Освен кога сум во пмс, а скоро сум сигурна дека мм тогаш помислува на развод - за друго, со тек на време наушив да ''оладувам'', да пуштам по некој конец од своите раце, да игнорирам... Претходно многу се нервирав, за се и сешто...Но сфатив дека главоболката, несоницата, агресијата, кавгите со своите најблиски се работи што не вреди да ги имаш само затоа што си се скарала со другарка, некој каснел постојано, некој те оговарал некаде, те погледнал попреку, или дечко ти излегол со другари... Барање логика во нелогичното, истерување на работите по свое по секоја цена, не вредат како што вреди душевен мир и лесен сон...
Знам ептен често да изнервирам,што и тоа ме нервира што се нервирам Во пмс особено,тоа никако не се пропушта Порано за нервирав што се вика за секоја мала ситница,без разлика каква е,ме нервираше,се карав,се мрштев али сега сум сменета на тоа,поточно,знам да се контролирам,и да се толерирам и да не ме нервира се и сешто.
Се нервирам кога мм ќе ми се налути за глупости Кога некој е дволичен Кога некој мисли дека со пари се купува се на овој свет
Нервоза?... секојдневие е тоа за мене. Се нервирам за се и сешто, си ставам се при срце па и најмала ситница, а и кога се нервирам си викам: што се нервираш, нема потреба да се замараш... ама џабе е, посилно е од мене.
Пробајте да живеете со мојот машки примерок на создавател на хормонални пореметувања од високи тонови поради: - фрлените чорапи во ходник, - трошките под маса, - глупавата музика што потсетува на реквием на алармот, - кренатиот капак на ВЦ шољата..... и ќе ви биде се јасно Ама , не се нервирам. Мислам не се нервирам, далеку било, дијазепамите и лексилиумот во мојата чанта не значат ништо...нееее (мала шала) Пошто јас сум жена а не глушец, полека но сигурно го доведувам во ред. А имам и други нервози ко на пример: - зошто во светов виреат безкичмењаци кои ја имаат привилегијата да дишат ист воздух со мене? - зошто децата прават маратонски чекори за да пораснат и го испуштаат најубавиот период од животот без око да им трепне? - зошто Сека, Шемса, Џастин Бибер и Аца Лукас се уште живи? - зошто кучешката храна е само за кучиња? Многу работи се косат со моите сфаќања и да, ме нервираат. Среќа што игнор опцијата некој ја измислил
скоро секој ден се нервирам,од различни причини,дечко,родители и тн,се си клавам на срце не се карам само кутам и на крај ја го кркам како онаа поговорката што ја имаше напишано една феминка попаметниот попушта........нервно
Браво... пробувам да си се средам и да не им се замарам на глупостите, колку можам се контролирам. Проблемот е што во денешно време е многу тешко да останеш рамнодушен со овој начин на живот, а баш нервозите најмногу го нарушуваат здравјето во секој поглед. Тоа си викам секој пат, ако сега се нервирам за глупости, па што ќе правам утре кога ќе ми дојдат вистинските проблеми? .. ама се надевам дека ќе ми проработи IGNORE BUTTON
Секогаш пристапувам кон работие екстремно мирно. Не дозволувам да ме нервираат ситни работи, едниствена работа е само поради нејзе.. ама и тој ден ќе дојде, знам..
Воопшто не се нервирам, кога гледам дека некој ми оди на нерви, бегам. Нема шанси да кинам нерви. Некој тоа намерно го прави, и кога гледа дека ти е сеедно, на крајот ќе батали. Ако сум изнервирана за нешто што се случило, пцујам едно време, кинам листови, и мув он. Краткотрајна ми е нервозата.
Многу ме нервира кога кажувам нешто што е точно,сите околу мене не е така не така.Ќе се изнервирам и ќе го најдам и ќе му го покажам и ќе викаат!Па да така било тогаш ми доаѓа да ги убиам
у принцип сум нервозен тип, но сепак сум трпелива личност и знам да избројам до 10 за некои работи, посебно кога сум меѓу луѓе никој не е должен да ја трпи мојата нервоза, па така се соземува, освен кога сум кивна на некој, има моменти кога мува неме лази, што сака нека се случува јас сум ладна како камен, инаку најмногу сум нервозна кога сум под некој притисок, хаос, агонија, еве овој период ми е таков заради правосуден испит мислам ќе варничам од нервоза.
Се нервирам само за време на ПМС и кога немам пари. Среќа што и едното и другото се случуваат еднаш во месецот, но ко за беља во исто време
Се нервирам затоа што имам многу работа и неможам да стигнам се да завршам, па се форсирам, па после се нервирам што сум се форсирала и така се во круг. :geek:
Ако имам многу работа, а не можам на време да ја стасам. Ако направам нешто а не испадне како што сум очекувала. Ако каќам дека нешто е точно, а некој упорен вели дека не е. И најглавното! Кога вереникот ќе стане за да оде на работа/факултет и ќе ја остави струјата да свети
Не се нервирам често,ептен некој ако ми нагази на живците знам да го отерам у три лепе.Ама затоа за време на пмс и најмала ситница,и за некоја банална работа ако не е по мое одма р'жам
Се нервирам секојдневно, затоа што едноставно, сум перфекционист, и таква сум, и таква ќе си останам. Ме нервираат некои личности, неможам органски да ги поднесам. И некои ситуации, за школото, буквално за се. Ама гледам, да не го покажам тоа, гледам да бидам смирена, за инат на душманите.
ni samata neznam zosto,no sekojdnevno se nerviram toa mnogu ne se primetuva na mene bidejki se trudam sekogas da sum nasmeana no vnatresno vrijam,i znam deka poradi toa ke imam zdravstveni problemi vo idnina...
Често мн често се нервирам....несакам ама ете Некогаш знам да се изнервирам за мн банални работи што не ич ама ич добро ...