Знам и за обична мала ситница јако да се изнервирам.... Нервите ми се на врв и не можам ништо против. Па што да правам кога имам попуштени нерви
најнај се нервирам некој кога ме провоцира за нешто, ина4е како мале4ка бев многу нервозна ама сега се потсмирив малку сфатив дека не вреди да се нервираш нели?
ууууууууф тоа ми е слаба точка се нервирам за секоја глупост/ситница и додека не заплачам мислам дека ќе пукнам морам да плачам па макар и у центар да сум не гледам околина,не сакам ама ете тоа е сами си течат солзи
За што не се нервирам е прашањето... Многу ситници ме нервираат... Нпр. деновиве така срекна и расположена јас, а една сокласничка почна да ми збори како неговото име било баксузно, како ке ме оставел како ја ке сум плачела и она тогаш мене ке ми се ситела... Добро остај ме жено ако тебе не ти се погодило со некој што се вика така не значи дека мене нема да ми се погоди. И ме нервираа кога ми чита некоја позади мене на компјутер што пишувам
Знам некогаш да се изнервирам дури и за ситници, ама има и некои ситуации кога сум смирена, ладнокрвна и ништо неможе да ме извади од такт, или само ја прикривам нервозата. Не сум многу нервозна личност, и заради тоа што знам да се контролирам во такви ситуации понекогаш на другите им изгледам и бесчувствително. Во секој случај, гледам да не се нервирам за глупости. Кога сум смирена, побрзо наоѓам решение.
се нервирам за се и сешто, најлошото е што секогаш избувнувам ама па добро страна е тоа што лутината многу брзо ми поминува
Премногу се нервирам, и тоа за глупости. На сите им викам да не се нервираат за глупости, а јас не го слушам тој совет...Не можам да си помогнам..
Се нервирам кога некој ме прави воџа клану, кој не постои Шала на страна, ама еве сабајлево видов една ситуација на личност која ми е посебно драга на работа, како се плука по неа на најподмолен можен начин. А девојчево е душа! Се нервирам што човечката искреност, добрина и коректност станаа заканувачки и непожелни фактори за човештвото. И се плашам каде ќе отиде светов утре, најсериозно
Нервирање-секој дневен збор во мојот живот. Се нервирам за ситници за премали глупости. На пример еве наместо петка добив четворка на еден тест ми дојде да заплачам, навистина се нервирам за ситници и за неважни работи,а за проблеми некои вистински да не зборувам. Би сакала само да се опуштам и да престанам да мислам на се...
Многу често и тоа за ситници зависи како ми е периодот понекогаш се нервирам со самото тоа што некој е присутен во просторијата во која сум јас
Пречесто се нервирам и тоа за глупости. Ме нервира кога некој не е заинтересиран за нешто за кое би требало да е, кога некој ми оди контра, кога некој се понаша идиотски, кога не сум разбрана, кога не ме сослушуваат, кога некој е наклеветен, кога се зборува невистини за некој кој мене ми е драг, кога ме тераат да избирам помеѓу две многу драги личности...ма има уште 1000 ситуации во кои се нервирам, многу се нервирам, ама тоа е ... таква сум!
Се нервирам најчесто коа сум у школо, некои деца едноставно не можам органски да ги поднесам. А после тоа највише ја нервирам и ме нервира сестра ми.. И за некои ситници многу се нервирам.. Иии се нервирам, на некои пет саати ќе му објаснувам и он само „А?“ Уффф.. А ја морам да ги слушам.
Си кажав веќе дека се нервирам многу, еве пример последно нешто ме изнервира кога една другарка во обид да ме испровоцира ми рече дека никогаш немало да се омажам и дека ќе останам сама. И како да избувнам. Мислам јас трпам трпам и на крајот . П.С видете ми го потписот ќе забележите.
најмногу се нервирам кога нештата не ми идат според планот многу ретко се нервирам, а кога сум бесна, со саати плачам, и така се олеснувам
Во принцип сум доста нервозна личност, што сметам ми е голем минус. Потоа нервозата ми преминува во разочараност и доаѓа до каша попара, односно вистински хаос. Ме нервираат ситници, неуспех, доцнење, влечковци, умилкувачи итн... Ете, само што се потсетив на вакви ситуации веќе почнав да се нервирам.
Јас не знам дали постои понервозна личност од мене. Се велам дека ќе се променам и дека ќе бидам поопуштена ама... па ќе се најде нешто да ме изнервира