Уфф јас кај нас го земав од ДМ, незнам дали и таму го има во ДМ. Види на Ebay, таму ми го даде за Германија....
Ролонот на еуцерин не е баш ко спрејот. Ок ми е, ама зима е, секој ден се шњакам па рексона или дав плус. Јас го сакам спрејот. Навечер ставам на чисто, и тоа на три дена, од сабајле рексона дав нивеа зависи за кој мирис сум во муд и со која облека и кој парфем дневно. Плус еднаш неделно со бензил пероксид се мијам. Утре купувам апсолут драј. Ова ми е цела филозофија мене.
Не е како спрејот, ама врши работа. Спрејот, спречуваше потење. Ролонот еден ден си сува, веќе наредниот се потиш ама минимално. Јас го ставам на трети ден, можеби треба почесто.
Го земав апсолут драј, тор.. како и да е. Впечатоци позитивни, ич не се потам, ама ставам и за мирис преку ден, баш е свежо и држи. Голем лајк од мене.
Здраво сакам да ве прашам дали имала некоја ваков проблем како мојот во последно време многу ми мирса подта личната хигиена ми е на прво место ставње сапунчиња со сода бикарбона пробав со секакви дезодоранси прфеми ништо не ми помага.Па сакав ваше мислење..
Многу зависи и каква облека носиш. Ако не е памучна и од неа може да мириса. Смени и начин на исхрана.
Испитај урина, шеќер, тироидни и полови хормони. Многу зависи потта од нив. Ако земаш некои лекови и суплементи и тие можат да имаат ефект врз потта. Се надевам дека ќе си го најдеш чарето. Среќно!
Здравооо, тие што го користевте Eucerin 72h бидејќи веќе го нема што користите како замена? А да е исто добар како еуцеринот?
Мислам дека помина веќе 1 месец откако го користам овој, отприлика еднаш на 5 дена или неделно, може треба повеќе. Еуцеринот го стопирав, за да видам овој како ќе се покаже. Држи, али не е баш ефикасен како еуцеринот, се потам минимално. Како шо кажав, можеби требаше почесто да го користам. Мм планира да оди за Мк, ќе му кажам да ми земе од тој Absolute Dry и него да го пробам.
@Adidas888 јас го користам Аbsolute Dry, и многу чеша. Абе ноќе ме буди силно чешање. Еуцеринот вака ми правеше едно два, три пати додека го навикнам ама ова си продолжи така
Јас имав слично искуство со Absolute Dry, но видов после дека не треба да се става веднаш после бричење со што ми текна дека и со обични дезедоранси ме печат ако ставам после бричење. Така да обично го ставам наредниот ден или после 4-5 часа од бричењето и не сум имала проблем одкога почнав така да го користам. Јас бидејќи многу се потам ставам два дена по ред и потоа околу 7 дена не нанесувам и сум многу задоволна.
Не користете разни дезодоранси и хемиски препарати кои може да наштетат повеќе, доволно е само малку сода-бикарбона натапкана со малце вода, и нема мирис цел ден, јас тоа го практикувам повеќе од 10 години..
@Adidas888 и моите користат сода и се многу задоволни. Дали си пробала од оние на La soy ролоните? Мислам дека наназад ги имам објавено со слика. Многу сум задоволна од нив. Нежни се за кожата, велат дека се без штетни хемикалии. Како да се етерични масла..ама лесно се абсорбираат во кожата и не остава масни флеки на маиците. Кога ќе почнам да се потам, некој пријатен мирис на свежо испушта кожата, не е она замаскирано пот со парфем.