незнам дали е од тоа што сум јас нерворна па ме осеќа или не, но синчето мое е премногу нервозно. не сака играчки не сака легнато ни станато ни во дубаче.само мумка и прави налутени фацу. дали е тоа период кај сите бебиња???? како се справувате???
Не знам за другите, ама јас имам впечаток дека сите денешни деца се нервозни! Ќерка ми од раѓање е таква, се не и е погодено, се не и одговара, ни вака ни така и еве ден, денес е таква! Едно своеглаво, инаетливо, нервозно, издерувачко, врескачко суштество! Кој како ќе ја види ни вели: Со здравје да си ја чувате!
Велат -Нервозни мајки, нервозни бебиња...и мислам дека се во право. Ако исклучиме излегување на заби или друга болка, тогаш не гледам причина да е бебето/детето постојано нервозно, раздразливо, кенкаво...Каква е атмосферата околу него влијае многу, исто ако не му се посветува доволно внимание знаат да водат инат, да се агресивни... Не верувам во она -Такво е од раѓање, такво го добивме Како бела неиспишана книга се кога ќе се родат, што ќе напишеме ние во неа тоа и ќе стои...
има влиание дека сум јас нервозна се трудам да не сум ама некогаш е то посилно од мене. ајде вчера и денес сум порелакрирана па ќе видиме како ќе биди.
има и такви периоди ,но можеби го нервира некое забче кажувам од искуство бидејки керка ми е така нервозна кога и растат заби. Најди начини да го занимаваш со нешто на пример пуштај му музика , излегувајте на прошетки...
...да се надоврзам на ова, јас како трудница мислам дека ги преплакав сите 9 мес., бев многу емотивна и големааа плачка (на се живо и мртво јас плачев а плус и сите филмови ги имам проплакано ). Ми велеа, ,,немој детето ќе ти биде такво,, мислев некои си бабини деветини се тоа (и сеуште така си мислам ) ама откако се породив следните 9 мес. тој не затвори уста . И покрај тоа што мислиме дека се мали и ништо не разбираат ама и те како чувствуваат. Ги чувствуваат нашите емоции и околината -атмосверата околу нас. Друга работа што е исто така многу важна е саклетливоста на детето. Повеќето мајки ги облакаат децата колку треба и не треба па уште ако е таков бебушот да не трпи жешко и те како ќе има вриштење по дома. Исто така што многу им смета е ,,гњавењето,, . Сите од милост сакаме да ги ,,гњавиме,, (гушкаме, бакнуваме...) ама некои тоа не го сакаат. И некои др. такви ситници (не ми текнува сега) кои не ги сакаат некои бебуши. Јас не за џабе велам, дека прво треба да си психолог па потоа родител
имам пробано се. барем се што ми текнало ама нај многу зависи од мојата нервора како што врват месечите наместо да се стабилизирам јас сум се понервозна јас се нервирам тој се нервира јас пак ќе се изнервирам оти тој е нервозен и се вртиме во крук морам да соберам сили и да се опуштам некако незнам како ама ќе пробам се надевам дека и тој ќе се смени.
А сте прашале некојпат дали смее малку витамин Б да се даде за потсмирување? Ваков совет од матичен педијатар ми кажа роднина...
За нас конкретно не би кажала дека е нервозна, туку на моменти вознемирена. Ептен ми е тешко кога ја гледам таква, па почнав да практикувам неколку совети кои ги добив. Ако сум и јас напната се тргам на страна на минутка да се смирам, и одам ја гушкам, нишкам, сите можни начин за да ја смирам. Понекогаш тој процес трае многу долго(мислам на 2-4ч), па ако се изморам продолжува маж ми, но на кратко колку да земам здив што се вика, па повторно јас продолжувам, дури и почесто и давам да цица, така полесно се успокојува. Јасно е дека мајката подобро знае како да си го смири детето, па гледам колку што можам да сум повеќе со неа. Имало моменти кога се вадам од такт, буквално мислам дека ќе полудам, но после многу читање и разговор , сфатив дека првите 6месеца на моето дете сум му најмногу потребна, па ќе дадам се од себе. Со ова сакав да ја охрабрам Стефи да се успокои малку. И јас многу нервозна бев на почеток и се нервирав што малата не сака да спие, нон стоп сака да е во раце, но феминките ми пратија неколку статии, сама налетав на уште толку и сфатив дека џабе се нервирам ,зошто додека малата не ме осети до неа нема шанси да се смири. А кога сме ние нервозни , они мислам дека се бетер.
