И јас го имам истиот проблем. Потење колку сакаш зима се потам ама не толку ама лето како со кофа потурена. И веќе сериозно размислувам за ботокс зборував со мајка ми и решена сум да се нафатам на таков чекор барем летото да си го поминам убаво. Само не знам колку чини и каде се прави, ве молам ако некој знае да ме информира.
девојки..прообам со рексона машки и женски ама џабе..се потам како нездрава..неможам од дома да излезам :/ ве молам кажете ми нешто што навистина помага..што е испробано
И јас го имам овој проблем, додека сите кулираат раслечени јас ко еским сум, се кријам! Бруки... Што се не пробав ништо не помага! Нешто што најмногу досега ми ја олесни ситуацијава е машки дечкото на лејди спид стик
Мене многу ми помогна.ја земав од Супер Тинекс за 124ден.(мислам дека беше волку,ама сигурно не е поскапа од 150 ден.) Се става два пати неделно без да ја втриеш во кожата. Ја користам еден месец и стварно има резлутати
Во последно време и јас го имам овој проблем,и премногу ми е непријатно поради тоа... На ден менувам по неколку блузи,се туширам ставам стикови,дезодоранси и триста чуда но ништо не ми помага... Колку само пропаѓам во земја кога некаде на гости ќе знам дека сум жива вода и не се помрднувам.А како за беља не е само тоа проблемот мене вода ми тече и од дланките и од стапалата,многу често ми се испотени а со тоа допринесуваат и целосно потење.На лекар еднаш ми рекоа дека сум имала некој проблем ама од немарливост баталив тоа и не отидов да се проверам што е тоа по конкретно. Навистина непрјатна ситуација е ова. Мама вика или имам покачен шеќер во крвта или имам проблем со црниот дроб...
И јас го имам овој проблем незнам веке кој стик го немам пробано но џабе е се а тој кристалниот камен сто го спомнавте и тој го имам користено и нисто нема резултати,сега ке пробам со кремава лидера па ке видиме...
Ова е всушност патолошка состојба каде што има сукцесивно избивање на Ацетилхолин од нервните завршетоци, меѓу другото се јавува и зголемено потење- хиперхидроза. Моментално секаде во светот е ин ботокс интервенција, вбризгување на ботулин со микроигли на местото на екцесивно потење. Целата процедура трае околу 10 мин, а потребни се околу 2 вакви интервенции годишно. И кај нас се изведува скоро во сите подобро опремени дерматолошки ординации. Безболно е, за секој случај се става анестетик, на рацете и на нозете малце се осеќа зашто сите нервни завршетоци се таму.
Сум слушнала за Лидерата дека помага многу, но се станува имун на нејзе и по некое време се е како порано.
И јас го имам тој проблем постојано имам кругови под пазуви и не знам како да го решам проблемот, сум пробала секакви продукти но ништо
Се потам доста, и користам дезадоранси против потење, но повеќе ја ублажуваат миризбата, отколку што го спречуваат потењето. Инаку најпогодени ми се од DOVE посебно овој, прекрасно свежо мириса.
http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 1%82%D0%B0 Дали некој го има користено овој ролон од Еуцерин ?
И јас го имам овој проблем веќе подолго време. Избегнувам да носам блузи што дополнително би ги истакнале круговите. И многу го мразам ова, затоа што приморана сум да носам темна облека. А сите убави блузи ми се светли. Сум пробала се и сешто. Од нивеи до рексони па стикови секакви, фа дезодоранси... и резултат нема. Сега ја читам Геа во еден коментар назад низ странициве, со секојдневната улошка - и дефинитивно ќе го пробам ова. Сигурно дека нема ништо да загубам и дај Боже да ми се погоди некако. Ај откако ќе испробам и вака, ќе ви пишам резултати.
Феминки има ли некој искуство со овој рол-он?Ајде кажувајте,јас се залетав да го купам,ама незнам дали ќе има ефект...истиот проблем и јас го имам,нема што немам пробано и машки Рексони,и машки Дав,и од женски стикови се имам испробано,и кремата Лидера ја имам-стои во фиоката,нема ефект кај мене,како некој изрод да сум,ама еден ден би отишла да ставам ботокс жими се