Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Непријатно потење под пазувите

Дискусија во 'Тело' започната од yummy, 27 април 2010.

  1. laurus nobilis

    laurus nobilis Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2020
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Пред да го откријам стикот на Forever Living, го користев тој на Lavera што го има членка погоре постирано, но зелениот со лимета. Мојот критериум за бирање на стикчиња против потење е да нема алуминиум. На Lavera е добар, кај мене неутрализира само миризба но не премногу долго, особено не кога ќе сум под стрес и се потам интензивно. На Forever Living стикот го добив на подарок од пријателка што е претплатена на програмата, и по нејзина препорака знаејќи за проблемот со потењето ми го препорача да го пробам. Искрено бев скептик, но еве помина скоро 3 месеца како го користам и можам од мое искуство да кажам дека ништо подобро досега немам користено. Не само што ми неутрализира мирис кога сум под стрес туку и потењето ми е намалено. Го користам секојдневно веќе 3 месеца и мислам имам за уште 2 ко ништо. Големо пакување, има пријатен мирис и не остава трагови бидејќи е прозирен.

    [​IMG]



    [​IMG]
     
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.503
    Допаѓања:
    39.117
    Пол:
    Машки
    Го нема во Грција, јас го барав последно во септември. Тогаш ми понудија рол - он на Л'Ореал и немам мака, предобар е, а ефтин, го има и кај нас секаде.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    960
    Допаѓања:
    4.035
    Пол:
    Женски
    Дај слика. Штом нема еуцерин тоа да го пробаме. И која цена е? Исто се нанесува навечер?
     
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.503
    Допаѓања:
    39.117
    Пол:
    Машки
    s-l1600.jpg

    Еве ги, ги има уште плус во некоја боја. Не ме држи за збор, јас ги земам од локална Betty аптека, помалце од 200 денари беше последно.

    За нанесување да, правилно е навечер после туширање, ама јас најчесто ставам наутро и ефектот е одличен.
     
  5. Scorpion91

    Scorpion91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Каде може да се купи овој на Forever?
     
  6. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    И јас се залетав за тој од FLP зошто нема алуминиум и кога видов после одредено време, содржи triclosan. За жал после неколку истрошени го забележав ова ама подобро некогаш отколку никогаш.
    Мене ми беше ок само ако немам поголема активност или со нанесување на секои 3-4 часа, инаку не ми беше нешто добар.
    проЅирен
     
  7. slatka39

    slatka39 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2023
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    705
    Пол:
    Женски
    Презадоволна!!! :inlove:
    [​IMG]
     
  8. Despina !

    Despina ! Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Во еурофарм замена за еуцерин спрејот ми дадоја спреј од Biotrade сеуште го немам пробано јас вчера го купив

    Овај е спрејот
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_8904.png
      IMG_8904.png
      Големина на фајлот:
      469,1 KB
      Прегледи:
      55
    Последна измена од модератор: 14 март 2024
  9. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.868
    Допаѓања:
    34.824
    Пол:
    Женски
    А нешто кога ќе ставите да е суво?
    Рол-он некако лигав ми е и се лепи, спрејот остава бело, секакви сум пробала.
     
  10. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Спрејот е предобар. Многу веројатно дека е штетен, но јас го користев доста време, неколку години сигурно бидејќи имав/имам хиперхидроза и многу ми помагаше.

    Гел. Овој на форевер ливинг погоре што го збореа не остава никакви траги и не лепи.
     
    Последна измена од модератор: 14 март 2024
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    7.868
    Допаѓања:
    34.824
    Пол:
    Женски
    Jaс сега овој го користам, демек на билна база, ама лигав ми е и ми лепи, и тоа после туширање веднаш кога ќе ставам ми лепи, и како испотена да сум.
    Ај да кажеш сум се испотила па ми лепи ама ете веднаш после туширање ми лепи.
    Некогаш ако се брзам заборавам да ставам и не ми лепи, значи до антиперспирантите е, порано користев Nivea, Rexona, Dove.
    Ја сакам кога ќе ставам сува да ми е кожата, имаше порано еден така кога ќе ставев сува ми беше. 17104086246266564251947614012186.jpg Го купив од една маалска продавница набрзина, не ни знам како се викаше, ама ми се погоди.
     
    На Splendor. му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Splendor.

    Splendor. Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2023
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    Balea-Deodorant-Cream-With-Baking-Soda-50-ml.jpg
    Исто и овој не лепи и многу убаво мириса, како крем е се нанесува со прсти.
     
    На OmniaVanitas и Anyshka им се допаѓа ова.
  13. Despina !

