Ма сите Рексона стикови! И јас се потоам и тоа многу ако ставам само дезодоранс или не ставам ништо. Ама се знае дека за целосно непотење е стикот. Може не е здрав да се користи постојано, ама кога имате потреба да не се испотите воопшто - тогаш стик. Инаку ќе си се залажуваме со дезодоранс.
Добро слушнав за некој доктор од ск ако знае некој број негов нека ни пише значи имаше реклама на тв и тоа на а1 за време на лисјата ама не прочитав убаво,пишуваше со неколку третмани демек крај на потењето???Знае некој?
Јас ги имам користено сите ролони,стикови, дезедоранси, ама баш се и не ми помага воопшто. И незгодно се чувствувам веќе од црно не сум излезена.
а да пробаш со пудра за тело после туширање јас така правам во последно време многу ми помага еве оваа ја користам
А стиков што е најлево,го имаш пробано?Машки е ама јас со него немам никаков проблем ни со кругови по блузи ни ништо
Ништо живо не помага против кругот под мишка, некогаш ми се иде сунгерчиња да си ставам на маичката, посебно летен период,а само на тоа место се знојам,на други места сум сува барут.На другарка ми и се знои лицето и вика дека имала поголем проблем од мене, зашто не може да се нашминка,и со фиксатор и без, исто е,целата се размачкува. Иначе и јас слушнав за некои лекарски третмани,ама слушнав и дека не било тоа здраво,најверојатно станува збор за подврзување на потните жлезди.Ама искрено,колку ми е преку глава дојдено,би се нафатила на се,само да е ефективно и баш ме интересира,знае ли некој колку чини ваков третман?
Jarec6, машките стикови се посилни од женските, поконцентрирани. Не би ти препорачала да користиш од нив, но ако ти одговараат, ти си знаеш најдобро. Gea, има третмани со ботокс, се става ботокс во излезите на каналите на потните жлезди и тој го спречува потењето за 6 месеци. Го прават пластичните хирурзи колку што знам, а не знам кај нас дали има таква опција и колку би чинела.
Оф леле знам,знам дека е и штетно нон стоп тоа да користам,ама како зависна сум.Сега последниве месеци пробувам со Гарниер дезодоранс и стварно помага и гледам стикот да го употребувам само кога сум во нешто облечена што би се познавало или кога треба да сум цел ден ангажирана со обврски.Ама најсигурно се чувствувам со рексоната.А неможам ни со сапун ни со ништо скрос да го измијам од под пазуви,знам дека е штетен ама еве се трудам
Баш видов тука во белград има некои како влошки мали против потење. Вероватно тоа ти ја впива потта и се лепи на блузата ама незнам не усм го пробала а гледам дека го купуваат... Иначе знам дека ботокс ставаат луѓе на дланки или под пазувите и демек 6-7 месеци не се потиш ама многу е штетно тоа...
Баш. Иначе јас ставам Lidera после секое туширање, и многу ми помага, но само во врска со миризбата..
Си го имам проблемов со обилно потење од 7мо одделение...Многу ми пречи и многу ми создава комплекси,ограниченоста во облеката ме убива! Дома додека седам се потам,зимно време се потам,секогаш се потам...Воопшто не ми мириса потта ама затоа количината на пот е огромна.Пред извесно време од лекар дерматолог побарав помош, ботоксот ми беше споменат но не и препорачан.Одев 3 пати неделно на некакви неагресивни третманчиња, со сонда со радио бранови преку пазувите ме поминуваше со обична вода,као доволно би било и тоа да се внесе во кожата за да се намали потењето ( искрено никогаш не ги разбрав овие третмани и не ми помогнаа воопшто).Уствари дојдов до заклучок дека спас НЕМА, со текот на годините можеби нешто ке се смени Некој раствор гледам се спомнуваше па ке пробам со тоа и ке ве известам!
Би ви препорачала да го користите сапунчето за под пазуви од Ројал. Малку е скапо мислам околу 500-1000 ден и се продава само каталошки. Сум слушнала дека има многу добар ефект за таков проблем.
А дали некој знае како поточно се нарачува тој кристален камен? Некако се губам на нивната страна не успевам да се снајдам
У јас го имам истиот проблем, секојдневно се потам, без разлика дали е топло или ладно. Се сум пробала единстево во последно време ова го користам, мириса свежо и
^^ Савана, ќе се согласам со тебе. Јас имам проблем со прекумерно потење, но истото го елиминирам и контролирам со Лејди спид стик и со дезодорансите од Нивеа. Презадоволна сум од двата Има огромна разлика во цената на овие два продукта, но сепак имаат приближно ист квалитет
и овој е многу добар предходно го користев убаво мириса и што е најбитно дејството му трае многу задоволна бев од него не знам зошто го сменив со нивеата и таа е добра ама овој повеке трае во споредба со другите.
Имам пробано голем број на дезодоранси, но никој не ми помага. Неколку години се задржав на Rexona, барем непријатната миризба ја елиминира.Ограничена сум во однос на облеката, значи бирам материјали и исклучиво црна или бела боја. Гледам предлагате раствор уротропин, ќе пробам со него. А какви се тие влошки што се прилепуваат на облеката, ги има кај нас?