Другарка го користи овој дезодоранс од Нивеа (мислам дека е нова линија на производи) и многу е задоволна. Баш пред некој ден имаше црно облечено и немаше бели кругови на облеката. Јас да си го потрошам стариот и ваков ќе си купам. А башка и многу убаво мириса.
И јас прекумерно се потам без рзлика дали е зима или лето и како што веќе на друго место напишав спасот го најдов во оваа Рексона. Ми го нормализира потењето и башка не остава траги и се суши за секунда. 24 часа си раат. Топло ја препорачувам.
за ова непријатно потење под пазувите спас видов само во парфемираните рол-они од авон.Ауууу колку само се добри,ги препорачувам на сите да ги пробаат.Со нив имам не 24 часа заштита туку 48 дефинитивно
Тие што се потите повеќе од нормално и тоа ви е проблем,ви препорачувам рексона ама стик,дезодорансите се супер,ама оние кои имаат проблеми навистина со потењето не треба да користат дезодоранси зошто стикот многу повеќе држи
мислам дека лидера најмногу помага...барем кај мене....ке се измиете навечер и ке ја ставите кремата пред спиење...сабајле само пред да искочите дезодоранс и не би требало да имате проблеми
Ако ви се прават кругови под пазуви,ставете секојдневна влошка на кошулата,блузичката...но се разбира пред тоа да ставите стик,за да не мириса...
јас користам една крема торс се вика многу е ефтина против потење е, ја ставам после туширање претежно, и помага колку толку мириса пријатно а и навистина не се потам толку одкако ќе ја ставам
И јас го имам овој ужасен проблем Не можам да облечам светла блуза, ни зиме ни лете. Колку се чувствувам непријатно! Во последно време и јас почнав да употребувам секојдневни влошки и навистина многу ми помогна, воопшто не гледаат дека ги носите, а упиваат се и ништо не се познава на блузата. А летово кога ќе носам блузички со кратки ракави ќе барам друго чаре
Девојки тетка ми ми кажуваше пред некое време(она има ваков проблем и докторка и кажала) да се мие под пазувите со сода бикарбона едно лажиче разматено во еден филџан вода и демек помагалао и против потењето и против миризбата.Дезодоранс-рол он секако исто така.Незнам колку делува ама ништо не ве кошта да пробате
мислам дека чини 50 или пак 70 денари (не знам точно) би требало да ја има во сите аптеки, мојата ми ја зема мајка ми од рубин кармин. Добра е се исплати за парите
Тетка ми ми кажа за еден стварно ефективен метод.. Во шишенце со спреј-пумпа ( јас користам од спрејчињата од авон што веќе ми се истрошени) пастворам сода бикарбона. Само тоа ме спасува преку лето.. Помалку се потам, а и потта не мириса..
nekoja krema kazete ne e bitno kolku pari e samo da e efikasna!!!! [mod-kirilica:2s8xjhew][/mod-kirilica:2s8xjhew]
Па сигурно дека храната најмногу влијае на потта, затоа јади поприродна, непреработена храна, поедноставно храни се, овошје, зеленчук, вода многу, да, обавезно..