Нервоза - колку се нервирате и зошто?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ozbilnazena, 20 април 2010.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Често ке слушнеме или и самите ке кажеме-Нервозна сум,остај ме на мира!! Зошто се нервираме, која е вашата најчеста причина за нервоза?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    najmnogu se nerviram koga ucam i ne mozam da sfatam nesto ubavo,koga nekoj mi otkazuva dogovor vo posleden moment, koga mi naplakjaat med vo kafic, koga asistentite se odnesuvaat kako da ne bile studenti do pred nekoja godina, koga taxist mi zastanuva na sekoj pesacki i taka :D ima i dr ke se setam pa ke dopisam
     
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Кога ќе станам од спиење и нема нескафе или млеко :) кога ќе се погледнам во огледало и ќе сфатам дека сум претерала со ручкање :) кога сум изневерена навредена омаловажена ,кога не ме слуша некој на кој му се обраќам......Лажење ме нервира и тоа колкууу мн....кога некој глуми нешто што не е....ме нервираат препотентни луѓе ладни луѓе.....Леле има мн..до утре можам да набројувам :D
     
  4. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    41
    многу сум нервозна за се и свашта се нервирам
     
  5. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Токму во овој миг се нервирам :envy: затоа што девојкиве не ги послушаа моите совети, а сега се каат на изгубеното време и нерви и целиот нивни труд беше залуден. :!: Е..сега ајде од почеток истата работа и цел ден ќе останеме заглавени во овој простор и со овие хартии.
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.069
    Пол:
    Женски
    Се невирам од луѓе кои мислат дека се се во право, од луѓе на кои секогаш им смета нешто, намрштени се, шират негативна енергија :envy: Од луѓе кои нон стоп се жалат, кукаат, демек на другите им е се мед и млеко. И кога има неправдина.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.828
    Допаѓања:
    75.087
    Пол:
    Женски
    Се нервирам затоа што не можам да најдам работа, па морам да седам дома... моментално тоа е главната причина за нервоза кај мене, а за сето останато се трудам да не се нервирам, затоа што не вреди, ама ништо не вреди да се нервираш. Ме нервира кога некој ќе ми помине со чевли и ќе извалка, таман откако сум исчистила, ме нервира дожд, ме нервираат самобендисани и арогантни луѓе кои мислат дека секогаш се во право, ме нервираат непослушни деца :D ме нервира кога во последен момент ќе излезе нешто и морам да си го изменам дневниот распоред - е па, решив веќе да не се нервирам и да ги прифаќам работите такви какви што се, и да ги решавам без да избувнам, нормално, ако се работи за нешта што можам да ги контролирам... а ако се вон моја контрола... е тогаш, кулирам 8)
     
  8. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    137
    ПОРАНО ЗА СЕ И СЕШТО СЕ НЕРВИРАВ.... АМА И ДА СЕ НЕРВИРАМ НИШТО НЕМА ДА РЕШАМ И ДА НЕ СЕ НЕРВИРАМ ПАК НИШТО НЕМА ДА РЕШАМ... ТАКА ДА СЕГА СУМ ФЛЕГМА ЗА НИШТО НЕ СЕ НЕРВИРАМ :D И МНОГУ МИ Е ПОУБАВО ТАКА :D :D :D
     
  9. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    195
    брее се нервирам и од самата себеси што сум таква за ситници се нервирам али коа се нервирам донт тач ми биказ ај ем гона екслоде а нервозата ми влијае лошо :(
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Се нервирам кога некои работи ми остануваат незавршени,кога некој пример во автобус се бутка до тебе како небаре нема место или пак ако нема веќе место едноставно ти диши во врат,некултурата на некои луѓe,па и зависи од ситуацијата,но брзо пламнувам,а и брзо ми поминува нервозата,така да ако се изнервирам во првиот момент сум ваква :devil: :@ :envy: додека во следниот :rofl: :D :)
     
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.463
    Кога сум во неизвесност, кога не сум наспана... :sweat:
     
  12. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    59
    највеќе се нервирам кога некои личности се прават паметни а воопшто не се тоа. т.е они се празноглавци :D
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.708
    Јас се нервирам ама баш за се. Без разлика дали е тоа директно поврзано со мене или не. Живчана сум многу по природа, мада шо во последно време се трудам да не се нервирам и да не си земам се при :l:
     
  14. Shelea

    Shelea Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    14.733
    Заради туѓите глупости, а и свои.
    Неодговорноста на луѓето околу мене.
    Кога некој доцни за важна средба.
    Кога немам пари да си го остварам материјалното задоволство, кога сакам (мегаломан сум, и тоа еден ден ќе ме убие :rofl: )
    Се нервирам кога нема да успеам да бидам добра во нешто, а знам дека можам.
    Се нервирам кога сфаќам дека не можам да променам некои животни ситуации.
    Пред да добијам, ептен се нервирам, се’ ме нервира :)
    Ме нервираат лицемери, тупи и некреативни луѓе, ми ја крадат енергијата.

    Многу работи ме нервираат, ама од друга страна, среќна сум што редуцирам и селектирам луѓе кои ми ја предизвикуваат нервозата, освен нормално, најблиските, нив ги трпам, а и тие мене. 8) :D
     
  15. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    68
    Значи буквално се нервирам за се и сешто :@
    Ме нервира кога јас зборам, а никој не ме слуша, кој некој не ми обрнува внимание, пред да добијам се нервирам многу, ме нервираат личности кои мислат дека се којзнае што, а всушност се никој и ништо, кога од дома не ми дадат пари за излегување, кога дома има секој ден караници и расправии :( :@
     
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Најчесто за глупости :rofl: :rofl: :rofl: Ама брзо ми врви, а сум си нервозна 8) Е најинтересна сум кога брат ми си игра со мене, ме зафркава. Ауууу, тогаш сум како лута пиперка, после се смеам на самата себе зашто викам пола саат по него, а кога ќе ме прашаат зошто ни сама незнам.
    А, да, кога сум во пмс ми нема крај, нервозата и солзите ми се на врвот на носот :P :wasntme:
     
  17. done

    done Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    22
    се нервирам од нечовечноста на луѓето, од нивното користољубие, од нивната себичност, по природа сум малку повеќе избувливка :@ , ама кратко трае и лутината и нервозата, после знам убаво да си се изнасмеам на самата себе :rofl:
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    порано некако ко да не се нервирав за се и сешто..ама со годините и случувањата , а со тоа и како времињата се менуваат..ме нервираат ограничени луѓе кои се сметаат за Богови..егоисти, себични, луѓе без никаков осет и обзир спрема др луѓе, спрема околина..луѓе без став..празни ветувања, неискреност..прикривање вистина итн.итн.
     
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.257
    Допаѓања:
    24.845
    Не се нервирам често. Повеќе знам да се разочарам и да се грижам од колку да се нервирам, а овие две бога ми често ми се случуваат.
    Се нервирам кога ми доцни некој, иако сум најавила дека немам многу време, или имам други причини кои ми се важни. Е тогаш ептен се нервирам бидејќи поради непочитвањето од другите (за мене доцнењето е знак на непочитување) не можам да си го планирам моето време!
     
  20. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    Ariel tvoite zborovi kako da se moi .
    Tokmu denes od docnenjeto na edna licnost dobiv glavobolka,i pokraj toa sto sum vlozila golem trud i sum odvoila vreme sostanokot ne se odrzi. E sega dali e toa nepocituvanje ili neorganiziranost ??????