Обично ролоните не ми помагаат, особено ако немаат алуминиум. Ако има алуминиум во него, дај ми слика па ќе го купам.
Не е работата да не се потиш, но да е без мирис, а тоа ќе го постигнеш со содата, а кога ќе помислам само на разни дезодоранси кои го стопираат потењето, како оние со КОБАЛТ, почнувам да се ежам, каква се штета може да ти нанесат ..
Да за миризба помага сода бикарбона, ама е многу груба за кожата и треба да се внимава, и таа може да направи беља (да потемни кожата под пазуви, или да се лупи). Најубаво да се комбинира со друг природен ролон, или да се направи дома во комбинација со масла.
Кога ми почнуваа тинејџерските години почнав да се потам под пазуви. И буквално сè од дезодоранси имав пробано, ама џабе, мирис спречуваа, ама потење никако. Е тогаш видов на интернет рецепт за домашен дезодоранс (сода бикарбона, густин и кокосово масло) и да ви кажам се изненадив кога го пробав. Мирис никаков од дезодорансот, а со тек на време и потењето ми се намали. Е сеа не ме држете за збор. Може беа тинејџерски години, па потењето само од себе се стабилизарише, може е дезодорансов, но ете, да си пишам мое искуство во темава. Над 5 години го користам мојот домашниот и не планирам да се префрлам на друг сега за сега.
Па немам проблем со мирис, само со потење. Ете еуцеринот 3 години го користам, никаков проблем сум немала. Ама го повлекоа од продажба . Сега мора да се бара друго чааре.
Да, без алуминиум се. Јас се па такви барам. Што знам, јас не сакам да спречам потење само да не мирисам. Јас користам сега ролони на бороталко без алуминиум. Не се толку добри како на ла сој ама ок е. Инаку за потење се потам и со ролон, ама важно не мирисам непријатно. Ти велам и во лето кога е преку 40 степени, на чисто, на сапун ми мириса облеката под пазувите од овие Ла Сој. А кожата ми е понегувана и нежна. А со сода кога сум ставала разликата е што кога ќе се потиш не мириса на ништо. Неутрален си. Е сега некои соди може се почисти, помалку алуминиум имаат и сл..не знам треба да се провери кога се купува. Плус на некои црни маици гледам се оштети со време бојата од содата..
Имала ли некоја искуство со Одорекс на Биотрејд? Првото и второ пакување океј сега примеќам како да го губи ефектот со секое наредно пакување, а го ставам како и прв пат..
За лупење не, но ако под "груба за кожата" мислиш на оние паковања со ситни зрнца, побарај паукувања темно плава боја, од 500г, таму содата е во форма на многу ситен прашок ..
Јас лично користев само сода, и да, нежн ами е многу кожата и ми потемнуваше и се лупеше. Затоа не советувам чиста сода да се користи, без разлика дали е ситна или крупна, иако крупна сода бикарбона не сум ни видела.
Содата често содржи алуминиум, па затоа и не е баш препорачлива за користење. Иста е ко антиперспирантите што содржат сода. Мене лично не ми е јасно зошто сакате да сопрете природен процес како што е потењето, не знам ни дали кога одите на ехо на гради и мамографија ви кажале за штетните последици од антиперспирантите што сопираат потење.
Јас до сега немам и не сакам да користам ништо што ќе ми спречи потење зошто знам колку е штетно. Ама како да ги спречиме огромните кругови под пазуви што се прават по само еве половина час? Непријатно е. Не можам да носам маици какви сакам и бои какви сакам само поради тоа. Да не има некое поприродно решение?
Јас носам претежно бело кога знам дека ќе бидам меѓу луѓе подолго време. Обавезно си носам нешто за пресоблекување, повеќе сакам да се пресоблечам отколку на испотено само дополнително да ставам производ. А и си купувам онакви влошки за под мишка за ситуации кога носам други бои. Друго решение нема. Не се потам прекумерно, ама сепак се потам и тоа секогаш и единствено под пазуви. Тоа е. Повеќе вода, поудобни материјали. Знам дека се боцка ботокс за хиперхидроза, ама тоа по советување со доктор и дијагноза.
И јас сум повеќе во бело, ама сакам и други бои да си носам. Тие влошките каде ги наоѓаш, ги имам и јас гледано по тему и али експрес, ама не знам што материјал се, и тоа да не е штетно. А ги има вака некаде кај нас?
Ми личат на памучни, ги имам земано и во Стокомак, на парче ги продаваа, и во Виола во гтц мислам, во пакување можеби од десет парчиња. Личат на обични секојдневни влошки, само се поголеми.