Точно ама не е баш убава глетка да носиш 12 саати униформа, да бидеш во контакт со пациенти и да имаш кругови мокро под пазуви. Мене не ми е проблем миризбата затоа што никогаш не сум имала проблем со тоа, туку самото тоа што се гледа посебно кога носиш тенка плава, салска униформа, која буквално секоја капка ја покажува. Кога не сум во контакт со луѓе не ми смета, затоа што не мириса непријатно. Дома кога сум сигурно не би го користела. Ама за меѓу луѓе се подразбира. Џабе и хигиена и шминка и се ако имаш кругови под пазуви.
Ако е навистина на природна база како што пишува во составот тогаш овој рол-он ми замени најјаки антиперспиранти што во последно време заради стрес почнаа да ми попуштаат и почна да ме фаќа паника. Си дозволив да морам да ги користам и се доведов до тој степен па затоа ми беше мака. Знам дека содата е природно помагало против потење и се познава дека и во овој рол-он има сода. Првично сакав да го земам токму овој ама потоа се предомислив и си зедов друг, освежителен како за во лето Благодарам за ова, многу се радувам што си го зедов. Ама најискрено благорадам што сподели Посебен поздрав и до вработената која ми дозволи да ги помирисам (што ми е огромен плус за да не собирам козметика која нема да можам да ја користам) и токму заради тоа и го купив. Прерано е за да го споредувам и да коментирам како би било долгорочно ама првичниот впечаток ми е тоа. Се надевам дека после ова LaSoy нема да ги зголемат цените
Не се плашете да користите антиперспиранти. Не е нездраво ако Еуцеринот ви прави да не се потите. Тоа е намената на секој антиперспирант (само веројатно ефикасноста не му е иста) - преку привремено затнување на потните жлезди да му сигнализира на мозокот дека нема потреба да произведува пот таму. Знам дека звучи страшно да кажеш затнување на потни жлезди, но тоа не е опасно или штетно по самите жлезди. А спречувањето пот не е штетно, затоа што секој што се поти повеќе може да кажи дека најмал проблем се пазувите; се потиш од многу места - лице, скалп, врат, меѓу и под гради, внатрешноста на лактите, стомак, грб, препони, зад колена, стапала, така што не спречуваш целосно потење на организмот со цел регулирање на телесната температура. Кога сме тука, антиперспирантите можат да се користат и на стапала пример, и општо, кај и да има потреба, ист е механизмот, независно од делот на телото. Самата пот не мириса никако. Миризбата доаѓа од бактериите што ги имаме под пазуви кога ќе се „хранат“ со неа и испуштаат „гасови“. Тие се размножуваат повеќе во базна средина, што значи содата бикарбона како базно соединение ќе поттикнува нивен развој, а со тоа и поголема миризба, така што не е препорачливо да се користи за таа намена. Плус, доста ја суши кожата и со тоа може да ја иритира, особено во тој предел.
Нема на што. Инаку првиот пат кога купував и мене ми дозволи да ги помирисам сите Фини се продавачките.
Здраво девојки, би сакала да прашам во врска со еуцеринот. По упатството како што пишува се става навечер, е сега прашањето ми е дали денски ако се истушираме дејството на еуцеринот ќе трае сеуште? Ви благодарам
Ти благодарам многу , ќе пробам па ќе споделам и јас, бидејќи проблемот ми беше непријатната миризба, се пробав и не ми помогна, но еуцетинот спеј 72ч е врв
Даааа ова ми е откритије мислам дека додека сум жива. Плус тоа мноогу бавно се троши со едно вакво сигурно ќе истераш три четири месеци. На попуст околу 400 и нешто излезе. На крај ќе му дојде поевтино од рексони и нивеи кои освен што мирисаат убаво немаат никаков ефект. Јас го ставам два, три пати неделно зависи. Воопшто не се потам па со тоа и нема мирис. Спас ми е цело лето. Не се секирам која маица ќе ја облечам, мирна сум си.
Zdravo , pri dvizenje ili nekoja fizicka rabota se potam pod pazuvite , i sama osekjam kako da mirisam na ispoteno. Odrzuvam higiena i koristam dezodorans sprej Nivea. Prethodno koristev Dove i Rexona, mislev deka e do niv , pa go zameniv so Nivea. Ama ete istoto mi se slucuva. Nekoe resenie da mi predlozite?