Ова е од LaSoy. Мислам дека се работи и за македонски производ што е уште еден плус. Ако ти се допаднал и не можеш да го најдеш, ги има на меѓуспратот во џамбо. https://mk-mk.facebook.com/LaSoyAromatherapyShop/
Благодарам. Значи јас не се потам, ама ставам превентивно, и сите антиперспиранти се мрсни и како испотена да сум. Инаку да ви кажам деновиве почнав да практикувам сода со ладна вода, кожата ми е цел ден сува, а од антиперспирантите како леплива ми беше. Едит:истиов рол-он го имам, и овој ми е некако леплив. Го купив во Веро Џамбо кај штандовите.
Видов дека е тој ама имаш пишано дека не се сеќаваш од која продавница си го зела, па посочив во случај да ти се погодил. Јас го имав лимон-вербена, со интензивен мирис на лимон. Не е леплив ама не е за на пазуви со штотуку отстранети влакна.
За еден друг пишав не ми текнува, инаку овој од Веро Џамбо. Сода и ладна вода најдобро. Ниту се лепи, ниту остава траги.
Да се само цитирам, после прво нанесување 90% се намали потење суво како барут. И тоа во сред ден на овие температури. Вреди за парите.
Не ве плаши кога не се потите од стиковите со алуминиум? Мене ми е важно да не мирисам ама никогаш не би одела против тоа. Непријатно е да, и јас сега само што влегов дома утоп цела, одма под туш и тоа е. Сите знаеме затворена пора колку може да биде штетно ама секој си знае.
Не збориме ние тука за нормално потење туку за ненормално. И јас знам во лето малку да запотам, тоа не ми е проблем, ама да одам цело време со испотена мишка, со круг од пот поголем од цицките, не фала. Мене не ми помагаше ни туш ни ништо, после тушот за пола саат ми течеше вода од мишките и тоа на ладно време. Поарно ќе користам и алуминиум и се отколку да одам надвор цела испотена, ем шо луѓето ќе те напраат небањата ем и на мене ќе ми пречи и ќе ми биде непријатно.
Затоа реков секој си знае за себе. Инаку и јас сум со кругови ама па ете знам дека и се бањам и јас и сите останати. Јас не би користела. Мене од се најмногу ме нервира кога ми се залепи маицата ама тоа е, кога подолго време сум излезена носам бои кои помалку се познаваат.
Секој за себе. Јас сакам да си носам се и да не се ограничувам. Стик користам откако знам за себе, откако почнаа да ми растат влакна под мишките. Еуцерин спрејот го користам 3 години. И ништо лошо ми се нема случено, незнам вие шо очекувате дека ќе се случи. Тоа да е толку многу штетно како шо го прикажувате , нема ни да го продаваат.
Сериозно прашуваш за под пазуви што лошо може да се случи? Еве Лидера на пример, поштетна од нејзе нема, пред неколку години беше забранета во некои земји, дека спречува потење, да, многу помага, ама никој нема да се замара за нашето здравје.
Па во мк богами и 10 пати треба да размислиш пред да купиш нешто. Многу штетни работи шо се забранети во Европа, во Мк се продаваат како алва. Како на пример таа тавата напраена со некој отровен материјал. Еве и Лидерата шо викаш. Ама не значи дека на некој ќе му се случи нешто лошо ако користи стикови и ролони. Секој организам не е ист, за тебе ако е лошо, за мене не е. Исто и со алергиите, јас ако сум алергична на банани, не значи оти и ти треба да престанеш да ги јадеш.
Е тоа, што на секој не може да му се случи, ама јас си викам па може јас ќе сум ,, среќниот добитник" и се плашам, па вака си имам помалку стрес како што сум паничар
Не биди толку сигурна. На секој е оставено да си одлучи ама немојте да се потпирате на тоа дека ако нешто е штетно дека и нема да се произведува или да го продаваат. Од пред (околу) една година е регулирана и забранета состојката која беше проблематична кај Lidera и сега кремата има нов состав. Lidera не е македонска марка, словенска е и не произведуваат посебен производ само за македонски пазар. Составот на антиперспирантите е ист речиси секаде, со разлика помеѓу САД и ЕУ. Има и други отстапки при квалитет, секако. Се работи за штетни материи кои преку кожата и преку пазувите навлегуваат во секој организам. Не е споредливо со алергии.
Некој што го има користено Еуцерин спрејот, а да ги има користено и овие да направи споредба? Од кое сте задоволни, кое е најслично на Еуцеринот..? Ги гледам и цените, едното е 1200/1300ден за 30мл, другото 700/800ден за 50мл..