Последниов период, односно откако е многу топло времето забележав дека потта ми мириса многу лошо. Мирис на кромид. Е сега, исто толку време не користам вообичаени дезодоранси, спрејови, антиперспиранти(така нешто ми се заврте во глава дека многу се прскам со таков тип заштитни спрејови па штетно итн и прво користев едно "природно"стикче ролон кристал, а од пред некој ден ролон од дм исто сензитив без алкохол и алуминиум. Дали и претходно било исто ама сум маскирала, па сега го осеќам, ама мирисот е ужасен.. (Пред повеќе од месец бев болна нос, грло, синуси..) Некој со сличен проблем, искуство?
Тоа може да ти e од кристалниот камен, инаку многу го фалат и им помага (ама ете мене не ми се погодило). Подобро земи си рексона. Евентуално има и на алое вера, ама сега не знам како оди со нарачување (https://www.aloe.com.mk/product-page/aloe-ever-shield-deodorant-stick-сув-алое-дезодоранс). @Вереничка
Zdravo, dali od nekade go nabavuvash sega eucerinot 72h. Bidejki podolgo vreme go nema. Ili ako imash nekoja zamena da ja predlozhish?
Имам уште од тој, трае баш долго. Инаку го нема ни во Бугарија. Кога ќе го потрошам, планирам овој да го земам оти како најсоодветна замена ми изгледа:
Ја веќе две години користам само гликолна киселина против миризба... Конкретно од The Ordinary, као дезодоранс ја нанесувам. Не мириса на ништо... А ова за непотење е мит, нема што да ставиш да не се потиш.
Прашав овој не е замена за пумпата. Овој само не дозволува да мириса потта. Така ми објаснија. А и јас мислев дека ќе може да го замени. Инаку го земав Одорексот и воопшто не сум задоволна. Само еуцеринот беше спас и го повлекоа. Во грција го има ли некаде?
Во зегин. Е тоа незнам. Меѓутоа овој би го пробала, не дезодорансот. Еуцеринот го спречува потењето милион посто
Лани го зедов ролонот наводно за замена, врска немаше, само пријатно мириса, џабе толку пари за ролон. Баш имав пишано поназад. Инаку и јас од Одорекс не сум баш баш задоволна, намалено е ама пак потам. А и чешањето, првиот пат воопшто не сетив ништо, но сега веќе сеќавам чешање дури и во деновите кога не го нанесувам.
Девојчиња, велите не е соодветна замена за спрејот. Го нема ни на Амазон. Што велите за Vichy? Но, сите се како ролон, ги нема во спреј како Еуцеринот
Не е замена за спрејот дефинитивно. И јас се мислев за Vichy ама не зедов, ако некој има искуство нека каже. Одорекс е така-така, како што кажав е намалено потењето ама не е толку ефикасен како Еуцеринот, и плус чешањето. И за тој Absolut torr/Absolute dry се мислев, па и за него некој ако има искуство нека пиши збор два.
Да, за жал нема испорака до Мк. Затоа и пишав дека е само во Германија достапен колку за информација, може некој ќе си нарача по некого да му прати....