Здраво, дали знаете што се случува со еуцеринот спрејчето? Некоја аптека дали има што знаете каде е достапен да се порача?
Јас го барав и во Грција, во повеќе различни аптеки, го нема. До душа колку што сфатив во Грција и никогаш немало Еуцерин, ама ете. Како замена тука ми го препорачаа овој Vichy, гледам го има и кај нас во Зегин. Не знам дали е ефикасен, го имате користено да споделите искуства, дали вреди за парите? Дупло е поскап од Еуцеринот (во Македонија), тука е околу 500ден.
Дали е можно повеќе да мириса потта од терапијата што ја земам? Ставам дезодоранс, но ми се чини пак дека мирисам на крај на ден
Одкако се породив страшно се потам. Помина една година ама уште не е стабилизирано. Читам викате дека Еуцеринот е добар ама дефицитарен бил? Го има ли сега ? Ако не препорачајте ми друг од кој сте задоволни.
Од мојот не знам зошто не можам да ја поставам сликата. Инаку користам вакво, со 72 часа заштита е. Користев и лидера, ама како што викаш после породување се потев ненормално, и после бањање за 30 мин пак ќе мирисав, се додека не почнав да крадам од мм
стик бороталко дали имате користено,спрејот ми беше убав, како почнаа да ги ставаат на акција, катастрофа земав цитрус, оригинал и уште едно инвизибл повеќе мирисав со него...
Девојчиња,конечно најдов Еуцерин спреј ,ми го донесоа на дечко ми другар од Грузија,го платив 25евра едно и си земав 3комада . Конечно мир во мене )))
25e едно?? Зарем толку се скапи таму? Или и патот ти го наплатиле? На интернет, во Македонија и во Германија е 10-11евра
Навистина нема Еуцерин? Во ниедна аптека? Како се снаоѓате сега? На пола сум од шишето ќе треба да го штедам изгледа хаха
Пробано е и преку Амазон во Германија, ама и тие изгледа дека немаат веќе залихи. Мислам дека Еуцерин веќе не ги произведуваат.
Препорака за машки дезодоранс или стик кој трае повеќе и не остава бело, сите маици на сопругот се упропастија инаку на dove користи.