Вака значи... Неконтролирано потење не мора да е предизвикано од стрес, всушност расположението не ни влијае. Ако навистина премногу се потите ( хиперхидроксија )...Постојат инекции кои се вбризгуваат мислам во жлездите, и траат 6 месеци.. Не се опасни воопшто, сестра ми ќе започне со такви третмани во брзо време ( сеуште истражува се околу тоа, ама доби тотална подршка од моите дома кои се доктори )... Инаку имате предобар дезодоранс кој може да го купите во аптека ( 600 денари е ) се вика VICHY пробајте го. Вака изгледа...
Што примамлива цена, само 600 денари... Девојко, а ти да одиш на ендокринолог? И после брич, ставај бебешка будра на тоа место.
^ за вакви проблеми се иде на лекар,ја имам другарка која истото и се случуваше и лекарот и даде соодветни работи за тоа и после кажа дека и се намалило тоа не е нисшто страшно ни срамотно секој човек различно а мислам дека лекарот највише би помогнал од сите тие работи рексони виши и тн
Последниов месец потта почна да ми мириса понепријатно. Не е нешто што не може да се среди со дезодоранс, но на пример еве сега седам дома и едноставно потта ми мириса лошо. Порано никогаш не ми било толку... На што може да се должи тоа? Во последно време имам мали проблеми со исхраната, т.е. не јадам доволно, но мислам дека тоа не би требало да има некако влијание..
А да не го имаш сменето анти преспирантот,а може да е и од некој омекшивач ако имас проблеми со потењето како мене,мене од омекшивач ми се има случено тоа да ми засмрди потта а порано не ми мерисаше,храната нема никаква поврзанот.не ги менувај често анти преспирантите и омекшивачите.позз
Да! Користев Нивеа, па сменив Адидас и имаш право од тогаш започна. Но сега еве веќе недела дена користам повторно Нивеа и исто е...
Вака ке ти кажам и јас го користев адидас и засмрдев како кочина или отпад сеедно не мерисаат убаво ни двете не го менувај анти преспирантот веруј од тоа.а сеа пак ти мирса потта?- земи пудра ставај после туширање јас користев бекутан сеа користам фелче азура.др нз што може да ти помогне
Ниеден стик и дезодоранс не му е рамен. Нема мирис, но колку-толку го забавува потењето и никаква непријатана миризба не се шири од вашите пазуви. Сигурно го има по аптеките, не знам точно да ви кажам бидејќи мене ми го купи мајка ми.
Вака сега да ве прашам, не знам кај прочитав за ова дали тука на форумов или некаде по страниве на нет дали имате пиено чај од камилица со пола исцеден лимон на вечер пред спиење за да се намали поттењето, ако некој ова го прај или го праел секоја вечер тогаш се моли да ми кажи дали е ефектно и колку време треба да се пие фала многу
ne se kupuva od apteka tuku se poracuva samo preku distributer na firmata Forever Living Products,ne samo stikot site proizvodi se inzvonrednodelotvorni na ta firma i site proizvodi se na osnovna baza na Aloe Vera!!
Гел за под пазуви на домашен начин... Се што е потребно за да направите домашен козметички рецепт е – испробан добар рецепт и малку труд. Пред Вас е еден извонредно ефикасен рецепт за домашно направен гел за под пазуви (пандан на Rexona…), кој не само што ќе ви се допадне на мирис, туку истовремено ќе трае подолго одошто очекувате и верувајте!!! – Сите ќе го забележат специфичниот благ мирис од детството а не знаат од каде потекнува. Што е потребно за ова козметичко чудо : Кокосово масло Сода бикарбона Капка масло од витамин Е(може но и не мора) Капка етерично масло по желба Пченкарен скроб ( нишесте) Измешајте ги состојките и никогаш повеќе нема да идете во продавница по гел за под пазуви!!! Ова го најдов на еден сајт па можеби ке помогни
немам таков проблем ,имав другарка која го имаше ,и се кутрата имаше пробано ,непријатна миризба никогаш немаше ,али сите блузички и беа уништени,
И јас имам проблем со прекумерно потење. Ептен се потам и зима и лето и дома кога седам ма сегде! Стварно е неподносливо. Сум користела секакви дезодоранси меѓутоа ми помогнале само за спречување на миризбата, а да не се потам јок!