Многу сум променлива.Некогаш неможе ништо да ме изнервира али некогаш,особено коа имам или пред да добијам менструација,се и сешто ме нервира.На сите се истурам и тоа за најмала ситница и после криво ми е али неможам против себе
Порано многу се нервирав, за се и сешто, но беќе не. Некогаш само се исклучувам и не се замарам за ништо. И така ми е многу подобро
зависи можам да се изнервирам за многу банални работи а пак некои кои стварно предизвикуваат нервоза не ме нервираат.
Природно сум многу нервозна личност. Во моментот кога ќе се изнервирам, немам контрола, но тоа трае кратко. Затоа кога сум нервозна, бегајте од мене...Инаку се нервирам за сенешто, а често можам и сама од себе, да размислувам за нешто и да се изнервирам без некоја посебна причина. Знам дека е штетно да сум толку нервозна, но што да се прави, таква ме направиле...
Се нервирам за секакви ситници ..експлодирам и кажувам работи што не ги мислам.. Најмногу се нервирам кога чекам некој или во последен момент откажува,се нервирам од луѓе со бебешко понашање...
Воопшто не се нервирам и многу ретко може некој да ме изнервира инаку еден ако ме изнерворал цел ден ми иде наопаку
последниов месец ми се случило неколку пати да избувнам бидејќи очајно почнува да ми фали дечко, под голем притисок сум поради некои икс причини а и долго време само собирав нервоза и ништо не превземав со тоа. А инаку сум весела и постојано насмеана личност и ретко нешто да ми промени расположение
Во последно време се нервирав од НЕГО и бев многу нервозна, напната. Велам, БЕВ затоа што веќе НИЕ сме јас и тој
Се нервирам за се и сешто...и многу бргу можат да ме налутат а кога сум лута многу висок тон имам не викам не се издеравам на некого ама едноставно таков ми е тонот
Ја не се замарам со ништо освен ако некој стварно не си го бара али тогаш пак немам јас причина да се нервирам туку тој другиот зошто тој ќе си го јаде кратко и јасно речено не се нервирам
Се нервирам кога: -чекам -некој е неодговорен, неблагодарен, пренесува негативна енергија, -немам цигари Најмногу во овие ситуации, инаку РЕТКО паѓам на ефтини провокации, се повеќе и повеќе не обрнувам внимание на работи за КОЈ ЈАС ОДЛУЧУВАМ да не ме допрат и да бидам вклучена во ситуации во кој не сакам да бидам вклучена. Тешко е човек да ме изнервира, ако има таква намера реакцијата ми е следна: На почеток не го регистрирам, понатаму ми е смешен ( и му се смејам) Но веќе ако е со сериозна намера да ме изнервира или пукам или ќе си направам муабет на почеток смирено па понатаму продолжува дискусијата како ќе наметне другиот. Не сакам расправање и докажувања, затоа што знам дека во повеќето случаеви другиот нема да го промени мислењето кое веќе го брани.
Што најмногу ве Вознемирува? Што најмногу ве Вознемирува? Мене лично кога некој ме провоцира и неможе да ми го сфати начинот на живеење !
Многу се нервирам кога сум во исчекување или треба да направам нешто, знам дека имам време и место порано да го завршам планираното, сум нашла во последен момент да го направам и пак да каснам. Пример лакирање во последен момент-минута пред да излеза од врата и сушење на истите до саканата дестинација и ова 2 пати ми се има случено ама многу се изнервирав, ја миев косава 15 пред да ода на школо и недосушена појдов два пати.
Мене можат да ме изнервираат, но и да ме расположат некои ситни работи. Не сум многу нервозен тип на човек, и нервозата ми трае многу кратко. Најчесто се нервирам ако не ми оди нешто според планот. А има и такви периоди кога се ми е рамно од тука до Америка и за ништо не се замарам.
Секојдневно се нервирамм...за секакви глупостии.....посебно на школооо ... аман вејке.... незнам ни јас самата што да правамм.... посевно кога сум во ПМС сум премногу нервозна се околу мене ме нервира..!!
Се нервирам кога моиве дома замарат со разни глупости Се нервирам кога нешто од техника не работи Се нервирам кога не можам да си ги најдам фармерките или блузата пред да излезам Се нервирам кога ништо не е како што треба да биде и така натаму и така натаму.......
кога ке си ја изгубам машинката шилење моливи кога изгубам пари, макар и 10 ден биле кога не знам ништо на тест кога видам слика од дечко ми со другарка кога неможам да си ја најдам картичката од вип и кога пред излегување ми се скинат хулахопките а немам резерви