Во пубертет е веќе, се сеќавам и јас тој период мислам дека за 5 минути веќе мирисав и тоа ептен лошо. Нека користи Нивеа без алуминиум, не штити многу ама поважно е да си сочува здравје и секако редовна хигиена. Мене ни Нивеа не ме спаси, посебно кога се породив, сама себе не се трпев
Дечки, Еуцеринот ме спаси!!! После една година потење и криење под јакни и страв од летото што доаѓа, јас конечно можам да носам секакви блузи без да испотам без да ми тече вода од мишки!! . Го користам веќе неколку дена и немам испотено ниту капка. Кога го ставив првите два пати ме штипеше али со секое наредно ставање поминува тоа!! Еве два дена немам ставено ништо под мишка и немам ништоо. НО ТОА НЕ Е СЕ!! претходно кога потев и малку мирис имав а сега немам ни мирис!! Значи стварно ви благодарам на вас што го спомнавте тука, усреќивте уште една девојка што ќе може да се шета без непријатности ова лето . А вие што имате проблеми со дискови како мене ич не се двоумете да го земете!! Ве сакааааам
Здраво. И јас прочитав овде за Еуцеринот. Предходно, бев очајна. Дури и размислував за ботокс под пазуви , меѓутоа е многу скапо. Околу 450 евра. Прочитав овде за Еуцеринот, и многу ви благодарам. Спас ! Го користам веќе 2 недели и пресреќна сум. Никогаш не сум имала проблем со миризба но се потев како луда. Работната униформа само што ќе ја облечев се познаваа цели кругови огромни мокро. Уште пред да излезам од дома. Со Еуцеринот сето тоа се сведе на минимум. Го препорачувам на сите. Го купив од Зегин , мислам дека беше 480 ден. Имам порачувано и од Америка Certain Dry но многу ме иритираше. Престанав да го користам. Фала ви за информациите за Еуцеринот. До сега најдоброто решение , а имам пробано многу работи.
Се сомневам на хиперхидроза . Дали може да се среди без хируршки зафат и како ? Ако не , тогаш колку чини хируршки зафат и каква е процедурата ?
Jaс го имам истиов проблем и имам прележано корона, не знам дали мирисот на потта ми е сменет или сетилото за мирис. Да напоменам дека дури и кокосот порано преубаво ми мирисаше,а сега ми смрди.
Јас во лето користам спреј Одорекс део. Се користи 3 дена по ред(се прска навечер на чиста кожа) и после на секои 9-10 дена. Индивидуално е тоа, зависи од самиот човек. За мене само тоа ми е спас во лето.Колку и да е топло надвор не се потам воопшто. За здраво сигурно не е ама па затоа само летно време го користам.
Јас отсекогаш се потам прекумерено било зиме било лето, но до пред некое време ме спасуваше обичен дезодоранс. Во последно време буквално никаков дезодоранс не ми делуваше, се туширам, прскам пола шишенце, излегувам и мирисам како никогаш да не сум видела вода. Вчера разлистав низ темата и го земав спрејот на Еуцерин, се прснав сабајле и цел ден воопшто не се испотив. Единствен спас ми е, така да топло го препорачувам за сите кои го имаат истиот проблем.
Јас само спрејот го земав и сум презадоволна, но не можам да направам споредба бидејќи не сум го користела ролонот.
Девојки а со ова Еуцеринов не се потите воопшто или има потење само нема миризба? Затоа што мене ми е важно да спречува потење ( знам дека не е здраво! ).
Здраво девојки, До пред 7 месеци немав никаков проблем со миризба под пазуви. Наеднаш почнав да замирисувам се пробав и ништо не ми помогна. Пробав со еуцерин и пак замирисував, бев на испитување за хормоните и тоа се е во ред. Пред 1 месец го земав кристалниот камен и ми помогна не замирисував се до пред 2 дена пак кога почнав да мирисам. Незнам веќе што да правам ќе ве замолам за некој совет.
Ставај сода бикарбона на чисти пазуви. На влажно памукче ќе ставиш малку сода бикарбона и ќе ја поминеш пазувата, истата постапка ќе ја повториш и за втората пазува. Ќе се потиш, ама нема да мирисаш. А Еуцеринот воопшто не е здраво да го користите штом не се потите.
Читам за еуцеринот, меѓутоа многу е чудно ако не се потиш ич не е нормално.....некоја да го има прочитано составот да даде коментар?