фала многу на сите на подржката ете денес со сите мои сили се трудам да сум смирена или да не сум со него кога на неколку минути сум вон контрола или ќе земам ќе расфаќам па некој друк ќе го занимава син ми ама да дефинитивно да јас му праќам негативна енергија и то е нервозно. само колку многу ми е тешко кога го гледам така и уште поќе се нервирам ама ете денес сме поарни
Остави го да го причува некој дома кога си нервозна и излези, па макар и на 5 минути или оди во друга соба пушти си музика , јави се на блиска личност (јас со сестра ми правам понекогаш муабет по 30 мин. -1 ч.), истуширај се, прави нешто што те прави среќна, па на крај и легни да поспиеш можеби нервозата ти доаѓа и од замор . Моево на пр. кога ќе се раскенка (доколку не е гладно, жедно, помочкано, покакано, му е ладно или жешко или му се спие) тогаш знам дека му е време за игра, го ставам на кревет и му правам вежби, го скокоткам, му пеам, па лази буба, ово оно и веднаш се смирува. Исто на youtube има една песна која многу ја сака и секогаш му ја пуштам, пробај може ќе има ефект. http://www.youtube.com/watch?v=XjBjNt-PmLo
му најдов едни јас ги сака си ги спуштив и во моб за да му ги пуштам кога немам достапност до интернет http://www.youtube.com/watch?v=92Yxoz-l80E http://www.youtube.com/watch?v=astISOttCQ0 не кажва некоја голема заинтересираност се многу брзо му се здосадва зато и незнам баш многу што да му правам. сака само нешто што не треба а ако го научам така за само да ми биди мирен после уште поголема мака ќе си имам.
Моево како расте се поактивно , секој ден се пожива, само да се мрдало Инаку вистина е дека чуствуваат се ,ако мајката е нервозна и бебето ќе е . Нервозна е мојата бебувка ,кога е уморна и и се спие , кога ќе и се здосади играјки сама па си бара друштво со мама ... Цуцла користиме само за спиење , ни стои во креветче Кога е така нервозна , ја земам во раце ја налегнувам на мене и и пеам песнички и се подсмирува ..ама не за долго пак бара некоја друга занимација А дека забчиња мислам дека и растат дополнителна нервоза и се стоврува Која јас сум нешто изнервирана и под стрес , гледам да се подсмирам некако да не го нервирам и детево ..а тој луксуз да ја причува некој додека ми помине го немам на жал .. ама тоа е
Ние немаме проблем со нервоза во овој неполн месес несум забележала такво нешто ама имаме проблем со синдормот шмукање или цицање имаено се случува после јадење секогаш во попладневните часови не секој ден кога ипокрај тоа што е добро најадена врти глава и бара да цица а претходно биладоена и испила + дупла доза АД и повторно врти со главчето не плаче само бара . Кога ја ставам на града така не цица ефективно туку онака си игра аман е заспива итоа трае трае со саати ,па од пред некое време му смислив комбинација ја ставам на цицка а потоа полека и ја давам лажливката и она влече влече едно саати минимум и тоа јако и потоа си заспива ивси ја фрла цицлата
не знам дали се дава витамин б за децата кога се нервозни?јас имам 10 месечна ќерка и многу е нервозна ако не е се по нејзино си ги гриза рацете и све што е околу неа не знам дали ќе остане ваква или ќе се смени сега како и растат запчињата се повеќе е нервозна си научи и нова мана да писка по цел ден.толку ли ја болат запчињата со син ми поголемиот немавме проблеми со запчињата ама со ќеркичката многу.на лекар рекоа дека такво е детето само со запчињата има проблем друго нема здраво си е детето.
Неам дете,ама не значи дека не можам да коментирам нелиии?! За се се согласувам освен во делот дека бебињата се неиспишан бел лист те табула раса. Имено, се раѓаме со одредени наследни предиспозиции. Во голема мера карактерот на детето е наследен од едниот или пак комбинација од двајцата родители,а дополнителни се надворешните влијанија. Но, еве последни истражувања велат дека сепак, се раѓаме со одредени *предзнаења* за однесување и начинот на кој вадиме *корист* (условно) од околината која во почетокот ја доживувам слејано и неодвоива од нас. Така што, ако еден од родителите е малце СЕРТ (леле идеално зборче чуено од баба ми ) или бил таков во детството многу веројатно дека и детенцето ќе биде такво. Порано си мислев дека да,се раѓаме празни, но еве ако појдам од однесувањето на моите сфаќам дека всушност моите стекнати однесувања и склоности дел од нив не се стекнати,туку наследени,а другото од околината (општество,училиште,пријатели) се баш стекната матрица на однесување. Зошто тогаш сите бебиња немаат слични/исти навики?! Едното нервозно писка кога му се јаде или не е чисто, другото послабо реагира, едното полесно ќе го научиш на ред,другото па и не толку. Се изненадувате од некои реакции на кои вие не сте ги научиле,a веќе ги знаат,толку приликуваат на вас. Со создавање на една релаксирана атмосфера и едноставно правење на филтер пред детето за сите животни (не)прилики и вашите негативни расположенија,би требало да се подобри. Дури и да сте најнервозни и најнесреќни,не смее да го почувствува истото,всушност има подобри начини за учење на суровоста на светот. Не сакате да го направите фрустрирано и исплашено дете кое мисли дека светот е незадоволително местенце за живеење каде мама и тато се нервозни и прават испади. Не смее да се потценува детското мозоче,апсолутно се го засега,ама се. Тешко е претпоставувам да се контролира во ова динамично и грозно секојдневие, човек колку у теорија вика дека не смеам да дозволам и никад нема да дозволам тоа и тоа пред моето дете,ама знам многу позитивни примери во кои родителите навистина си ги задржувале своите негативности за себе. Со секој испад ризикувате да создадете детенце кое ќе носи нешто во себе. Имено, најдлабоките стравови и фрустрации на возрасниот човек се оние кои се најстари,они кои потекнуваат бааааш од најраното детство. Мека атмосфера, убава песничка, цртање-боење, оно вам ќе ви биде лексилиумче и решение за сите проблеми! Не ги барајте само физичките идикатори како причинители на нервоза. Пример еден, братучет ми си ја лупаше главата како мал од креветот или каде што седи,нанапред-наназад,сеедно,он ќе се излупа квалитетно,ама не нервозно,онака како ништо да не се слушува данг-данг-данг... Си мислеа дека му е навика,дека се прави интересен и низа претпоставки. На крајот детето кога подпорасна си ја чукнаа главата кога малово им рече на нивните, ааа јас се сеќавам мамо кога ти се онесвести и беше болна и сите те гледаа тебе,јас се плашев многу да не умреш и тој перидот токму се поклопи со тој нервозен момент на детенцево. А потоа почна и косичката да си ја кубе... па го носеа на психолог и им ги кажа тие работи,дека и обете се резултат на стравот дека на мајка му нешто ќе и се случи и не знае како поинаку да манифеситира. Децата не се имуни на стресот од нивните родители. Можеби не ги разбираат работите, но инстинктите ги водат до моментот каде доаѓаат до моментот дека во околината нешто не е во ред и се чувствуваат исплашено и несигурно,тоа е нивната форма на искажување на нештото. А друг пример ми е комшичето кое е збудалено. Луѓе мои,доаѓа и не седи 1 минута. Растура,претура пипка и дома е исто,мајка му е збудалена. Ама ова се дечиња со недостаток на внимание за кои за жал во нашата држава многу малку се знае и многу малку се третираат,а посебно се однесуваат према нив како проблематични деца,а всушност нивната хиперактивност не е нивна вина или ствар на однесување. Додека пак на другата страна на светот измислуваат илјадници начини како да го решат тој проблем кој може да им предизвика сериозни проблеми во образованието. Од физичка активност, до храна богата со протеини,а помалку јаглени хидрати,до седење на пилатес топка во првите 30 минути од учењето и го тера да се фокусира,па до лекарства. Но ова е една друга тема. Можеби се поретки ваквите појави,но не смееме да ги негираме дека постојат. За мојов пример, детенцево не го примаат во градинка,зошто велат дека е нервозно и ги деранжира другите деца,а оно пустото е многу љубопитно,не задржува внимание,едно те прашува,друго пипка. Со шмукањето е фиксација кога чувствува недостиг на внимание од својата мајка. Во смисла сака да каже,мамо, биди тука, мамо гушни ме,зошто самиот чин на хранење на детето изускува присуство на мајката,нејзината топлина,а може и само да значи дека маааалку се разгалило,те станало мамина маза од која не се двои. Може ја расплинив темава,но не ги потценувајте дечињата...се денес ќе има големо значење за тоа утре,за 10 години,цел живот. Многу им работат умчињата и дури од месец дена веќе оно вас ве тренира по пат на условни рефлекси на кое самото се учи и вам и себе си. Знае дека ако писне,вие ќе му одговорите со тоа што ќе го пресоблечете,надоите,стоплите,гушнете, ако не би го правело тоа,вие нема да го знаете истото. Ептен се умни и мили,себичниот карактер се должи само на нивните базични потреби за бидат згрижени,нахранети и чисти,стоплени и сакани и во тој процес учат и за околината и сите нејзини влијанија се афектираат на нивната кревкост.
Едно по друго ќе ми дојдат постовите,ама еве имам тенденција да си ги поврзувам работите. Како фин пример за таков родител земете го филмот Животот е убав...
Малку се имав дистанциано од коментирање на темиве ама ова баш некако ме погоди, сите знаете имам внука од веќе 2ипол годинки, малата сеуште не збори, многу е тврдоглава и инаетлива, понекогаш дури и знае да те извади од такт. Приметивме дека знае да легне на земја и да драми, да прави скандали за глупости, да се тегне и да плаче, се смеевме на тоа и она како да добиваше сила. Денес, веќе 9 месеци како не живеам со неа можам да кажам дека за нејзината состојба се виновни исклучиво сестра ми и зет ми, сестра ми по природа импулсивна, не бира место и време, зет ми ќутни бутни, повлечен и ретко иницира било каква интеракција помеѓу него и малата. Она сеуште не збори, помалку драми бидејќи повеќе не и се обрнува внимание на таквите манифестации, но со сигурност можам да кажам дека е дете кое пати за внимание. Од свекрвата на сестра ми не добива некое големо внимание, сестра ми и зет ми по работа и околу куќата која се реновира, по цели денови со цуцлата и цртаните филмови. Прочитав дека е особено тешко проговорувањето кај дете кое до покасни години цуца цуцле, ја баталија цуцлата, но мислам дека ќе треба уште доста време и работа со неа додека да прозбори. Мене и на мајка ми ни е многу тешко што она не збори, можам да замислам како и е на сестра ми. Муабетот ми е, се слагам со Лилит, ама се слагам и со МСкорпионка, ако на детето му создадеш атмосфера за раст и развој, во кои ќе се создаде здрава личност, со голема веројатност нема да стане багабонт, што не мора да значи дека нема да биде обратна состојба. Се зимам себе за пример, дете од дисфункционално семејство, никогаш не сум направила нешто за да се засрамам себе и моите родители, многу ретко сум правела глупости, како во детството така и понатаму. Израснав во самосвесна личност, мошне рано се одвоив од семејството и станав сосем поинаква личност од она што се моите родители, но сепак ќе речам, гените на мајка ми завршиле одлична работа