Мразам денови кои се одработуваат...значи подобро не ми го давај во среда тој слободен ден....отколку после да ми се поремети се.
Молам?Дали чудово ќе биде обработено во сабота?Па џабе ни го даваат како што рече Сноу кога истиот ќе биде обработен.
Баш така, потполно се сложувам со Сноу! Јас оваа сабота ја имам испланирано уште од пред месец и пол и сега? - Заради денот на дрвото, јас морам да откажам се’ што сум планирала?! Глупости на квадрат, жими се! Подобро ќе го работиме во регуларен термин отколку вака. А и што викаат “неработен ден“ ? Сакатури, ми пореметуваат планови! BTW барав низ нет и на сајтот од Влада на РМ, нигде не е соопштено кога ќе се обработи денот на дрвото, а хируршките зафати и слични закажани прегледи ќе се презакажат за во сабота, поради итноста, нели.
Две-три страни пишуваат дека во среда е неработен и пак прашувате. Да-среда 27.11.2013 година е неработен ден и истиот ќе се одработи во сабота на 30.11.2013 година. Среда го даваат зашто во сабота никој нема да излезе на садење дрва, а демек во среда сите ќе излезат. Штом ти го дава неработен си седиш дома бе, зашто после сабота ќе ти ја дадат работна, кога ќе видиш ништо не ти дале само ти го заебале викендот. Ај да речат во среда а неработен ден и сите ќе одиме да садиме дрва ама таа среда да не се одработува во сабота-па да одиме сите тогаш да садиме, ако веќе е задолжително. А не јас да садам дрва, шипцине да ги сечат и да прават бизнис со нив, а јас да одработувам ден од викенд, мало морген. Знам дека оваа сабота ќе се одработува зашто лекарските прегледи се презакажани за оваа сабота.
Што неработен ден е тоа што треба да го одработам? И онака работам во сабота, така да не можам да не работам ради Ден на Дрво Ќе треба во недела да одработувам...