Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Непријатно потење под пазувите

Дискусија во 'Тело' започната од yummy, 27 април 2010.

  1. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    ова помага многу.. јас прво го ставам овој крем, па врз него дезодоранс. Нема потење, а дезодорансот многу подолго трае
     

    Прикачени фајлови:

    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Нормално е на тие години, често се случува, не им се урамнотежени хормоните уште, имаат нагли промени, жлездите имаат зголемена активност за разлика од кај возрасни и затоа се случува така. Многу повеќе се потат од нормалното и плус кај некои има непријатен мирис, не е до хигиената... Како ќе порасне ќе се регулира тоа, имав другарка што имаше таков проблем, после втора средно некаде се среди тоа.

    Нека пробува повеќе антиперспиранти, кој највеќе и одговара и помага, бар да се неутрализира мирисот. Рексона и мене ми се најдобри, но секој е различен, може нешто друго повеќе ќе и одговара. :)
     
    Последна измена: 10 декември 2021
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    5.558
    Eucerin sprejot, garnier sprej. И стресот многу влијае на мирисот на потта.
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Сода бикарбона нека стави на влажно памукче и потоа со тоа нека ги помине пазувите. Ќе се поти најнормално, значи не е штетно, не ги затвара порите, а нема да мириса ич.
    Ова ми е испробано и 100% делува.
    Rexona нема да и треба.
     
    На OmniaVanitas и Hortenzija им се допаѓа ова.
  5. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    15.023
    Пол:
    Женски
    Ti blagodaram na odgovorot :hug:
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. beautys20

    beautys20 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    6.082
    Пол:
    Женски
    8C392E59-EA88-4E23-929A-CAD30FC15F58.jpeg FE279CDD-722C-4386-80F4-A3D7EF6E04D2.jpeg Имам проблем со тироидна жлезда и навистина потењето ми беше многу проблем особено непријатната миризба и покрај редовната хигиена и туширање , навистина голем проблем и не се срамете да побарате решение.

    После испробано секакви производи , од кои дел ми создадоа и дополнителен проблем со воспалување на потните жлезди најдов решение .
    Се работи за обична сода , ја нанесувам веднаш после туширање на мокри пазуви .
    Исто така дезодоранс од кој сум задоволна е овој од Биотен со витамин Ц ( мириса совршено ) ! Секако огромна улога имаат и материјалите на облекате ( гледајте да биде памучно ) , пиењето вода и здрава храна .

    Содата е во мали кесички и е доволна за една употреба секоја кесична а воедно е практично и за употреба .
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Идемејако

    Идемејако Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2021
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Како се користи еуцерин 72h?
    Се туширав навечер,се исушив и ставив 2 3 шприца и чекав да се исуши.Океј е?
    Одсабајле можам уште еден туш без да ставам пак од еуцерин?
     
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Jasmine_lasoy_roll_on-scaled-e1599932514888.jpg
    Бидејќи ми беше забрането уште од 20 и некоја да ставам било што на пазувите (ни стик, ни дезодеранс, ни марамици, ништо) користев само сапун и вода неколку пати во денот. Имав мака да најдам нешто што е природно и што нема да го спречи потењето, а ќе го спречи евентуалниот непријатен мирис. Пробав повеќе работи низ годините и останав на една марка: ролоните на La Soy. Тие се на природна база и содржат есенцијална масла кои ја негуваат кожата. Јас имам многу остелива кожа и многу производи ми прават иритација, ама овој не, напротив кожата после него е нежна како свила. Мрсно е на прв допир, но никогаш не сум видела флека на облеката од него, дури и кога набрзинка ставам под облеката и одма продолжувам. Многу брзо се абсорбира и не искача остаток кога ќе почнеш да се потиш. Едно ставање наутро за цел работен ден ми е доста. Значи да напоменам, не го спречува потењето, така да ако барате таков продукт, ова нема да ви го намали потењето, но кога ќе се испотите се оддава од вас дискретен мирис на чисто и свежо а тоа ми е најбитно. Мирисот не е нападен, суптилен е и нема да се меша со друг мирис ако користите друг парфем на вас.
     
    На OmniaVanitas и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Каде се продава и колку пари е?
     
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Еве линк од нив има информации и за состав и за продажни места, нарачка и сл.:
    https://lasoy.com.mk/product-category/козметика/
    Продавничката е спроти Вулкан, од другата страна на булеварот св. Климент Охридски, а ги има и на стојалиштето на скалите во Веро Џамбо. 280 денари е ама со оглед на тоа дека ставам еднаш дневно ми трае стварно долго така да исплатливо ми е.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Aztec

    Aztec Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    739
    Ако го користиш прв пат треба да нанесуваш првите три вечери на чиста и сува кожа, а после тоа на 2-3 дена зависи колку ќе имаш потреба. Во деновите помеѓу нема потреба да нанесуваш ништо дополнително. Инфо од официјалната страна на Еуцерин.
     
    На Идемејако му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.509
    Допаѓања:
    22.876
    Пол:
    Женски
    Ај ако може да ми помогнете. Јас од август месец наваму потам ненормално. Потам и кога седам кога лежам , потам на ладно на топло, потам откакп ќе се истуширам, нз што се дешава. Дездоранси и перспиранти не ми помагат, само користам стик на рексона ама џабе, тоа го спречува мирисот но не и потта. Некое чааре за мене а?
    Само не мии викајте на др да одам пошто во Германија сум и уште средувам документи. Понатаму ќе одам а сега за сега некое чааре? Стварно не се издржува ова , вода се правам под мишки а на др места не потам ☹
     
  13. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    4.182
    Пол:
    Женски
    Пробај со еуцерин, погоре имаат пишувано за него прочитај.
     
