Дојдов само да ви кажам дека прекумерното потење ми престана. И пресреќна сум . Од август/септември немам користено ништо за таа намена освен шо си ставам рексона стик секој ден. Дали самото од себе прекина или овој производ од сликата ми помогна за тоа, незнам. Оти последно го користев овој, слично на еуцеринот е
Дали имате некое решение против потење но без алуминиум? Дали топло или ладно време кај мене нема разлика... Кога имам трема од нешто ајде сфаќам до некаде но ова е претерано. Секакви дезодоранси имам испробано. Мирис можеби нема да има но јас жива вода. Не можам тесна и светла блуза да ставам. А не сакам не сигурни препарати, и препарати со премногу хемија.
Мислам нема,да имаше нешто природно ,ке го знаев,пробано се.Јас за излегување и работа ставам ,за по дома вадам тоа и се мијам.Кој сака хемија ?За изразено потење само тоа е спас.Сум пробала и со влошки под пазуви,ама некако не се лепат.Идам до тоалет ,и поминувам влажна.Друго ми имаат предложено ботокс.Како мислиш -така.
Со влошки исто испробано ми е но не успешно, брзо се одлепуваат и плус често на некои блузи се познава дека имам залепено.
Нема подобро од ова,не остава трага,ама треба да го ставаш вечер пред сиење на миено,и пот нема.Се имам пробано,ама нели викаат не е здраво .Ама да одиш со онакви лочки под мишка и маица да не облечеш,срам ми пага.
Јас сум презадоволна. И тоа замисли во бременост го користев, бидејќи се останато не помагаше. Еве сега пак сум бремена и пак си го земав. Од мене препорака.
Јас не бев задоволна ниту од Еуцерин ниту овие на Форевер. Као не се штетни, ама ништо не се ни ефикасни. Штетно или не, ставам рексона, дове , бороталко...
пробајте со сода бикарбона онаа ситната (без зрнца), нема мирис цел ден, не ставајте разни хемикалии кои може да ви нанесат повеќе штета.
Не содржат ништо штетно за здравјето, туку за алиштата. Имаат во составот алуминиумски соли, ги вапцаат маиците.
Врв ! само ме нервира пецкањето и црвенилото после тоа... а се туширам секој ден и се бричам , сеуште е суво