Па ок, можда до мене е проблемот. Мене со 19% алуминиум не ми држи над 6-7 часа, камо ли со 0. Тек па ако тргнам пешки некаде..
Ти сигурно немаш непријатно потење чим те држи тоа. Мене дездоранс никогаш не ми помагал. Порано користев рексона стик секој ден и бев во ред, ама пред 3 4 години кога ги оставив антидепресивите, почнав како свиња да се потам, пола саат после туширање имав цел круг вода под мишките. Ни рексоната помагаше ни ништо. Само еуцеринот ме спаси. Сега мора да бараме друго решение. Блазе си на вас шо не се потите
(малку офф-топик, ама повзрано) како ги переш/чистиш флеките по маици од такви дезодоранси? да не се разбереме погрешно, кога се потам и кај мене се прават кругови од пот кај мишките и грбот. само не мирисам непријатно (по реакција од луѓе од околина )
Никако, не се чистат. Пробав многу пати, и со средство баш за таква намена од ДМ, не излегува и не излегува. Уште не сум ја нашол тајната за успешно избелување маици под мишки, ако некој друг знае нека каже.
Да, ама кога се потиш. Еве јас например, нонстоп се потев, дури и кога лежев се потев, дури и кога седев во ладна соба. Нонстоп, по цел ден и ноќ испотена бев, и тоа многу. Без физичка активност. И тоа е баш непријатно.
Ова е против непријатно потење. Сега барем нема грижа и може да се носи секаква боја облека и на 40+ Еднаш неделно и тоа место е суво цела недела и не е важно дали се бањаш секој ден после нанесување. Јас пак ставам тенок слој на стик од рексона од алое вера и користам и гел за туширање. Се најнормално.
За флеки пд под мишки со сода триење и до сапунче за флеки. После кога се пегла, на тоа место со пеглата убаво се поминува, привремено се губат. До сега имам 5 вида стикови на природна база. Мене не ми делуваат за 1 саат смрдам на твор.
А си пробала да се измиеш со ладна вода и со сода? Јас не се потам многу (ама ставав превентивно), од тие со алуминиум по не ми се правеа флеки на маици отколку тие на природна база што се. Тие на природна база кога ќе ставев, значи на кожа сува и чиста, седев дома под клима и водена ми беше кожата и ми се лепеше како лигаво. Сега од здраствени причини избегнувам, многу ретко ставам, со сода и ладна вода ми е супер и не ми е лигаво и лепливо. Ама за потта ако мириса многу јако има и други фактори што така мириса, да се проверат и хормони, зависи и каква исхрана јадеме, што терапија пиеме.
Не постои човек што не се поти. Како што имаш забележано, потењето е поврзано со лековите, кои како што е познато, имаат влијание врз хормоните. Затоа децата се потат без мирис, нели. Така што, проблемот со надмерно потење и мирис, треба да се бара и решава внатрешно.
Па да ти кажам има и деца од 10 години што им мириса потта. Сигурно е поврзано со нешто внатрешно, не е тоа од ич ништо.
Догодина ќе се лечам Биљо, дај уште оваа година да ја дотуркам со препарати против потење. Ќе се лечам ако уопште ми дадат упат за било каде тука во Гер .
Мене еуцеринот ми беше спас, сега го нема. Морам да пробам од ова што го земате како замена. Колку пари, толку, тоа е. Барем ќе сум спокојна. Пишете искуства за некое време.
Лечи се во Македонија Озбилно, напрај си ги сите испитувања и потврди од дијагнози, и тресни им ги од глава на овие горе И не користи алуминиум.
Има и рол он од Еуцерин за интензивно потење, може и тој да ти врши работа. Пошто гледам за спрејот пишувате, ама го нема, само рол он имаат.
Знам за ролонот, ама некои членки пишуваа дека не е ефикасен како спрејот. Иначе и од овој од сликава има рол он , 20 и нешто евра е, па се мислам дали спрејот или ролонот да го зеам.
Јас и за ролонот имам слушнато поделени мислења, кај некој делува кај некој не. Немам искуство јас со таков проблем па не можам да кажам.
Не заборавам, но сепак сакав да почекам барем една недела за да не избрзам со одговорот. Од минатиот вторник почнавме да го користиме со сопругот Absolut Dry (по ново бил Absolut Tor) и можам да кажам дека засега сум презадоволна. И јас и сопругот го употребивме два дена последователно и потоа 6 дена немавме никаков проблем, денес нанесовме повторно. Во меѓувреме секој ден туширање.... Се надевам дека и овој нема да го снема за брзо затоа ке земам уште едно да имам резерва Се надевам дека ќе ви помогне и вас....