат на тој ден за да се покажат најточни резултати, ќе ти каже и гинекологот.
И јас со Лидера. Мачкам по потреба, депилирам редовно и немам нервози. Инаку ужас бев откако се породив.
Вика против непријатен мирис Ама јас приметувам дека помалку се потам откако ја нанесувам После пораѓај крш Незнам уште каков део не купив, имам залихи за продавница да отворам Рексони, дове, нивеи, кристален камен, ролони, балеа , гарниер
Од пораѓајот ли ми е, од ковидот ли не знам, ама и под клима се потам бе тоа чудо едно. Вчера надвор свежичко, јас утоп. Па и мириса. Ќе си земам и јас ваква.