  14. АничеБананиче

    АничеБананиче Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    3.795
    Пол:
    Женски
    Антиперспирант обавезно користам повеќе пати во денот, но сепак се потам, немам непријатна миризба освен ако не се прснам
     
  15. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.543
    Допаѓања:
    9.236
    Како да се спречи потење кое е без непријатен мирис?
     
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Имаш 4 опции:

    1. Дезороранс (не е спречување, ама пак): дезодорансите се всушност како еден вид на парфем, служат само за замаскирување на мирисот.

    2. Антиперспирант: функционираат на тој начин што привремено ги затнуваат потните канали, така давајќи му сигнал на мозокот да престане да се поти. Оваа функција ја имаат алуминиумовите соли, така што ако на производот пишува дека нема алуминиум, тогаш не е антиперспирант, туку дезодоранс. Најефикасно е антиперспирантите да се нанесуваат навечер, пред спиење, затоа што подобро функционираат при пониска температура на телото (а телото се лади при спиење). Дури и ако некој се нафрлува од антиперспирантот, може да си ги исплакне пазувите наутро, затоа што антиперспирантот веќе се впил и ќе си ја врши својата функција.

    Да напоменам дека често се слуша наративот дека алуминиумот и антиперспирантите биле штетни, што не е вистина. Ниту ги уништуваат потните жлезди, ниту предизвикуваат рак на дојка (погрешно интерпретирани студии), ниту пак можат да направат штета затоа што го „стопираат“ потењето (Прво - затоа што не се потиме само од пазуви, туку и на скалп, лице, гради, под гради, стомак, грб, интима, стапала, така што ако не излезе потта од пазуви, ќе излезе од друго место или едноставно нема да има потреба од неа - тоа е и целта на антиперспирантите. Патем, може да се користи антиперспирант и на овие други делови на телото - најчесто се препорачува за потење на стапала. И второ - секој што малку повеќе се поти ќе каже дека и покрај антиперспиранти, пак се испотил. Ако беше тоа толкава блокада, немаше ни капка пот да излезе цел ден.)

    3. Средство што содржи benzoyl peroxide: потта природно нема миризба, но во суштина неа ја „јадат“ бактериите на нашата кожа и испуштаат гасови (што би рекле - прдат :D), па оттаму доаѓа мирисот „на потта“. Benzoyl peroxide служи за уништување на тие бактерии, па со тоа и би се намалила миризбата на пот. Не знам дали е препорачливо да се нанесува на пример гел/крема со benzoyl peroxide, што ќе стои долго време на кожата, од аспект што може многу да се суши кожата или евентуално да се иритира, но со сигурност знам дека може да се искористи во форма на измивање. На пример, во туш ќе се намачкаш, ќе почекаш некоја минута и после ќе го измиеш. Кај нас знам дека Акнефуг е таков производ (benzoyl peroxide најчесто се користи за справување со бактеријата што ги предизвикува акните, оттаму и името), и мислам дека има и во вид на гел за миење и во вид на гел/крема.

    4. Во случај на претерано потење - хиперхидроза, може и да се стави ботокс (да, ботоксот има и други намени освен „парализирање“ на мускулите на лицето заради намалување на појавата на брчки) во пазувите со цел да се спречи потењето. И ова е нормална процедура, ја прават дерматолози низ цел свет, би требало и кај нас.
     
    Последна измена: 25 април 2022
    На Noemi, Aztec, _Monroe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Loly Mara

    Loly Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Приметив дека во последно време многу повеќе ми мириса потта, ставам и сода под пазувите пред да ставам дезодоранс, се бањам 2 пати во денот и пак мирисам
    Искуства? И тие што сте биле на дерматолог за проблемов ако може да ми кажете од што се состоеше прегледот
     
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.099
    Допаѓања:
    26.945
    Може ти е од храна или недоволно вода.
     
  19. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Нека избегнува Рексона. Тоа е еден од најјаките антиперспиранти. Одамна имав пишувано за ова дека не е добра опција за почетничко користење зошто после ништо нема да помага.
    Што поприродно - тоа подобро.
    Не знам дали уште можат да се нарачат и ги произведуваат ама нека се обиде со Aloe (forever living) ever-shield стик. Може ќе треба по 2-3 пати да се повторува нанесувањето ама колку што се сеќавам, беше добар.
    Не знам дали ги има, а ако да би ги имало во DM - deodorant stick CD. Исто треба да се нанесува почесто.

    И низ темава гледам има убави препораки, Cosmic Girl особено. Го немам пробано ама добро изгледа така да може и ќе го пробам :D
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. К.М*

    К.М* Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Здраво, веќе подолго време потта ми има мирис на кромид. Дали некој знае што значи тоа и може да ми помогне да се решам од тоа.. Хигиена оддржувам редовно и со антибактериски сапуни ( кои мислам дека не помагаат ништо, бидејќи ги користам и поради други работи и немам некои си подобрувања :drunk:), а под пазувите ставам стик, ви реков дека е подолго време, веќе неколку месеци и имам пробано повеќе, но не ми помогна ништо до сега. Доколку некој има некој предлог или искуство Ве молам помогнете ми. Ви благодарам:inlove: