1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нервоза кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од stefi23m, 1 декември 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.047
    Ангел, размисли дали е тоа така,не мора да се манифестира со засрамувачко или девијантно однесување. Може да биде и напротив,потреба да се однесува детето според нормите на родителите, да не погреши, да си ја угушува личноста дури и онаму каде што не треба само да им удоволи на родителите,па постанува детенце со ниска самодоверба која повеќе ќе постапи правилно според некој друг,отколку правилно според него и онака како што требало. Не може да се генерализира,ама размисли да не случајно те допрело тебе тоа како личност со помалку самодоверба или да не ги канализираш поинаку работите кога нешто погрешно се случува. Не сакам да имплицирам на нешта. Еве самата твоја потреба што си се осамостоила порано,зарем не мислиш дека е своевиден потег на бегање од тоа секојдневие кое те опкружувало и не ти се допаѓало?!
    Некогаш децата многу свесни (што се должи на интелигенција на самото детенце) што е пријатно или непријатно, започнуваат да креираат свои механизми на однесување. Дисфункционално семејство, татко кој е насилен или непријатен, детето прераснува во личност со улога на постојана жртва во било кој случај или сервилна личност која не сака никому да погреши за да не биде некако казнета од страв од непријатност или отфрлање (ако збориме де за обратниот случај). Или мајка која агресивно ги воспитувала своите деца, може да развијат механизам на срам, на страв за искажување на сопствено размислување,а и тие деца потешко остваруваат емотивни врски. Мајката е одгоорна за тој дел.
    Затоа сум строго против ќотек,издеравање и слично. Не можеш да знаеш што се случува во тоа мало умче и какво детенце е всушност. Освен ако не направи потег кој е опасен по неговиот живот,онда слабо тапкање по газето ќе заврши работа со цел да ја разбере сериозноста на ситуацијата, се друго се средува со разговор,разбирање и топлина.
    Растеглива е темава преееемногу,има сегменти и сегменти и сите се недвоиви за коментирање,а ќе разводенат.
    А внука ти, да, и недостига внимание. Сестра ти и го потценила капацитетот на разбирање, треба да да се доближи и она до детето и да инсистира и од таткото такво нешто. Децата си сакаат игра, си сакаат зборување. Јас не разбирам како има родители кои немаат трпение или ги гледаат децата како кактуси. Па не ли им оди махинално да им зборуваат? Имам многу помали братучеди,еве и внуци,со секое кога сум го чувала,колку и да било малецко ми одело самото од себе да му зборувам, да го прашувам. И децата сакаат да ги гледате во очи, а за жал родителиве несфаќајки го тоа креираат вештачки аутистични деца кои утре немаат ни емоции,ни мерка, ни чувства за останатите,па се чудиме во што се претвора општеството.

    И така... и тоа... :D
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.149
    Допаѓања:
    102.048
    Пол:
    Женски
    Имаш право, има логика тоа што го напиша, и тоа конкретно во мојот случај, да јас се дистанцирав од домот и таа атмосфера само за да избегам од тој деспотизам, нажалост може да се случи и сосем друга крајност, односно имам братучетка која се омажи додека беше дете само за да избега од домаи од едниот и единствен ќотек кој и беше удрен, ама па атмосферата беше кулуминирала со тој ќотек.
    За внука ми, знам дека е така, нажалост јас сега не можам да направам ништо, се трудам кога одам да поминувам најмногу време со неа, она е едно златно детенце кое сака само малку повеќе внимание, но е исклучително паметна. Во скриената тема со дечињата ги имам поставено тие паметни очиња, да ги погледнеш ќе дознаеш колку кријат, таа е мојот ангел :angel:
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Лилит има многу познавање ко за некој кој нема дете :D

    Се согласувам со неа во изнесеното, да не се повторувам, само ќе кажам - пробајте да им обрнувате повеќе внимание на децата, посебно во играта, и ќе видите колку помирни ќе бидат :)
    Не го карајте дополнително во момент на агресивност и девијантно однесување, туку спуштете се на негово ниво и со директен очен контакт пробајте да го смирите. Ако ова не успее, оставете го детето само да си го најде мирот, па после тоа разговарајте.

    И битно - Не ги занемарувајте детските причини за плачење и „трескање од земја“, можеби за нас се банални, ама за нив се и те како големи...пробајте да ги разберите, а не да им наредувате.

    А бидејќи темата е за нервоза кај бебињата, можам да дадам совет - кога бебето ќе стане нервозно, пуштете му релаксирачка музика, или некоја што ја сака, и пеејте и играјте заедно со него низ соба.
    Или пејте му на уво дури го гушкате...или покажете му смешна играчка и смејте се, да го префати и него позитивното расположение :lol:
    Што и да правите, немојте никако да дозволите нервозата да ве префати и вас! Вие сте родителот, вие сте тој на кој цел живот ќе треба да се потпри и да бара поддршка, така да „слевање со проблемот“ не треба никогаш да е опција....
     
    На macence85, NoellePage и MacenceEna им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.123
    Допаѓања:
    156.047
    ^ Тоа е одлична предиспозиција за да фејлнам во пракса на своите и тоа дебело! :D Ама се тренирам по туѓи,супер ми оди!
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Во пракса потврдувам дека не е лесно постојано, во секоја ситуација да си смирен и трпелив и понекогаш знам и јас да подвикнам или да изреагирам нервозно, но многу ретко...и имам приметено дека тоа подвикнување малата моја не го сфаќа трагично или драматично, а и тоа ми е цел, сепак не сакам да и стварам претерано идеална слика за мене па во иднина при првата посериозна расправија да си ги собере парталите и да бега од дома :D Пошто нели ако не е навикната воопшто да ме гледа нервозна, а некогаш смирен разговор нема да има влијание, па не сакам да одгледам ни тотален мекуш кој ќе ме смета за чудовиште ако некогаш покажам не баш позитивни особини...
    Ова и не е баш за бебиња, но во целина позитивност е она што најмногу треба да примаат од нас...Не да се глуми-чувствуваат, не постојано да се воздржува-тешко изводливо, туку прво и основно чистка на самиот себе ако сакаме позитивни, мили и паметни деца... последново како реклама дојде :D
     
  6. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    Несакам да навлгекнувам во темава само ке кажам дека за нкој работи што ги напиша навистина МОЖЕБИ си во право, ама за некои тотално не си во право а кога ке имаш детенце ке сватиш што можеби си згрешила , јас овие работи ти што ги напиша ги знаев многу добро зошто ме интересира многу психологија и пред да имав дете ке кажам дека слично размислував како тебе , но кога станав мајка сватив дека не се сите работи така како што ги знаев , дечињата се непредвидливи некој можеби нема да ни обрнуваш внимание и љубов а ке израснат во мноу добри одоворни личности,некои цел живот ке постапуваш добро ке добива доволна, не прекумена подршка и љубов, но секпак ке го згрешат патот или ке скршнат малце не е битно,да има замешано малце гени малце самите постапки на родителите но и секое дете кога се роди веке е личност со свој уникатен карактер кој го само доградува а за тоа ке му помогнат родителите до некаде но тука е околината, и милион други фактори, ме мрзи да пишувам зошто има многу да се пишува за оваа тема, а конкретно за темата нервоза кај бебињата не е битно од каде поткнува(веке кога ја има треба да се справите) можеби на бебето му е досадно му треба воздух ,може му е топло,му треба внимание, а и на крај да скратам сите дечиња од 1год и 6месеци па од 3год, 6месеци се малце нервозни, инатливи, тврдоглави тоа сум го читала во гинекологија кај некој повеке е изразито кај некој помалку(да ми е жива и здрава керкичката до сега немав некој вакви големи проблеми со неа а да некажам дека од кога дознав дека сум бремена па додека се породив од нервози, плачење, стресови незнев каде ми е главата, и сите тоа и на мене ми го кажуваа не се нервирај ке ти плаче бебето бла бла ама фала боже од кога се роди незнаев дали чувам детенце или кукла :) од една страна, ама од друга страна кога бев бремена знаев големо внимание да обрнам на плодот што се развиваше во мене со правилна исхрана , витамини, прегледи, да се опуштам, да ги изведувам вежбите за трудници секој ден малце јога, и нормално да го ислушам целиот концеерт на Моцарт и Бетовен на која музика и ден денеска заспива керкичката па сега што ова се како се одразило и како ке се одрази ... )
     
  7. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Значи сето ова испробано и неуспешно за жал ,незнам што понатаму.
    Во четвртокот бевме на вакцина дали детево уплав доби јас незнам беше кенкав тие два дена но си спиеше нормално,во саботата бевме на гости кај свекрвами и таму останавме на спиење абре дете се откорна да не речам зајде од плачење ,се вцрвенува вришти мава прета со нозете никој неможе да го смири .Си рековме ај смени место на спиење кога ке си одиме дома ке биде ок ,но еве и синока иста приказна,а и преку ден за да заспие исто прави.
    Утре прави 5 месеци ,си викам да не се забчиња но нема ништо на повидок ,што да правам дајте некој совет дали на лекар да го носам немам памет :(
     
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.795
    Допаѓања:
    39.359
    Пол:
    Женски
    Леонтина само трпение , исто и кај нас вака беше претходниве денови ..нервозна ,плачлива и се :(
    Моево нешто и наситната па и тоа ја нервираше , па незнам дали непцата ја чешаат а забче нема уште искочено :(
    И помагаше само во раце да ја имам, да седи кај мене ама и тоа не и чинеше па ке ја спремев облечев убаво и ке излезевме надвор на воздух а и времето пријатно беше и посмирена беше после .
     
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    ништо не му помага понекогаш на мојот.најмногу мислам заради тоа што не е наспан некогаш, се спиело по 20-30мин. и по пола сат пак ќе квичка.ете денес бевме излезени си прошета си поспа па сега пак дури го заспав пиштеше.
    и ќе стани по полсат и пак од почеток :( :( :( :(
     
    На NEA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Не ми се верува колку се мали а веќе знаат да се нервираат :) А досега мислам пред неа немало ни кавги ни викање, може нешто малку ама таа веќе знае да се кара и лути :o Сега е 6 месеци и кога е така нервозна обично кога се ближи времето за спиење или ја мачи нешто друго, може чисто онака од досада, помагаат нејзините омилени песнички, застануваме пред компјутер и играме пееме, доскоро пееше само мама, сега и таа вика пее, исто има некои омилени игри кои ја засмејуваат како јавање на коњче во рацете на тато, има омилени песни што и ги пее мама, има омилени играчки не за играње ама за расположување :D нешто од тоа ќе запали, а ако не помогне ништо, набрзина се спремаме и бегаме надвор. Конечно дочекавме поубаво време па си го искористуваме максимално. Ем ужива што е надвор ем гледа луѓе и на секој што минува непознати познати млади стари на сите им се насмевнува,абе плачи за внимание и за дружба. Нормално се шетаме во раце, бидејќи ако лежи во количка не може да разгледува и не ја сакаме количката никако.
     
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Kerka mi e dva meseci i edna nedela i pocna da se nervira. Prvo se nervirase koga i se spie, a pred dva dena pocna taka mirno lezejki igrajki da se nervira. I toa kakvo nerviranje da vidite. Cika crvenee racite i se boks i samo se tegne rzi. Iskreno me plasi. Koga crvenee mislam ke eksplodira (nedaj Boze) normalno li e toa kaj bebinjata :?: majko mila edna mrvka meso e znae da se nervira. Od kaj naucila pojma nemam.
     
  12. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Нервоза мојата е прва како се роди нервозна е и ид првата недела тогаш почнаа грчевите и ние со свекрва ми цела ноќ седевме се менувавме буквално бевме вакви :drunk: остај што имаше грчеви па и нервозна беше а бебе една недела мислев дека и е од грчевите Али не таква си е нервозна а во бременоста воопшто не бев нервозна Али ете на кој излезе таква појма немам :lol: тешко мене дури да потпорасни секој ден имаме плачки дома само кога спија во станот е мир и мама можи на раат да седи :lol:
     
  13. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    67
    На мене бебето ми е доста нервозно. На почетокот јас многу плачев. Живеам во заедница и на сите им беше мерак да го држат бебето, јас чувствував дека му требам кога ќе заплаче, кога бараше да цица тие ми велеа нека го малку земи јади и после се расплакуваше, кога плачеше тие сакаа да го смируваат и не ми го даваа таман да го успијам ми велеа дај јас ќе го успијам и од раце ми го земаа. Заради тие некои моменти јас безв многу нервозна и мислам дека и затоа бебето ми плачеше многу....Многу чувствуват тие....
     
  14. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    И ние сме доста нервозни,кога и се јаде ууух едвај се смирува а некогаш онака чисто кога ке земе со нозете и само ааууу аауу со сила прави :D па ако не ја фатам :D рацете во уста и цица :D најнервозна е кога и пајга цуцлата :D
     
  15. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Моево се грчи јас мислев декасе само грчеви ама изгледа како расте е се понервозно а не беше такво пред грчевите мирно си спиеше а сега цела ден и ноќ се плаче и црвенее едвај ќе го смириш ама јас мислам дека се грчеви сеуште оти на периоди се стега и плаче иналу кога му се јаде и спиенормално дека си кенка и плаче а и само не заспива мора на стомак или да се луламе 2 саати лесно се буди за 30 или 20 минути е станато неможам да се одморам ни јас ни тоа, само после капење спие 2 саати и тоа ни е спиење овие 2 месеци секој ден,јас само си се прашувам до кога вака еве сега ми задрема во рака неможам да ставам . на реченициве со еднА РАКА пишувам ако го ставам во кревет веднаш се буди. ХЕЛП.
     
  16. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    nema help, toa e. I nie pominavme niz istoto. Stavanje vo krevetce.i.placenje , a vo mama spie. Sega pak dodeka zaspie mnogu place :(
     
    На jonbonjovi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Како да го навикнам во креветче плаче штом го ставам.
     
  18. mini-m

    mini-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Cacuvche не се секирај, се ова што го кажуваш е сосема нормално, и јас бев и сеуште сум до некаде во истата ситуација, но значително подобрена. На почетокот ми беше многу тешко и се нервирав но сфатив дека се што му треба на моето бебе е многу гушкање и мојата топлина. Сеуште се премногу мали и исплашени од околината и од животот вон матката бидејќи се ова им е ново на нив, така да во овие моменти им требаме ние најмногу на свет. Од кога го сфатив ова, не прекинувам да го гушкам, постојано ми е или во раце или на града. На почетокот така и заспиваше но штом го пренесам во креветче се буди затоа што мислам дека веднаш ја осеќаше промената во топлина или мирис (од мене до креветчето) и се стресуваше одма, ќе се разбуди и пак....често го оставав да спие на мене затоа што знаев дека тоа му е потребно. На почетокот, единственото спиење му беше после бањање, околу 2,3-3 часа бидејќи топлата вода го опушташе и откако ќе се нацицаше беше тотално комиран и после кога ќе се разбуди никако да заспие се беше или кај мене или кај маж ми на гради, но верувај се се средува само од себе, како расте се привикнува на околината околу себе, се осеќа посигурен и побезбеден и сите тие стравови му се намалуваат. Исто така ние во креветчето му стававме пернички околу него (освен во делот кај главата) така да сега кога ќе го спуштам во креветче он е нежно притиснат од сите страни како уште некој да го држи и си спие (нормално не успева секогаш :) ) Кога не сака така некогаш го ставам преку ден во транспортер да спие, таму е стутулен и му е убаво гајле нема (навечер не го оставам така да спие). Навечер кога ќе се разбуди, ќе му дадам да цица, ќе заспие на града, ќе го префрлам во креветче и ако не се разбуди супер а ако се разбуди си го зимам во кревет кај мене и си го дојам во лежечка положба до сабајле, он си цица јас си спијам, сите среќни, сабајле наспани и јас и он, не се секирај не можеш никако да го повредиш, во секој момент знам каде му е ногата каде му е раката каде му е се. Да не должам многу, зборот ми е дека во овој период (првите 3 месеци) најмногу што им треба е гушкање, гушкање и само гушкање, тоа ќе му даде чуство на сигурност и доверба и после пополека само ќе почне да се прилагодува, ќе видиш дека секој ден ќе те изненадува со нешто ново. Навики ќе стекнуваме после 3 месец. И не заборавај среќна мајка = среќно дете, така да слободно земи си го со тебе он нека цица ти спиј, ке видиш дека кога ќе бидеш одморена после нема да ти биде толку тешко преку ден да го думкаш. Мене ова ми помогна премногу!
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    2 дена мн слабо ми јаде и мн.е кенкав.
    Дали ова може да е поврзано со запчиња?
     
  20. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Деновиве а посебно денес е многу нервозна на моменти ке се стегаа целата и плаче,мислам да на има мака да кака :^) ама кака секој ден а некогаш двапати :^)