Користам најобичен ролон од Нивеа и сум многу задоволна и многу долго ми трае 6 месеци ми трае еден ролон .
Мене лично за потење доста ми помогнаа дезодорансите на Garnier. Мирисот останува долго време и цел ден да сум излезена и дс се потам не се умирисувам.
Исто и тој мене ми помага најмногу. Го имам пробано и тој за 48х што е ама нема скоро никаков резултат. Исто така за тој од 72х во скоро време прочитав дека е безбеден и за деца над 10год. Така да се надевам дека и за нас повозрасните нема да има после подолго користење некој сајд ефект. Инаку јас го купувам околу 500ден. Досега го немам начекано на 300ден.
Бен и Ана мене ич не ме спасува од смрдуцкање да кажам, а земав ко за беља две, кафеното и тоа цитрусот. Најдобро се покажала обична сода бикарбона, но за жал, ме иритира кога секојдневно ја користам. Кој не е толку осетлив, може да проба со сода. Можеш да се потиш колку сакаш, нема миризба.
Здраво девојки. Ова го користам речиси 5 години и многу ми помага да не се потам, со лоша миризба немам проблем ама имам прекумерно потење под пазуви со ова нема ни капка, но неможам веќе нигде да го најдам. Порано го купувва во аптека Betty, сега прашав во Охрид и Кавадарци веќе го нема. Баш ми е жал, без тоа неможам да се замислам читам пофалби за Еуцерин 72ч па ќе пробам иако се сомневам дека ќе ми помогне...
До утре има 30% попуст на Еуцерин во Зегин Skopje City mall. Следи ја фб страната на Зегин. Околу празници секогаш има попусти на медицинска козметика. И во Марија гален фарм има интересни понуди.
Јас овој стик од Нивеа го користам веќе подолго време. Мириса преубаво и нежно, и потам некогаш али минимално. Не ми ја иритира кожата и не остава траги некакви на кожата или облеката. Е сега составот не знам дали е добар или лош...би можел некој да каже?
Zdravo, imam golem problem so prekumerno potenje, koga i da izlezam nadvor se potam iako koristam dezedorans i sl Dali nekoi imal vakov problem i kako go resil Blagodaram
Потењето можеш само да го намалиш со некои стикови кои ќе ти затворат порите, а тоа е штетно. Користи само лесни спрејчиња без алуминиум кои мирисот го елиминираат, другото не е страшно.
Сум користела разни врсти деа, но единствен дезодоранс кој што ми помогна против проблемот со потење, е токму овој на сликата.. Не сум запознаена дали го има во мк, но деово е нешто феноменално.
Едни од најдобрите докажани производи низ цела Европа... За надвор незнам. Италијанска марка е цената е малку посолена заради и увозот ама вреди за сите пари. 90% од останатите фирми ќе направат да мириса човек убаво ама нема да му го спречи воопшто потењето. Инаку Да има во Мкд веќе некој период. Веро.. Рамстор... Веројатно и Тинекс.
Se raboti za devojce od 13 god,so redovno odrzuvanje higinea pod pazuvi i pak miris na ispoteno) koristi i rexona momentalno no nekoj sovet?
Не знам колку е здраво и правилно, но мене ми помага Asso derm антибактериски сапун (го има во маркетите). Исто така нека пие многу вода и нека внимава на исхраната (доколку јаде нездрава храна). Иако, можеби е резултат на хормонски дисбаланс поради пубертетот.
Што значи редовно одржување на хигена под пазуви на 13 години? Ако почнала уште на 13 години да се бричи, или нешто ласерска епилација со епилатор дома, да не се случило некое пореметување на потните жлезди, јас под редовно одржување на хигена на таа возраст подразбирам редовно бањање.. Да е поголема има разно разни совети ама мала е, може проблем да и направиме со било каков совет освен на лекар..