    Despina ! Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    А дали некој го имате овој ролон користено во аптека ми кажаја дека е многу ефикасен
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_8896.jpeg
      IMG_8896.jpeg
      Големина на фајлот:
      164,7 KB
      Прегледи:
      55
  14. Manako2

    Manako2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    7.207
    Пол:
    Женски
    Колку пари е?
     
  15. Despina !

    Despina ! Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мислам околу 700 денари
     
    На Manako2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    14.939
    Пол:
    Женски
    Одлично се покажа... преземање (1).jpeg
     
    На praski4e и Despina ! им се допаѓа ова.
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Периодов (не дека претходно не) испробувам различни производи.
    Од оние, така, поприродните:
    LaSoy: одамна го имав земено, имам и мислење низ темава. Мислењето ми е непроменето, Добар, но бидејќи го имав тој со лимон, печеше при свежо остранети влакна од под пазуви. Така да, не можев да го користам постојано. Мораше да имам нешто и за во меѓувреме.
    Lush - Aromaco: чуден мирис ама мене ми се допаѓа. Го префрлив друго пакување и ми беше лесен за нанесување. Добар е ама некако не можам целосно да се опуштам со него. Се случи и да ми предизвика лупење па почнав да приспособувам како го користам жилетот. Потоа мислам дека немав проблем ама можеби затоа што не го користам исклучиво него.

    И при тој од LaSoy и при користење на тој од Lush, имам проблем единствено со облеката. Останува чуден мирис (најверојатно затоа што се работи за природни део) и јас можеби не ама облеката има непријатна миризба, што не ми е проблем. Само да е што поприродно, облека се пере.

    Ziaja Olive leaf: како на некој кому многу работи се погодиле од нивната козметика, ова е втор производ да не ми се допадне. Не дека е толку лош или можеби го користев во малку постресен период ама не заштитува многу. Не создава иритации. ОК е за по дома. Порано имав користено ziaja sensitive и тргнав по тој зошто се сеќавам дека беше добар, ама..љубопитност, па го купив olive leaf.

    Forever living products Aloe: ок беше за по дома додека не забележав дека содржи triclosan. Од тогаш го немам користено и нема ни да го користам.

    Последно го зедов на Alverde заради мислењето на Anabelle.Amorette и откако ги проверив состојките дека се ок иако ми е многу чудно да е така при таква цена. Плус во Германија, пример, е поскап отколку во Македонија, што ми е уште почудно.
    Натаму за него, уште го немам користено.

    Има уште по некој производ ама засега овие. Исто така од страна имам купено различни део производи ама нема да пишувам за џабе кога не се достапни за сите на форумов.

    За жал, во меѓувреме, бидејќи периодов ми е стресен, користам Garnier roll on што го купувам од страна бидејќи само тој ми се допаѓа иако има состојки кои воопшто не ми се допаѓаат.

    Некако не можам да најдам нешто што навистина ќе ми се допадне за целосно да се задржам на него. Не ги менувам постојано туку им давам доста време за да се навикнам ама некогаш се случува да не можам заради патувања или слично и го прекинувам континуитетот. Најверојатно и тоа се одразува.
    Јасно ми е дека треба да има континуитет за да забележам разлика, ама не е и дека веднаш ги менувам.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Јана#1

    Јана#1 Нов член

    Се зачлени на:
    31 август 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Zdravo, dali ja ima istata funkcija kako sprejot eucerin 72h. Dali voopshto ne se potish i nema neprijatna mirizba?
     
  19. Despina !

    Despina ! Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Да истата функција ја има
     
  20. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    [​IMG]
    Deocreme Orange mit Natron & Zink, део-крем на alverde од DM

    Не додржав, мораше да го пробам. Прво го пробав за по дома и вчера решив храбро да патувам со него и притоа да не земам резерва друг со мене. Цел ден го носев, топлото мислам дека стопи дел од мене, блузата ми беше мокра, ама немаше никаква непријатна миризба. Го носев 18 часа без проблем, дури и заборавив дека ставив.
    @Anabelle.Amorette те тагнав и погоре дека заради тебе го земав за да го испробам и:
    [​IMG]

    Како што видов, состојките се ок и многу ми е чудно што е така, а е со таква цена (плус што е поскап во Германија, пример). Се надевам дека навистина нема лоши состојки и дека нема да ми пречи.

    Рано е уште да му давам конечна оцена, ова е само неколку дена користење + вчерашниот нетипично претопол ден, ама се надевам дека ќе остане вака и натаму. Според претходниот пост, одамна ми се изгуби оптимизмот дека ќе најдам нешто што ќе ми се погоди и ова дури ме чуди и дури и после вчера ќе останам скептик додека не помине барем некое време.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.