Непријатниот мирис на потта произлегува од ацидоалкохолорезистентните бактерии кои го населуваат тоа подрачје.
Јас имам друг проблем - неконтролираното потење. Потта не ми мириса воопшто, туку проблемот е во правењето на огромни кругови под пазувите, без разлиика дали надвор е -20 степени. Долго време не можев да носам посветла облека, бидејќи тие се познаваат, а штом забележам дека се тука, мислам дека од стрес уште повеќе се зголемуваа.Пробав се и сешто, не знам какви ти не препарати и ништо не ми помогна, но најдов некое привремено решение. Можеби некому ќе му звучи смешно, ама јас немав друг избор.Во плакарот еден куп гардероба со светла боја, а јас постојано во црно. Си купив дневни влошки, оние најтенките и залепив на фустанчето од внатрешната страна под пазувите.Тие се доволно тенки и воопшто не се познаваат. И искрено бев пресреќна.Немаше никаков круг под пазувите, а јас можев слободно да ги кревам рацете нагоре.
седам во ладна просторија не баш натрупана со облека и кога гледам круг леле мајко а многу мрзам кога во школо ќе ми се напраи маицата со толкави кругови ии сите расоблечени јас ко некоја ненормална со дуксер седам
И мене истото ми се случува, потта воопшто не ми мириса, ама се потам и кога е многу ладно, се тресам од студ, а под пазуви цели кругови...катастрофа...незнам веќе кој спреј го немам пробано, ама никаков ефект
Јас имам пробано со сода бикарбона( растворена со вода) под пазувите и навистина многу помага, воопшто не се потам, пазувите ми се секогаш скроз суви .. Почнав да ставам секој ден само не знам колку е здраво тоа секој ден да се користи пошо и не е баш здраво да не се потиш ич.
Може да ти е наследно тоа што потиш ама барем денес има добри ролони и дезодоранси, јас ќе ти препорачам да си ставаш од Нивеа ролон или дезодоранс и нема на пот да мирисаш, туку пријатно на Нивеа. Држат ролоните и дезодорансите, а можиш и да си носиш влажни шамивчиња да се избришиш и да си ставиш дезодоранс и НИКАКО немој на веќе испотено дезодоранс да ставаш
Твоето потење е последица на стрес, и постојана опседнатост дали ке се испотиш или не треба само да се опуштиш, да не бидеш напната и тој проблем ке исчезне. Инаку неконтролираното потење и кога условите се со нормална температура може да биде проузроквано од проблеми со тироидната жлезда но колку што сватив кај тебе се работи за стрес. Не постои нити рол он ниту дезодоранс кој ке го спречи потењето туку тие само помагаат, да се отстрани непријатната миризба, исто така и сода бикарбона која ја кажуваат за се и сешто не само што не е препорачливо туку и може да биде штетно. Само де ми одговориш доколку е можно ти и девојчето кое рече дека во школо мора да седи, со дукс затоа што и кога е ладно се поти, дали и дома тоа се случува од чиста мира да се испотите ли само кога сте излезени? Инаку нормално дека и јас се потам како и секоја нормална девојка на оние пеколни температури во лето , и во тој период се трудам да не носам маички со ракави, туку отворени и секогаш имам со мене паломи и секогаш кога ке почувствувам дека сум малку повеке испотена, само со благ допир со паломата колку да ја впијат потта и продолжувам понатаму, и пред се, се трудам да бидам опуштена во секоја ситуација бидејки нервирањето и напнатоста, ја зголемува температурата на телото и ги потикнува жлездите, да лачат пот за да го разладат телото што им е основна функција иако тоа нам ни пречи.
Јоана18 што се случи, го порача и ти Perspirex? Кажи ни искуство ако и тебе ти помогна да го порачам и јас бар ќе го користам кога носам побледа облека. Колку чини.. чекам одговор Нова Година се ближи
Луге дај не се играјте како така ставате сода бикарбона под пазуви пред излегување плу сува ај растворена па некако и да сватам но сува? мислам тоа дека, помага ви е само психолошки бидејки кога ке ставите сода се чувствувате посигурни и уверени сте дека ке ви помогне, и затоа помалку се потите. плус некоја од вас спомна дека врз содата става и рол он уште кога ке се замеси содата со рол онот па ако сте без ракави ке изгледате по ружно отколку утоп да сте испотени.
Светилка бидејки не се потиш како тие што се потата затоа не разбираш... ете и јас до претходното лето не се потев воопшто и сеедно ми беше каков ролон ќе ставам, но тоа се смени ,женските антипреспиранти воопшто не ми помагаа, па користев машки ... пробав сешто но ете можеби ми е наследно незнам и од содата воопшто не мириса , пробав и со неа си ставам сода па бебешка пудра... Проблемот на девојките што пишуваат не е миризбата на потта туку круговите под пазувите....
И јас се потам нон-стоп , и на топло и на ладно , и надвор и дома седам и сум испотена под пазувите , често ги менував средствата за под пазуви , имам пробано секакви дезодоранси , ролони , но потта ми мириса многу непријатно дури така кисело ... значи пример се туширам наутро , облекувам чисто и без разлика дали одам на училиште или седам дома се потам во рок од пола саат - саат , неподносливо е веќе ...
ќе може ли да ми кажете од каде го земате уротропин растворот? јас прашав во неколку аптеки ми кажаа дека го немаат
Луге имам голем проблем со потењето под пазувите премногу се потам зимно време ке седам и ке се потам а летото да не го спомнувам дали знаете некој лек против потење бидејки ова моево е стварно ненормално.користев секакви анти преспиранти,стикови гелови ама ништо не помогна ако знаете нешто што би ми помогнало ве молам да кажете.благодарам однапред
Постојано потење под пазуви Леле да ти кажам и јас се потам често под пазувите, ама користам Нивеа стикче и престанува потењето. Не знам дали имаш пробано, пробај го, ако не оди на дерматолог мислам најдобро решение е тоа
Постојано потење под пазуви И јас го имам овој проблем, имам се испробано али џабе ништо не помага. Ставам стикче колку да не мирисам, иначе еднаш неделно обавезно кога се бањам ќе растворам сода бикарбона и вода во чаша и со тоа се замивувам под пазувите. Ама да ти кажам не е нешто многу ефикасно, само првите 2 дена не се потам после пак продолжувам. А особено кога сум нервозна или напната ....
Постојано потење под пазуви Ова веќе го коментирав на слична тема, ама еве ќе го пишам пак. Истиот проблем го имам и јас и купував секакви производи, нема што не пробав и ништо не ми ги спречи круговите под пазувите. И пред некое време ЕУРЕКА!!! Ми текна да пробам да залепам дневни влошки на внатрешниот дел од фустанчето, кој доаѓа баш под пазувите. Отидов, купив од најтенките дневни влошки и ставив. И воопшто не ми се направи круг. Бев пресреќна и на некој начин го решив проблемот колку-толку. Не дека сум измислила дрвен шпорет и треба да заслужам Нобелова награда, меѓутоа си изнајдов некое привремено решение.
Лидера во никој случај ги затвора порите и предизвикува рак на градите па луге бре нормално е да се потиме а и не е здраво да не се потиме користете само дезодоранси кој не содржат алуминиум хлор хидрат поради тоа што алуминиумовите соли се штетни, можеби сега сум ви смешна ова што ви го кажувам, али грижете се за вашето здравје и во никој случај креми немој да користите, еве ја си ја користам ниева фреш дезодорансот со сивото пердувче се потам али не толку,и не мириса ВНИМАВАЈТЕ!